Бaјден: Повеќе од 600 лица се водат за исчезнати, по хаосот што го донесе ураганот Хелена


Бројот на загинати од ураганот Хелена достигна до 100 лица откако стихијата викендов покоси повеќе американски сојузни држави, вклучувајќи ги Флорида, Џорџија, Тенеси, Северна и Јужна Каролина. Претседателот на САД Џо Бајден одобрил барања на гувернерите на тие држави за прогласување на вонредна состојба. 

Повеќе од половина од жртвите се пријавени во двете Каролини, каде што до 11 часот наутро по локално време потврдени се 42 смртни случаи, јавуваат дел од американските медиуми.
Претседателот Џо Бајден денеска изјави дека повеќе од 600 лица се водат како исчезнати.

-Ако даде Господ тие треба да се живи, но нема начин да ги контактираме, рече Бајден, посочувајќи на недостигот од врски во мобилната мрежа во погодените подрачја. Меѓу загинатите е и заменик шерифот на округот Мејкон откако бил однесен од бурата.
Тој воти дека федералните и локалните власти ќе работат додека не се расчистат урнатините и обноват сите уништени објекти и бизниси. над 2.600 работници на ФЕМА и Инжењерскиот корпус на американскат армија работат на теренот. Бајден одобрил барања за прогласување вонредна состојба од гувернерите на Флорида, двете Каролини, Џорџија, Тенеси, Вирџинија и Алабама.
Во Северна Каролина, видео снимено од членот на Градскиот совет на Шарлот, Тарик Бохари, покажува „пост-апокалиптична“ сцена на градот Лејк Лур, откако поплавите го разорија тој регион.
Гувернерот на државата, Рој Купер, предвидува дека бројот на жртвите ќе се зголеми додека спасувачите и другите работници за вонредни ситуации стигаат до изолирани подрачја поради уништенита патишта, оштетената инфраструктура и огромните поплави.