Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија
удбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем е прогласен за најдобар играч во Ла Лига според Здружението на фудбалери на Шпанија (АФЕ).
Во претходното издание на шпанското фудбалско првенство, англискиот фудбалер одигра 28 натпревари на кои постигна 19 голови и шест асистенции.
За Белингем сезоната 2023/24 беше дебитантска во Ла Лига.
Со Реал, Белингем го освои Шпанското првенство, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија, УЕФА Суперкупот.
Пред да направи трансфер во Реал, Белингем играше за Борусија Дортмунд и Бирмингем сити.