Барселона должи 1,45 милијарди евра
Барселона со години се обидува да излезе од длабокиот финансиски хаос.
Како што пишува Крис Ведерспун за „The Athletic“, клубот балансира помеѓу огромни долгови и се обидува да го обнови економскиот модел.
Еден од членовите на клубот призна дека не го разбрал извештајот на благајникот Феран Олив, а самиот Ведерспун оценува дека финансиската состојба на Барса наликува на борба против Хидра – „секоја отсечена глава раѓа две нови“.
Корените на проблемот, според него, датираат од 2017 година и трансферот на Нејмар.
„Наместо да ги користат за долгорочни инвестиции, тие веднаш ги потрошија парите од Нејмар. И уште повеќе“, рече Ведерспун, наведувајќи ги трансферите на Дембеле, Кутињо и Гризман, како и договорот на Маси од 500 милиони евра, како клучни причини за финансискиот колапс.
Пандемијата дополнително ја влоши ситуацијата и клубот мораше да ги одложи исплатите на играчите од 389 милиони евра.
Со доаѓањето на Лапорт, долгот се искачи на 595 милиони, со рекордна загуба од 555 милиони во сезоната 2020/21 – „најлошиот финансиски резултат што некогаш го забележал фудбалски клуб“.
Лапорта се обиде да ја стабилизира таканаречената ситуација со „задолжување“, продавајќи дел од ТВ правата (25%) за 667,5 милиони евра и 49% од Барса Студиос за 200 милиони.
„Дури и ако ТВ правата на Ла Лига останат исти до 2047 година, кога истекува договорот, парите од кои Барселона се откажа надминуваат една милијарда евра“, предупреди Ведерспун.
Иако овие операции донесоа книговодствена добивка, клубот е сè уште во минус, со вкупен долг од 1,45 милијарди евра и годишна камата од 30 милиони.
„Ако ги додадеме 907,7 милиони евра долг за Еспаи Барс… доаѓаме до вкупен долг од 1,45 милијарди евра“, рече Ведерспун, истакнувајќи дека долгот ќе се зголеми за време на изградбата. Доцнењата и преселбата во Монжуик го зголемија товарот врз клубот, додека враќањето на Камп Ноу станува клучно за закрепнување.
Клубот смета дека завршувањето на Еспаи Барса ќе донесе дополнителни 250 милиони евра годишно приходи, но Ведерспун заклучува:
„Прерано е да се каже дека Барселона се извлече од бунарот во кој падна пред само неколку години.“