Откако најавија „радикално намалување на нападите“, руските сили распалија кон Киев


Експлозии го потресуваат Киев неколку часа по руското ветување дека „радикално да го намали“ нападот врз главниот град. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача  дека друго не ни очекувале бидејќи  неговата земја и граѓаните „не се наивни“ во врска со руските тврдења. Ветувањето на Русија беше дочекано со скептицизам и од страна на Западот. „Украинците веќе …

Откако најавија „радикално намалување на нападите“, руските сили распалија кон Киев Read More »

Канцеларија на ЕУ во Мариупол погодена од руска граната


Канцеларијата на Советодавната мисија на ЕУ во Украина беше погодена од руско гранатирање во Мариупол, но никој од тие што работеа таму не е повреден, изјави во вторникот шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. „Денес, Советодавната мисија на ЕУ Украина (ЕУАМ) доби веродостојни информации дека просториите на нејзината теренска канцеларија во Мариупол беа …

Канцеларија на ЕУ во Мариупол погодена од руска граната Read More »

Британски поп-ѕвезди собраа пари на хуманитарен концерт за Украина


„Сноу патрол“ го отворија синоќешниот „ѕвезден“ хуманитарен концерт за собирање средства за Украина, со својот хит „Run“. По нив настапија Ед Ширан, Камила Кабело, Нил Роџерс, Емили Санде и Џамала – која победи на Евровизија во 2016 година за Украина. Тие се согласија дека „ќе испраќаат пораки на солидарност и надеж до народот на Украина“, …

Британски поп-ѕвезди собраа пари на хуманитарен концерт за Украина Read More »

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија


 Во специјалното видеообраќање, по повод 18-годишнината од влегувањето на Бугарија во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, го забележа придонесот на Софија, велејќи дека, е уште позначаен во овој клучен момент, за безбедноста на останатите држави членки. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Столтенберг, војната на претседателот Путин во Украина, дневно …

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија Read More »

Украина ќе потпише безбедносни гаранции само по повлекување на руските трупи


Потпишување договор за безбедносни гаранции за Украина е можно дури откако руските војници ќе се вратат на своите позиции од 23 февруари 2022 година. Тоа го изјави постојаниот претставник на Украина во Советот за безбедност на ОН, Сергеј Кислица. Кислица нагласи дека страните во руско-украинските разговори ќе ги продолжат консултациите за подготовка на договор за …

Украина ќе потпише безбедносни гаранции само по повлекување на руските трупи Read More »

Партнерите од бугарската владина коалиција разговараат за Македонија


Лидерите на партиите членки на бугарската владина коалиција вечерва одржуваат средба во Софија на која главна тема влезот на Северна Македонија во Европската Унија, објави софиски „24 Часа“, повикувајќи се на извори во Владата на Бугарија и на претставници на дел од коалициските партнери. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера по средбата во Софија со претседателот …

Партнерите од бугарската владина коалиција разговараат за Македонија Read More »

Небулози од Кремљ, Украинците да се разоружаат за да има хуманитарен коридор


Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин. Макрон ја истакна мисијата што ја бара заедно со Турција и Грција од Путин, кој наведе дека …

Небулози од Кремљ, Украинците да се разоружаат за да има хуманитарен коридор Read More »

Нов јавен повик за закуп на државно земјоделско земјиште


Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да …

Нов јавен повик за закуп на државно земјоделско земјиште Read More »

Oбложувалниците и даваат мали шанси за победа на македонската репрезентација


 Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“. Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија и се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент …

Oбложувалниците и даваат мали шанси за победа на македонската репрезентација Read More »

Презентиран систем за управување со јавните набавки во МО


 Во услови на безбедносни предизвици во Европа јасна е потребата од вложување во одбраната и тоа како во националната, така и во колективната одбрана во која придонесуваме и ние како земја членка на НАТО. Нашата цел е потребната опрема која ја набавуваме за нашите армиски сили да биде квалитетна и навремено испорачана кај вистинските корисници, …

Презентиран систем за управување со јавните набавки во МО Read More »

Кремљ: Наводното труење на Абрамович е дел од „информативната војна“


Наводното труење на рускиот милијардер Роман Абрамович за време на средбите во Киев со украински мировни преговарачи претходно овој месец, нема никаква врска со реалноста, тврди Кремљ. Како што објави Би Би Си, Русија смета дека таквите наводи се дел од „информативната војна“.

