Без струја дел од корисниците во Гази Баба, Петровец и Сопиште


Фото: Б. Грданоски

Корисниците од дел од ул. „Франц Лист“ во општина Гази Баба денеска од 8 до 14 часот ќе немаат електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, од 8 до 14 часот струја ќе немаат ни  корисниците од дел од Ќојлија индустриска зона – Киппер, Кобра панел и Подравка во општина Петровец. 

Од 9 до 14 часот без струја ќе останат и корисниците од дел од Црвена ПРС и место викано Осојница во општина Сопиште.