Макрон: Сведоци сме на “светска војна” заради вакцините


Европа се соочува со „нов вид светска војна“ околу вакцините, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот „Ле Фигаро“ на прес-конференцијата по првиот ден од виртуелниот самит на ЕУ. Според него, тоа се должи, меѓудругото, на „желбата на Русија и Кина да го прошират своето влијание низ целиот свет преку вакцините“. Францускиот лидер изрази став …

Макрон: Сведоци сме на “светска војна” заради вакцините Read More »

Мицкоски побара, Заев се согласи на средба


  Откако вечерва преку телевизиски разговор Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев на средба меѓу нив двајцата, премиерот брзо одговори преку Фејсбук дека го прифаќа состанокот.   „Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на …

Мицкоски побара, Заев се согласи на средба Read More »

Против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор


Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека високи функционери се вакцинирале против Ковид-19. -Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор.Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со ковид, болници, клиники, здравствени …

Против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор Read More »

Заев за пописот: Дваесет години не е соодветно време, кога ќе биде?


Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот …

Заев за пописот: Дваесет години не е соодветно време, кога ќе биде? Read More »

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот


Најмалку 138 земји низ целиот свет започнаа кампањи за вакцинација против Ковид-19. Чиле моментно има најголем успех со вакцинирањето по глава на жител меѓу земјите со над еден милион луѓе. Оваа јужноамериканска држава во последните седум дена давала просечно по 1.299 дози дневно на 100.000 луѓе, покажуваат резултатите од вакцинацијата врз основа на податоците собрани …

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот Read More »

Димитров жали што не помина амандманот за бугарската реторика


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава. Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на …

Димитров жали што не помина амандманот за бугарската реторика Read More »

Заев предлага средба за Законот за државјанство


Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши, но, како што посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички …

Заев предлага средба за Законот за државјанство Read More »

Симовски: Ние во студиово полесно можеме да се заразиме отколку граѓаните на пописот


  Дали има правна основа за казни околу неучевство на пописот треба да одговорат правници, но јас сум и за повеќе од кривична одговоност затоа што одбивањето попис е класично несакање на државата, неучевството во пописот ќе донесе само штетни последици, особено ако тоа е заради остварување на политички цели. Апелирам сите да се попишат …

Симовски: Ние во студиово полесно можеме да се заразиме отколку граѓаните на пописот Read More »

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот Парламент


Со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук. Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги …

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот Парламент Read More »

Нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи со Ковид-19. Според градови: Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, …

Нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти Read More »

Заев до Апасиев: Сакаш да живееш во демократија, а да се однесуваш како во комунизам


„Ако живеете во демократија не можете да се однесувате како во комунизам. Во демократијата право на работа има и јавниот и приватниот сектор. Во приватните болници во РСМ нема ништо повеќе што го нема во јавното здравство. Немаат инфективни одделенија, немаат инфектолози, а сакале да одат граѓаните во приватните болници. Никогаш не сме се довеле до …

Заев до Апасиев: Сакаш да живееш во демократија, а да се однесуваш како во комунизам Read More »

Расправа во ЕП: Тања Фајон го нарече неодговорно ветото на Бугарија за Македонија


Освен бугарските пратениците од центарот и крајно десните партии кои земаа збор, останатите европратеници побараа што побрзо да отпочнат преговорите со Северна Македонија   Во Европскиот парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив. Една од …

Расправа во ЕП: Тања Фајон го нарече неодговорно ветото на Бугарија за Македонија Read More »

Бугарскиот Парламент мандатот го заврши со 70 отсто неодобрување од граѓаните


Последниов, 44-ти состав на бугарскиот Парламент, што денеска ја заврши својата работа, има одобрување од само 18 проценти од граѓаните на Бугарија, наспроти 70 отсто незадоволни од тоа што пратениците покажаа и постигнаа во изминатите четири години, покажуваат резултатите од истражувањето на „Exacta Research Group“, спроведено меѓу 15 и 22 февруари на репрезентативен примерок од …

Бугарскиот Парламент мандатот го заврши со 70 отсто неодобрување од граѓаните Read More »

Вељановски жали за 27 април


Деловникот на Собранието секогаш ми бил водилка и доследно сум го почитувал, а тоа го потврдија и сведоците Зоран Заев, Петар Атанасов, Никола Тодоров. На 27 април 2017 година во 18:01 ја прекинав Конститутивната седницата и закажав продолжение за следниот ден. Навистина жалам за тоа што се случи потоа. Имаше жртви, некои физички, а некои …

Вељановски жали за 27 април Read More »

Производството на „Спутник V“ во Србија ќе почне пред мај


-Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) и белградскиот Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ потпишаа договор за производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во Србија, што може да биде покрената до мај оваа година, соопштија од РФПИ. Прецизирано е дека производството на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“ се очекува да почне …

Производството на „Спутник V“ во Србија ќе почне пред мај Read More »

Обвинетите во случајот ,,Моќник” тврдат дека се невини


Не се чувствуваме виновни за кривичните дела кои ни се ставаат на товар – вака се изјаснија обвинетите во случајот „Моќник“ на денешното рочиште од судењето. Поопширно образложение во ова имаше еден од обвинетите Шпенд Винца, кој истакна дека се трудел да го разбере обвинителниот предлог, односно негова поврзаност со лица кои, како што рече, …

Обвинетите во случајот ,,Моќник” тврдат дека се невини Read More »

ВМРО-ДПМНЕ глуми конструктивност, ќе гласа за пакетот мерки


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека неговата пратеничка група е подготвена да присуствува на седница и да дискутира и да го изгласа петтиот сет мерки. „Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата нема време за политиканство. Помошта е потребна веднаш. Од тие причини како …

ВМРО-ДПМНЕ глуми конструктивност, ќе гласа за пакетот мерки Read More »

Вархеји задоволен што КОВАКС почнува да праќа вакцини во регионот


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето на Европскиот економски и социјален комитет повтори дека Европската комисија останува посветена на Западен Балкан и во време на пандемијата, истакнувајќи ја ангажираноста околу обезбедување вакцини за регионот што е можно поскоро, пишува порталот 360 степени. Иако призна дека ова се покажува потешко отколку што се надевале, сепак …

Вархеји задоволен што КОВАКС почнува да праќа вакцини во регионот Read More »

Не е вистина дека високи државни функционери се вакцинирале преку ред


Во објава на Фејсбук под плаштот на прашалната форма, се пласира дезинформација за наводна вакцинација на високи владини претставници со вакцина против ковид-19, преку ред и спротивно на националниот план за имунизација. Постот е прилично вирален, односно споделен е над 50 пати. Иако објавата започнува во прашална форма, сепак таа во продолжение изнесува експлицитни тврдење …

Не е вистина дека високи државни функционери се вакцинирале преку ред Read More »

Тужба за здружението што ширеше лаги за сексуалното образование


Здруженијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалиција „Маргини“ поднесоа кривична пријава против Здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ за поттикнување омраза и дискриминација врз повеќе основи. Самостојно, ХЕРА поднесе и тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета. Овие чекори се …

Тужба за здружението што ширеше лаги за сексуалното образование Read More »