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата. Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изјави дека Макрон за денеска планира повторно да разговара со Путин. Лежандре истакна дека се очекува да се разговара за деталите од планираната хуманитарна операција за евакуација на цивили од Мариупол, …

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин Read More »

Симулација: Како би изгледала евентуалната војна меѓу САД и Русија?


Програма за наука и глобална безбедност на Универзитетот Принстон (SGS) разви симулација за евентуална војна меѓу Соединетите Американски Држави и Русија користејќи реални позиции на нуклеарните сили, цели и проценки за смртност. Се проценува дека во ваква евентуална војна ќе има повеќе од 90 милиони мртви и повредени во првите неколку часа од конфликтот.

Приврзаниците на Земур скандираа „Макрон убиец!


 На митингот на Ерик Земур на Трокдеро во Париз денеска се собраа меѓу 30 и 50 000 негови следбеници, иако тој тврдеше дека ги има 100. 000, а одбележен беше со скандалозните извици на неговите приврзаници „Макрон убиец!“, јави дописникот на МИА. „Не сум изненаден“, изјави за БФМТВ Кристоф Кастанер, претседател на парламентарната група „Републиката …

Приврзаниците на Земур скандираа „Макрон убиец! Read More »

Речиси половина Украинци подготвени да се борат против руската војска


Речиси половина од Украинците на возраст од 18 до 55 години се подготвени директно да учествуваат во борбата против руската агресија, покажа истражувањето на Норвешкиот институт, кој оценува дека мотивацијата е неверојатно висока. Околу 70 отсто од мажите и околу 30 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се подготвени да се борат, покажа анкетата објавена …

Речиси половина Украинци подготвени да се борат против руската војска Read More »

Заев: Нашите војници придонесуваат за светскиот мир


 НАТО е реформи. НАТО значи и владеење на правото, НАТО значи и успешна борба против криминалот и корупцијата. НАТО значи економски реформи во државата, но и подготвеност на нашата Армија, вели експремиерот Зоран Заев. >Тој во документарниот филм „Патот до НАТО“ подготвен од Нексус нагласува дека со членството во НАТО, но и решавањето на спорот …

Заев: Нашите војници придонесуваат за светскиот мир Read More »

Пасечник: Нема подготовки за референдум во Луганск


Во моментов нема подготовки за одржување референдум за присоединување на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) кон Русија, изјави денеска лидерот на ЛНР, Леонид Пасечник. Тој посочи дека негово лично мислење е дека е можен ваков референдум, пренесе Тасс. -Дадов таква изјава. Би сакал да биде јасно: тоа е мое лично мислење. Во моментов ништо не …

Пасечник: Нема подготовки за референдум во Луганск Read More »

Неофицијали бројки за пописот, Албанците еден отсто помалку од претходниот?


Според неофицијални информации на ТВ21 во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а заедно со дијаспората овој број изнесува 2,1 милион,. што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Како што пренесе телевизијата, вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони. Во однос на етничките заедници во земјава, околу 65 …

Неофицијали бројки за пописот, Албанците еден отсто помалку од претходниот? Read More »

Шон Пен ќе ги стопи статуетките доколку Зеленски не зборува на доделувањето на оскарите 


– Актерот и режисер Шон Пен изјави дека „јавно“ ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколку на украинскиот претседател Володмир Зеленски не му се даде можност да се обрати на настанот.  Во изјава за Си-Ен-Ен тој кажа дека дознал дека академијата одлучила Зеленски …

Шон Пен ќе ги стопи статуетките доколку Зеленски не зборува на доделувањето на оскарите  Read More »

Стотици Македонци со украински знамиња одбележуваат еден месец од инвазијата


По повод еден месец од воената инвазија на Русија врз Украина, попладнево се одржува светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE. Настанот е организиран од страна на украинската амбасада и Здружението на Украинци во земјава, „Лесја Украинка“, а на концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди. Стотици македонски граѓани со украински …

Стотици Македонци со украински знамиња одбележуваат еден месец од инвазијата Read More »