БЕСА го обвини Ахмети дека игра на националистичка карта


Билал Касами (Фото: Б. Грданоски)

Движењето БЕСА го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека игра на националистичка карта. 

-На јавноста веќе и се познати репризите на Али Ахмети и ДУИ. Во услови на криза во ДУИ, Ахмети и неговата партија се враќаат на националистичката реторика за да добијат гласови. Оваа реторика на Ахмети праќа вода во воденицата на Левица, да ги охрабри Албанците во име на лажниот патриотизам на ДУИ да гласаат за предметната тема. Стимулативните политики на ДУИ не ѝсоздаваат пат на земјата за интеграција во евроатлантските структури, напротив уште повеќе го отежнуваат животот на граѓаните. Сè уште се свежи настаните кога учениците Албанци беа тепани по автобуси во Скопје. Затоа нашата држава, заедно со сите етникуми што живеат во РСМ, треба да се интегрира во ЕУ, како обединета со обединети народи.

Во моменти кога тој и неговата партија не успеваат во сите правци, тој се обидува со слепа политика да ја испрати земјата во бездната на меѓуетнички конфликт. ДУИ треба да ги напушти стимулативните политики, но и да даде отчет за 20-те години неуспеси – како не успеаја да реализираат капитални проекти во албанските населби. Земјата е зафатена од криминал и корупција, а неуспесите на владата се последователни. На Северна Македонија не и требаат меѓуетнички конфликти“, порачуваат од БЕСА.