Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека автобус на ЈСП при тргнување удрил во 55-годишната А.Н од с.Драчевица, скопско. Несреќата се случила на линијата „7“ во село Батинци.

По ударот со тешки телесни повреди се здобила 55-годишната жена каде била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани повредите.