Бакнежот од јаката на капутот на Меланија крие моќна политичка порака
Меланија Трамп го привлече вниманието на погребот на Џими Картер благодарение на интересниот детал на капутот кој го носеше.
Таа пристигна во Националната катедрала во Вашингтон со нејзиниот сопруг Доналд Трамп облечена во капут на модниот бренд Валентино. Тој е дел од колекцијата 2019 година, а на јаката има насликано скулптури како се бакнуваат.
Изборот на Меланија ја подели јавноста, за некои беше елегантна, а за некои личеше на калуѓерка.
Многу корисници на социјалните мрежи шпекулираа дека ова е упатување на бакнежот на Картер со генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Леонид Брежњев.
Референцата за бакнежот се однесува на сцена од 1979 година за време на потпишувањето на договорот меѓу Советскиот Сојуз и САД за ограничување на опсегот на нуклеарно оружје.
Договорот важеше за еден од најконтроверзните, а со оглед на тоа што беше потпишан во екот на Студената војна, беше проследен со големо внимание во јавноста.
По потпишувањето на договорот, американската и советската делегација направија заедничка фотографија, а камерите го забележаа моментот кога Брежњев го бакнува Картер во образ.