Без струја утре делови од општините Гази Баба, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 17.03.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат:

· од 8:00 до 10:00 часот корисниците од дел од ул. „2“ во с. Булачани (Општина Гази Баба);

· од 8:30 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов“, поточно подулиците со број: „35“, „37“ и „39“ (Општина Аеродром);

· од 9:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. „Франц Розман“ (Општина Карпош);

· од 9:00 до 16:00 часот корисниците од селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино (Општина Чучер Сандево).