Белорусија: Ако читаш Радио Слободна Европа ќе одиш во затвор


Белоруското министерство за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека го додало американскиот радиодифузер Радио Слободна Европа/Радио Либерти на својата листа на екстремистички организации.

Овој потег, кој доаѓа во време на зголемени тензии меѓу владата во Минск и Западот, значи дека Белорусите кои се претплатиле на РСЕ на интернет може да се соочат со затворска казна до шест години.

На 16 јули, полицијата изврши 19 претреси, а портпаролот на истрагата за новинската агенција БелТА изјави дека има сигнали за „ситно движење на значителни финансиски средства, главно од странство, даночно затајување и финансирање разни видови протести“.

Џејми Флај, претседател на РСЕ/РЛ, ја нарече акцијата „тактика на вознемирување што нема да го задуши нашето новинарство“.