Беретини го совлада Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Доха


Доха – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше запрен на стартот од турнирот во Доха, откако вечерва во првото коло беше поразен од Италијанецот Матео Беретини со резултат 7:6 (7:4), 6:2.

Беретини одигра одличен натпревар и првпат во кариерата го совлада Ѓоковиќ, откако ги загуби претходните четири дуели.

Следен ривал ќе му биде Холанѓанецот Талон Грикспур, кој го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф по два тајбрејка 7:6 (7:5), 7:6 (9:7).