Барселона доаѓа во Белград, Борусија во Загреб. Еве ги најинтересните дуели во Лигата на шампионите


Во Монте Карло се одржа ждрепката за Лигата на шампионите која годинава ќе се одржи во таканаршениот Швајцарски формат, односно нема како досега да има одделни групи, туку тимовите ќе треба да одиграат по осум натпревари,  од кои четири на домапшен терен, а четири во гости.

Од клубовите во регионот кои играат годинава во Лигата на шампиони, Динамо Загреб и Црвена Звезда Белград, најмногу привлекуваат нивните дуели со Борусија Дортмунд и Милан во Загреб (за Динамо), како и дуелот на Ц. Звезда со великанот Барселона во Белград.

Еве ги противните на двата тима: 

Противници на Динамо: Баерн (гости), Борусија Дортмунд (дома), Арсенал (гости), Милан (дома), Селтик (дома), Салцбург (гости), Монако (дома), Слован Братислава (гости)

Шампионот на Србија ги пречекува Барселона, Бенфика, ПСВ и Штутгарт, а ќе гостува кај Интер, Милан, Јанг Бојс и Монако.

Од ангилските тимови, кои традиционално се меѓу најатрактивните, Арсенал ќе се соочи со: Интер, ПСЖ, Аталанта, Шахтјор, Динамо, Спортинг, Монако и Жирона.

Манчестер Сити ќе се соочи со: Интер, Јувентус, ПСЖ, Клуб Бриж, Феенорд, Спортинг, Спарта Прага и Слован Братислава.

Ливерпул ќе се соочи со: Реал Мадрид, Лајпциг, Баер Леверкузен, Милан, Лил, ПСВ Ајндховен, Болоња и Жирона.

Астон Вила ќе се соочи со: Баерн Минхен, Лајпциг, Јувентус, Клуб Бриж, Селтик, Јанг Бојс, Болоња и Монако.

Целосниот календар со точното време на натпреварите ќе биде објавен во сабота. За потсетување, во новиот формат на Лигата на шампионите четири натпревари ќе се играат дома и четири на гости, но сите со различен противник.

Лигата на шампионите е зголемена на 36 клубови, а за разлика од порано, сите се натпреваруваат во иста лига.

Првите осум клуба одат директно во осминафиналето, а клубовите од 9. до 24. место играат за преостанатите осум места во нокаут фазата. Клубовите од 24. до 36. место испаѓаат од Европа, односно не го продолжуваат натпреварувањето во Лига Европа, како и поразените во баражот за влез во осминафиналето.

Првото коло во Лигата на шампионите ќе се игра од вторник до четврток, а останатите седум, како и досега, во вторник и среда. Првото коло се игра од 17 до 19 септември, а последното е закажано за 29 јануари. Нокаут фазата започнува на 11 февруари, а финалето ќе се игра на 31 мај на „Алијанц Арена“.