Банкнота со печатна грешка од 20 долари се продава за преку 57.000 долари


Поради грешка во печатењето, во моментов се продава ретка банкнота од 20 долари со налепница на еквадорскиот производител на банани „Дел Монтеа“.

Се продава преку аукциската куќа „Херитиџ Аукшнс“, а последната добиена понуда надминува 57.000 долари. „Досега банкнотата е прегледана повеќе од 4.300 пати на веб-страницата на Аукцијата Херитиџ“, изјави за Си-Ен-Ен Дастин Џонтсон, потпретседател и извршен директор на одделот за валути на аукциската куќа од Далас. Аукцијата завршува на 22 јануари.

Банкнотата потекнува од серијата отпечатена во 1996 година, а единствена е поради налепницата што веројатно беше залепена на неа помеѓу неколку фази на печатење.

Од аукциската куќа објаснуваат дека е посебна бидејќи на лепенката се отпечатени серискиот број на банкнотата и зелениот безбедносен печат, што ја прави оваа банкнота единствен пример за таква грешка во светот, пренесува Индекс.

Записите од американски долар се печатат во три фази: прво задната страна на банкнотата, потоа лицето, и на крај серискиот број и безбедносниот печат „Трезорски печат“.

Очигледно е дека налепницата на производителот на банани „Дел Монте“ случајно паднала на хартијата и и се залепила пред банкнотите да влезат во последната фаза на производство. „Херитиџ“ вели дека во овој случај, интригирачки е како оваа банкнота успеа да ги помине сите многу строги контроли пред да биде пуштена во оптек.

Повеќето банкноти кои содржат типографски грешки меѓу колекционерите обично се продаваат за помеѓу 100 и 1.000 долари, изјаи Леонард Аугсбургер, координатор на нумизматичкиот портал на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис.

Тој додава дека банкнотата со налепницата „Дел Монте“ е нешто посебно, поради што привлече толку голем интерес од колекционерите.