Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек


 Патнички авион „Беринг ер“ со 10 лица исчезна на пат од Јуналаклита до Ном, на Алјаска, а потрагата е во тек, објави Одделот за јавна безбедност на американската сојузна држава.
 
Малиот авион Cessna Caravan превезувал девет патници и еден пилот, се вели во соопштението.

Алјаска се соочува со поголем број авионски несреќи од другите американски сојузни држави, се вели во извештајот на Националниот институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH).