Писмо во „Гардијан“: Интелектуалци од Европа и од САД бараат да се спроведе Договорот од Преспа
Во отворено писмо до јавноста, објавено во британскиот весник „Гардијан“, повеќе од 40 интелектуалци од Европа и САД бараат историскиот договор меѓу Македонија и Грција со кој се решаваат разликите околу името, да биде спроведен. Во писмото потпишано од универзитетски професори од Лондон, калифорниски Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, членови на Европскиот парламент, истакнати филозофи …