Бектеши до крајот на ноември ќе чека одговор на барањето за таксата на рускиот гас


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас. 

„До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со ‘Булгаргастранс’“, истакна Бектеши вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.