Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка“ – возачот и патник пренесени во болница


Несекојдневна сообрајќајна незгода се случи попладнево во Скопје, која двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се качи на средишната жардиниера на булеварот „Гоца Делчев3, при што две лица се пренесени во болница.

– Денеска во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на булевар „Гоце Делчев“ автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот, излегол од коловозот, во близина на клучката со улица „Филип Втори Македонски“. Еден патник од автобусот и возачот се пренесени во болница за укажување на помош, информираа од МВР.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид.