Без струја дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Бутел и Чучер Сандево


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Бутел и Чучер Сандево. 

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од с.Горно Лисиче ( подуличката кај црква Св.Петар и Павле) во општина Аеродром. 

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од булевар Јане Сандански кај Окта

Петрол, општина Аеродром. 

Без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат и поголем дел од корисниците на ул.Влае, општина Карпош. 

Во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците во Волково на ул.14, 17, 47, 21, 23, 100, во општина Ѓорче Петров. 

Во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од с.Волково на ул.102 во близина  на училишната зграда, општина Ѓорче Петров. 

Дел од корисниците од ул. Зеничка и дел од ул. Коце Металец, во општина Бутел, без струја ќе бидат во периодот од 11.30 до 14.00 часот. 

Во периодот од 08.20 до 11.20 часот, корисниците од дел од улица Ферид Бајрам и поголем дел

од улица Рокомија, општина Бутел. 

Во периодот од 08.30 до 11.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од с.Голиево, Бразда и Кучевиште, општина Чучер Сандево.