Барселона нема да може да го повлече бројот на Меси


Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона нема да може да го повлече од оптек број 10 кој досега го носеше Лионел Меси, објави „Сан“.

Се претпоставуваше дека каталонскиот клуб ќе го исклучи овој број од употреба во знак на почит кон напаѓачот Лионел Меси. Сепак, клубот нема да може да го стори тоа поради правилата во Ла лига, кои ги обврзуваат тимовите да доделат бројки од 1 до 25 на нивниот список од 25 играчи.

На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми.