Егоизам на пазарот на вакцини: За Американците по шест вакцини, за други ниту една


Според податоците што ги има УНИЦЕФ, Македонија има формализиран договор за вакцината „Фајзер“, за „Спутник“ и за тие што ќе дојдат од Ковакс, но никаде не се споменуваат договорени вакцини од Кина   Слободанка Јовановска На пазарот со вакцини владее егоизам и анархија. Дури 35 земји склучиле договори со производителите за купување повеќе вакцини од …

Егоизам на пазарот на вакцини: За Американците по шест вакцини, за други ниту една Read More »

Гром усмрти салвадорска сурферка 


Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA). Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата. Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на …

Гром усмрти салвадорска сурферка  Read More »

Измислува ли Бугарија руски шпиони?


 Руската амбасада во Софија одговори со изјава дека протерувањето е неосновано и дека Москва го задржува правото да одговори. „За жал, принудени сме да забележиме дека овој неправеден демарш од бугарските власти нема да придонесе за градење на конструктивен руско-бугарски дијалог“, се вели во соопштението. Руската амбасада во Софија коментира: „Во услови на комплицирање на …

Измислува ли Бугарија руски шпиони? Read More »

Шекеринска бара од Собранието да ги изгласа измените на Законот за служба во Армијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека Собранието ќе даде зелено светло за да се отвори можноста за војниците со наполнети 45 години да заминат со испратнина до 25000 евра. – Измените на Законот за служба во Армијата во прво читање едногласно поминаа на собраниската Комисија за одбрана и на Законодавно правната комисија. …

Шекеринска бара од Собранието да ги изгласа измените на Законот за служба во Армијата Read More »

За едно деноноќие попишани 23 илјади лица од дијаспората


Вицепремиер Артан Груби на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората. „Дијаспората e одлична. 23.000 граѓани повеќе во последните 24 часа, вкупно 122.500 попишани граѓани. Заедно повеќе“, напиша Груби.

И Камчев бил болен, во затвор не му давале вода


Одбраната на Јордан Камчев тврди дека просторијата во која е во притвор е под сите минимални стандарди, нема дневна светлина и дека тој не добива вода за пиење секој ден.Ова за Плусинфо го вели одбраната на Камчев и додава дека врз него се врши тортура. „Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура …

И Камчев бил болен, во затвор не му давале вода Read More »

Џафери: Опозицијата поставува ултимативни барања


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати. Џафери на прес-конференцијата, што ја свика по прекинување на средбата со координаторите на пратеничките групи, рече дека двајца пратеници од мнозинството од …

Џафери: Опозицијата поставува ултимативни барања Read More »

Јапонија донира 554.000 евра на македонските здравствени институции


Во февруари и март 2021 година, амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на Програма за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Северна Македонија.Десетте проекти имаат за цел да ја поддржат Северна Македонија во справување со кризата КОВИД-19, а секоја институција ќе добие …

Јапонија донира 554.000 евра на македонските здравствени институции Read More »

Пад на популарноста на Макрон


 Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за четири поени и сега само 37 отсто од Французитес е задоволни од неговата работа, јави дописникот на МИА. Само 37 отсто од Французите имаат поволни мислења за работата на нивниот претседател, наспроти 60 отсто кои се со неповолните мислења (+ четири отсто), може да се види во …

Пад на популарноста на Макрон Read More »

„Титаник“ одложен поради изолација на член на Судечкиот совет


Денешното рочиште за предметот „Титаник“ се одложува поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Според соопштението, одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април. Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ …

„Титаник“ одложен поради изолација на член на Судечкиот совет Read More »

Летови за Грција има, влегување не до 5 април


 Летовите од Северна Македонија и Албанија, од денеска се дозволени на сите грчки аеродроми, а не само на атинскиот како што беше случајот досега, додека пак прекината е забраната за летови од Турција кон Грција, согласно новите упатства (NOTAM) на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.Сепак, ова не значи дека македонските државјани можат авионски да …

Летови за Грција има, влегување не до 5 април Read More »

ЕУ ги одбива повиците на Велика Британија да и испорача вакцини од фабрика во Холандија


Европската унија ги отфрла повиците на британската Влада за испорака на вакцините „АстраЗенека“ против Ковид-19 произведени во фабрика во Холандија, изјави претставник на ЕУ. -Британците инсистираат дека фабриката „Халикс“ во Холандија мора да ги снабди со таму произведената лековита супстанца. Тоа не функционира, изјави синоќа официјален ЕУ претставник за британските медиуми. Фабриката „Халикс“ во Лајден …

ЕУ ги одбива повиците на Велика Британија да и испорача вакцини од фабрика во Холандија Read More »

Груби по Приштина замина во Тирана


 Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци. Како што соопшти неговиот Кабинет, тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата …

Груби по Приштина замина во Тирана Read More »

По изборот за претседател Заев вети „пролетна офанзива“ на СДСМ


Како и што се очекуваше, Зоран Заев е избран по трет пат за претседател на првите внатрепартиски избори во СДСМ. Според партиската изборна комисија за Заев, кој беше единствен кандидат, гласале 60.840, 888 биле против, а имало и 249 неважечки ливчиња. На изборите излегле 90 отсто од 68.999 членови на партијата. Кусо по објавувањето на …

По изборот за претседател Заев вети „пролетна офанзива“ на СДСМ Read More »

Полицискиот час ќе продолжи и од утре, за построги мерки дополнително ќе се решава


  Полицискиот час ќе биде продолжен. Ќе трае од 22 до 5 часот, како и досега, а дополнително ќе се разговара во текот на неделата дали ќе биде потребно да се заострат мерките, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител. Ако треба опција за заострување на мерките е скратување на работното време на угостителските …

Полицискиот час ќе продолжи и од утре, за построги мерки дополнително ќе се решава Read More »

Заев за изборите во СДСМ: Пишуваме историја


Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори. Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија, порача Зоран Заев за изборите во СДСМ. „Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска …

Заев за изборите во СДСМ: Пишуваме историја Read More »

Груби: Досега попишани 99.500 граѓани од дијаспората


 Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук-профил објави дека досега се самопопишале 99.500 лица од дијаспората, од кои само во изминатите 24 часа над 11.500 лица. – Нашата дијаспора навистина е најдобра на свет. Попишувајте се на  https://census.stat.gov.mk/ , напиша Груби.   

На еден од руските шпиони Каракачанов лани му дал награда


 Електронското издание на бугарскиот весник „24 часа“ пренесува дека полковник Петар Петров од Министерството за одбрана е еден од 6-те уапсени за шпионскиот скандал. Денеска Воениот суд на Бугарија ќе одлучи со какви мерки на притвор ќе бидат пет од нив. Меѓу нив е и полковникот Петров. Тој е заменик-шеф на Дирекцијата за планирање, програмирање …

На еден од руските шпиони Каракачанов лани му дал награда Read More »

ВМРО-ДПМНЕ пред изборите се сети на затворените, најавува „македонска пролет“


ВМРО-ДПМНЕ организираше сденес протест пред Казнено-поправниот дом во Штип под мотото „Собир за слободатa“,  а во одбрана на „уставобранителите“ кои одлежуваат казна затвор за тепањето во Парламентот на 27 април. „Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да  им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското …

ВМРО-ДПМНЕ пред изборите се сети на затворените, најавува „македонска пролет“ Read More »

Србин тврди дека е посредник за вакцината „Спутник“ за Македонија


Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. Покрај нашата земја, тој е посредник и за БИХ, Алжир и Бугарија. Лакушиќ изјави дека поседува договор за застапување на овие четири земји потпишан со инвестицски фонд од Русија. БИХ веќе има нарачано пола милион …

Србин тврди дека е посредник за вакцината „Спутник“ за Македонија Read More »