Бесплатно земал храна за миленици, па го натепал ветеринарот
Еден ветеринар пријавил дека бил физики нападнат од потрошувач, кој од неговата ветеринарна болница бесплатно земал храна за миленици. Дополнително тој оштетил и возило.
Имено, во средата, во 21 часот во СВР Скопје, М.С.(53) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот, додека бил на работното место во сопствената ветеринарна болница, бил физички нападнат од В.П., кој претходно земал храна за миленици без да ја плати.
Според пријавеното, напаѓачот со тврд предмет оштетил и патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.