Секој може да има дијабетес, а да не знае


Подмолна болест, не покажува знаци, а кога симптомите ќе станат видливи, значи дека веќе е во поодмината фаза – затоа дијабетесот, наречен уште и „тивок убиец“, е најчеста хронична болест во светот, глобална епидемија. Може да заболи секој, во која било возрасна доба. Болеста често останува непрепознаена до моментот кога ќе се појават првите компликации. …

Секој може да има дијабетес, а да не знае Read More »

Аларм од здруженијата: Пациенти со ретки болести остануваат без лекови


Тендерот за набавка на лекови за ретки болести многу се одолговлечи поради што повеќе пати се случи пациенти со разни болести да останат без терапија и тоа го загрозува животот на пациентите, алармираат од граѓанските здруженија. Наспроти нив, министерот за здравство Венко Филипче уверува дека тендерот е завршен и дека лекови има. Од Здружението за …

Аларм од здруженијата: Пациенти со ретки болести остануваат без лекови Read More »

Дерковски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот


Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во изјава за МИА вели дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Деркоски, кој на чело на комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат …

Дерковски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот Read More »

Штитеничка на СОС Детско село заминала од домот


Петнаесетгодишна штитеничка од СОС Детското село вчера заминала до домот во непознат правец и не се вратила. Полицијата соопшти дека нејзиното заминување во 20 минути по полноќ го пријавила Д.К.(55) од СОС Детско Село во Полициската станица Гази Баба. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.

ВМРО-ДПМНЕ: Се е исто, само го нема Груевски и жолтите комбиња


Со вчерашната изјава на министерот Спасовски дека „зад пропагандата против ЕУ и НАТО стои мала криминална структура” уште еднаш јавно потврди дека оваа влада по ништо не се разликува од владата на Никола Груевски, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. „Се е исто, само го нема Груевски и жолтите комбиња. Но, затоа тука се персони како Спасовси кои …

ВМРО-ДПМНЕ: Се е исто, само го нема Груевски и жолтите комбиња Read More »

Еуростат: Македонија има 2.075.300 жители


Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители наспроти 2.073.700 во истиот период лани, посочуваат резултатите од истражувањето за популацијата што го објави Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат. Македонија нема спроведено попис на населението од 2001 година. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски неодамна  најави дека новиот попис на населението ќе се спроведе во …

Еуростат: Македонија има 2.075.300 жители Read More »

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година


Во разговор за европскиот весник „Политико Европа“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека е “уверен“ дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат следната година. Во интервјуто Хан објаснува и дека со двете земји е почната подготвителната работа, што претходи на отворањето на преговорите со ЕУ. – Ова е многу комплетна работа и се …

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година Read More »

Хороскоп: Одмор за лавот, среќа за скорпијата


ОВЕН: Со големо разбирање се придржувате до своите сопствени вредности и имате разбирање за животот и неговото значење. Точно знаете што сакате и пронаоѓате луѓе кои имаат исти интереси и кои ве разбираат. Нови партнерства. БИК: Предизвици, храбри проекти и убедлива акција – започнување на важен проект за ваша лична сатисфакција. Потребна ви е сила …

Хороскоп: Одмор за лавот, среќа за скорпијата Read More »

Попладне пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 15 до 21, а максималната дневна  од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде шест. Во Скопје ќе биде …

Попладне пороен дожд Read More »

Бектеши ќе ја премислува косовската влада за царините


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава. Бектеши пред два дена преку писмено соопштение изјави дека очекува средбата да резултира со решение од заемен интерес …

Бектеши ќе ја премислува косовската влада за царините Read More »

Одложени свечените изјави на новите членови на Државната изборна комисија


Давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) пред претседателот на Собранието што беше закажано за денеска е одложено. Во соопштението од собраниската прес-служба не е наведена причината за одлагањето. Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата …

Одложени свечените изјави на новите членови на Државната изборна комисија Read More »

Се реновира Хематологија, амбулантите се преместени


Се преместуваат амбулантите и шалтерот на Универзитетската Клиника за хематологија бидејќи Клиниката се реновира. „Од 1 август натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот “Машки оддел“. Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети“, соопштија од Хематологија.

Србите и денес би гласале за Тито


Во конкуренција на Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Србија својот глас би го дале за Јосип Броз Тито, покажува анкетата направена за потребите на белградски „Недељник“. Весникот наведува дека по стогодишното искуство живеење во Југославија, а за да се провери односот на денешната јавност кон државниците …

Србите и денес би гласале за Тито Read More »

Почина жена во пожар во Куманово


Седумдесет и едногодишна жена загина во пожар што синоќа избувнал во нејзината куќа во кумановското село Доброшане. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 20.40 часот било пријавено дека во село Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела. Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала. …

Почина жена во пожар во Куманово Read More »

Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника


Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, потврди директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова. – Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи  не е тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното …

Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника Read More »

Детето на КАРИЛ се разбуди од кома, заменик министерот ги обвини родителите


Се подобрува состојбата на 14-годишното девојче од Охрид кое беше во кома на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Тоа е едно од трите деца за кои од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ побараа да се испита како биле лекувани, бидејќи компликациите настанале од дијабетес тип 1 кој не бил откриен навреме. …

Детето на КАРИЛ се разбуди од кома, заменик министерот ги обвини родителите Read More »

Отворени жиро сметки и телефонски број за донации за Грција


Црвениот крст на Македонија отвори жиро сметки и телефонски број за сите кои сакаат да донираат за помош на граѓаните на Грција кои настрадаа од големите пожари. „Континуирано ја следиме состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствуваме“, соопштија од Црвениот крст. За донација …

Отворени жиро сметки и телефонски број за донации за Грција Read More »

Променливо облачно и нестабилно време


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а  …

Променливо облачно и нестабилно време Read More »

Сообраќајка утрово: Повредени 9 лица на патот Штип-Радовиш


Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа  во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш. Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3.40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка. – Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се …

Сообраќајка утрово: Повредени 9 лица на патот Штип-Радовиш Read More »

Баланс МК: 14-годишно дете е во кома на КАРИЛ оти не му откриле дијабет!


Три деца поради докторска некомпетентност и незнаење во последнава недела биле доведени во состојба што им го загрозила животот, соопштија од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Станува збор за 4-годишно дете од Свети Николе, 9-годишно дете од Гевгелија и 14 -годишно дете од Охрид. Последното е во најтешка состојба, во кома на …

Баланс МК: 14-годишно дете е во кома на КАРИЛ оти не му откриле дијабет! Read More »