Азар уште пред да дојде му создава главоболки на Реал, го сака својот омилен број, бројот 10
Еден од најдобрите напаѓачи во светот Еден Азар се уште не стигнал во Мадрид, а веќе и создава главоболка на управата на Реал поради неговиот омилен број 10 на дресот.
Станува збор за истиот тој број кој го носи хрватскиот репрезентативец и надобриот играч на светот за 2018 година, Лука Модриќ.
Белгиската ѕвезда како иден лидер на нападот на „кралевите“ го сака својот омилен број, бројот 10, кој исто така го носел и на дресот на Челзи, но и на белгиската репрезентација.
Како што пишува „Марка“, излезот од ваквата ситуација може да се изнајде доколку Зидан го замоли Модриќ да му го отстапи неговиот број на новиот колега.