Беса вели дека ДУИ треба да се срами за реакциите по инцидентот со Вјоса Османи


 

Партијата Беса, член на владејачката коалиција, денеска вината за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседатлка Вјоса Османи индиректно ја префли на обезбедувањето на ТАВ и ги обвини ДУИ дека не им е грижа за Охридскиот договор ниту за албанските национални интереси.

„Штом лицето А.Г., симболот за политичка корупција и казино криминалиите, се јави да ја ‘брани’ Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се е јасно! Нема да нѐ зачуди ако во истрагата се докаже дека негови послушници свесно и со умисла го испровоцирале скандалот со скенерот на аеродромот“.

Според партија, коалицијата „Вреди“ е сигурен партнер на САД, ЕУ, Косово и Албанија. „Маката на ДУИ е што никој не им ја прифаќа лажната теза дека некој им го украл легитимитетот. Дрско ги потценуваат Албанците мислејќи дека се наивни и дека ќе им дозволат да ги направат заложници за нивните корумпирани поранешни функционери да се спасат од правосудни постапки.

Додека ‘јагнињата да стивнат’ имаме една порака – срамот што ќе ве стигне ќе биде толку голем што и тоа добро што некогаш Али Ахмети го направил за Албанците, ќе си го помножите самите со нула. Нема бегање од вистината“.

Беса потоа изнесува „факти“ околу инцидентот со скенерот, но не кажува што барало обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши во ВИП салонот на аеродромот. 

„Прво, МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, туку тоа е под надлежност на концесионерот, во случајот тоа е ТАВ.

Второ, согласно Виенската конвенција, државните челници имаат специјален третман при патување, но деталите за безбедностите протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот.

Трето, слично недоразбирање имало и кога Талат Џафери бил технички премиер, зошто ДУИ не зборуват за тоа. И го повикуваме ДУИ дали кога тие биле на патувања ги заобиколувале скенерите“.