Австриското село Факинг по илјада години ќе добие ново име
Градоначалничката на малото австриско село Факинг, Андреа Холцнер најави дека од 1 јануари 2021 година ова место ќе има друго име – Фугинг, пишува ДОјче веле.
Со оваа одлука се сложиле 100 луѓе колку што живеат во оваа мала заедница. Сакаат што побрзо да се оттарасат од името поради кое неретко ги исмеваат, но и поради тоа што неколкупати досега им ја украле таблата со името на селото.
Факинг нема значење во германскиот јазик, а локалното население е исфрустрирано оф фактот дека туристи доаѓаат само за да се фотографираат со знакот што го носи неговото име. Освен тоа, локалните жители за оваа промена се борат веќе неколку години.
Се уште не е соопштено дали соседните села Оберфакинг и Унтерфакинг ќе добијат нови називи.
Австриското село називот Факинг го носи повеќе од илјада години, но јавноста почна да го забележува со појавата на интернетот.