Студен бран убил 21 натпреварувач на маратон во Кина


Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата. Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони …

Студен бран убил 21 натпреварувач на маратон во Кина Read More »

Министрите на Австрија, Чешка и Словенија застанаа зад предлогот на Португалија


Министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек дојдоа денес во заедничка посета на Македонија што министерот Бујар Османи ја опиша како посета на силни поддржувачи на нашата држава. Тој порача дека сме блиску до јунскиот самит кој преставува можност за Македонија да ги почне преговорите …

Министрите на Австрија, Чешка и Словенија застанаа зад предлогот на Португалија Read More »

Зголемена фреквенција на ГП Богородица за продолжениот викенд


 Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден. – Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1.300 до 1.400 патници на излез и …

Зголемена фреквенција на ГП Богородица за продолжениот викенд Read More »

Заев: Граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори


Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за …

Заев: Граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори Read More »

Заев: Предлозите на Силва и Вархеи се добра основа за решение (ВИДЕО)


Шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи имаа работен ручек со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Никола Димитров и министерот Бујар Османи, по што си снимија изјави за јавноста. Премиерот Зоран Заев  со снимената изјава и писмено соопштение порача дека има добра основа за отстранување на пречките за …

Заев: Предлозите на Силва и Вархеи се добра основа за решение (ВИДЕО) Read More »

Стоев до Силва и Вархеи: Бугарија не ја менува позицијата околу Македонија


  Нема промена во позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија. Ова го изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој денес се состана со министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, јави  БГНЕС. Бугарија продолжува да биде доследна во поддршката …

Стоев до Силва и Вархеи: Бугарија не ја менува позицијата околу Македонија Read More »

Вархеи ги почна разговорите во Софија со Борисов


Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов се состанал утрово со еврокомесарот за проширување на ЕУ,  Оливер Вархеи, во седиштето на партијата. Главниот фокус на разговорот бил Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Притоа, Борисов ја истакнал клучната улога на Бугарија во враќањето на темата за европска интеграција на Западен Балкан …

Вархеи ги почна разговорите во Софија со Борисов Read More »

БГНЕС за предлогот на Силва: Македонија добива право на вето како да е земја членка


Предлозите на португалското претседателство за усвојување на рамката за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ се апсолутно неприфатливи за бугарската страна, бидејќи тие во суштина го враќаат разговорот скоро една година наназад и  се во спротивност со основата на бугарската позиција што се рефлектира во одлуките на сите бугарски власти од сите бугарски …

БГНЕС за предлогот на Силва: Македонија добива право на вето како да е земја членка Read More »

Што ќе донесат Силва и Вархеи во дипломатската чанта?


Дали во игра се враќа германскиот предлог кој Екатерина Захариева го прифати во Берлин, но кога дојде во Софија се премисли   Министерот Бујар Османи денес избегна да даде детали околу предлогот што еврокомесарот Оливер Вархеи и португалскиот шеф на дипломатијата Аугусто Сантош Силва ќе го донесат утре во Софија, па во Скопје, за да …

Што ќе донесат Силва и Вархеи во дипломатската чанта? Read More »

Мицкоски до Ковачев: Ти си македономразец


„Најголемиот македонофоб, Андреј Ковачев, лично ме напаѓа, а јас никого не мразам во животов. Јас ги почитувам сите наши соседи, сите народни кои не опкружуваат.  Кога Ковачев, Каракачанов се македономразци, кога ќе сфатат дека постоела македонска нација, постоел македонскиот народ, колективната меморија на македонсиот народ е многу порано од тоа што они мислат, тогаш ние …

Мицкоски до Ковачев: Ти си македономразец Read More »

Османи: Имаме комуникација со службената влада на Бугарија


  Јуни е оптимална шанса за изнаоѓање решение со Бугарија и кревање на ветото и покрај тоа што во Софија има службена влада, оцени денес министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој ги отфрли сугестиите дека актуелната влада во Софија нема ингеренции да решава вакви прашања порачувајќи – да, службена е, но таа не е …

Османи: Имаме комуникација со службената влада на Бугарија Read More »

Османи не очекува да ни се влошат односите со Русија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи верува дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за персона нон грата нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија. Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила. – Врз основа на сериозна истрага …

Османи не очекува да ни се влошат односите со Русија Read More »

Холштајн: Португалците работат на конкретен предлог за спорот со Бугарија


Португалското претседателство во моментов работи на конкретен предлог, односно на една рамка со која би требало да дојде до согласност и нивната цел е до јуни да се дојде до усогласување. Ова го истакна германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн во одговор на прашање дали до крајот на португалското претседателство со Унијата земјава ќе успее …

Холштајн: Португалците работат на конкретен предлог за спорот со Бугарија Read More »

Османи го враќа Керим на голема врата во Македонија


Поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим по сѐ изгледа се враќа на голема врата во Македонија, откако поради истрагата што се води за него околу злоупотребите во МПМ замина да живее во Опатија, Хрватска.   Како што се дознава, денес тој ќе биде промовиран како еден од членовите на Стратешкиот совет за надворешна политика …

Османи го враќа Керим на голема врата во Македонија Read More »

Руско МНР: Македонија презеде непријателски чин, ќе одговориме


Руското Миностерство за надворешни работи излезе со реакција околу одлуката на Македонија да протера нивен дипломат бидејќи, според објаснувањата, бил инволвиран во недозволени активности во земјата. Во реакцијата се најавуваат контра мерки, но не се прецизира ни какви ни кога: „На 14 мај беше преземен непријателски чин во однос на руската дипломатија  во Северна Македонија. …

Руско МНР: Македонија презеде непријателски чин, ќе одговориме Read More »

Вархеи: ЕУ ќе инвестира милијарди во Западен Балкан за да се интегрира побрзо


Еврокомесарот Оливер Вархеи учествуваше денес на форумот „Економски разговори за Западен Балкан“ во Виена каде што ги престави економскиот, енергетскиот, транспортниот, планот за дигитализација, за развој на пазарот на трудот, за запирање на одливот на мозоците од регионот и слично, кои според него ќе повлечат 28 милијарди инвестиции и ќе го забрзаат интегрирањето на земјите …

Вархеи: ЕУ ќе инвестира милијарди во Западен Балкан за да се интегрира побрзо Read More »

Холштајн: Бугарија нè држи сите како заложници


 Германската амбасадорка  Анке Холштајн денеска изјави дека португалското претседателство во моментов работи напорно да се најде консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија до Советот на ЕУ што е закажан во јуни и изрази жалење што Германија не успеала да го постигне овој консензус за време на нивното претседателство со ЕУ. Вели дека за Северна …

Холштајн: Бугарија нè држи сите како заложници Read More »

Ќе секнат ли „Спутник“ вакцините по протерувањето на рускиот дипломат?


Нема најава за политизирање на руските вакцини „Спутник“ кои треба да пристигнат  во земјава, откако вчера Министерството за надворешни работи прогласи еден дипломат од руската амбасада во Скопје за непожелна личност во Македонија, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. Владата во февруари во директни преговори со рускиот производител нарача 200.000 вакцини, но досега стигнаа …

Ќе секнат ли „Спутник“ вакцините по протерувањето на рускиот дипломат? Read More »

ЕУ ќе ги отвори границите за вакцинираните


Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги отворат границите за сите патници кои примиле двете дози на вакцина против коронавирус, пренесува АФП, повикувајќи се на европски извори. Иако амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, на состанокот утрово во Брисел донесоа одлука за укинување на ограничувањата за патување за сите државјани на трети земји кои ги примиле …

ЕУ ќе ги отвори границите за вакцинираните Read More »