Австрија: Се повеќе муслимани го напуштаат исламот

Во Австрија во моментот има повеќе луѓе кои се откажуваат од ислам отколку што преминуваат во таа религија, покажуваат новите податоци од Исламската верска заедница во Австрија.

До август се регистрирани 197 откажувања, а во исто време, само 49 преминале во ислам.

Најголемата група од оние кои ја напуштиле исламската вера, се со потекло од Авганистан и Иран.

Преминот во друга религија се третира во Авганистан и Иран како предавство на својата религија и тоа значи и закана за животот,но премин во друга вера има голема улога во процесот на донесување одлуки за добивање азил во Австрија.

Инаку, повлекувањето од исламската вера е само формален чин во Австрија.

Што се однесува до лицата кои преминуваат во ислам, тоа се првенствено Австријанки кои се мажат за муслимани.

Во Австрија моментно има околу 700.000 муслимани, а тој број е двојно зголемен од 2000 година.