Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители


 Со Отворен Балкан пред големите странски инвестиори сега ние нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители, што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација, изјави вечерва националниот координатор за „Отворен Балкан“ Марјан Забрчанец. Забрчанец, во гостувањето на …

Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители Read More »

Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија


Бугарски „Капитал“ јавува дека за време на коалицискиот совет, премиерот Кирил  Петков најавил дека ќе бара условите што ги постави Бугарија за решавање на спорот со Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка  со Европската комисија (ЕК). Прашањето за Северна Македонија беше покренато во коалицискиот совет откако минатата недела се појавија тензии меѓу партнерите поради …

Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија Read More »

Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија


Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат  Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години. Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за …

Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија Read More »

Ангелоски: На бизнисите им треба поддршка од државата


 Ситуацијата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, а предизвиците се надоврзуваат еден на друг. За да се постигне баланс и надминување на предизвиците деловните субјекти мора да реагираат претприемачки, …

Ангелоски: На бизнисите им треба поддршка од државата Read More »

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани


Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани, еден месец откако во тешка состојба беше хоспитализиран во болница во Германија. Здравствената состојба му се влошила по неговата инфекција од Ковид-19 пред два месеци. Нишани боледувал од автоимуна болест на црниот дроб и не успеал да ги надмине последиците од вирусот. Нишани беше на чело на Албанија …

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани Read More »

Путин ги предупредил Макрон и Шолц да не ја вооружуваат Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин утрово разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Путин им рекол на двајцата лидери дека снабдувањето со оружје за Украина е „опасно“, предупредувајќи „на ризиците од понатамошна дестабилизација на ситуацијата и влошување на хуманитарната криза“, соопшти Кремљ. Путин, исто така, рече дека е подготвен да бара …

Путин ги предупредил Макрон и Шолц да не ја вооружуваат Украина Read More »

Кој ги сече Вишенските шуми?


  Месната заедница  Вишни од општина Струга испрати јавно писмо за да ја разбуди свеста околу нелегалната сеча на Јабланичките шуми, на кое таа не може да се спротивстави.    „Како едно ретко сочувано село, со автентична архитектура, некогаш локален зимски центар, Вишни и околината заслужуваат грижа и можности за квалитетен живот и еколошка оддржливост. …

Кој ги сече Вишенските шуми? Read More »

ЕСМ реагира: Мицкоски покажува незнаење


ЕСМ реагира на критиките од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена на струјата заради недоволното производство на ЕСМ. „Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната …

ЕСМ реагира: Мицкоски покажува незнаење Read More »

ЦУК предупредува: Граѓаните да бидат внимателни, доаѓа силно невреме


По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за нестабилно време денеска, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов. -Согласно информацијата од УХМР,  ЦУК превентивно апелира и препорачува граѓаните во земјава …

ЦУК предупредува: Граѓаните да бидат внимателни, доаѓа силно невреме Read More »

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за Џафери, но без илузија дека ќе помине


 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ идната работна недела ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, но лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски не очекува дека таа ќе помине во Парламентот. -Се надевам дека нема  повторно да ги изигруваат процедурите во Парламентот, ќе ја стават точката на дневен ред и ќе можеме да зборуваме малку …

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за Џафери, но без илузија дека ќе помине Read More »

Мицкоски лицитира: Струјата ќе поскапи за повеќе од 10 проценти


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција прес партиското седиште  изјави дека покрај досегашните 30 проценти, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја. Како причина за тоа ги наведе тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична …

Мицкоски лицитира: Струјата ќе поскапи за повеќе од 10 проценти Read More »

Челзи официјално во сопственост на американски конзорциум


Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челзи, соопшти денеска лондонскиот клуб. – Фудбалскиот клуб Челзи може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана в понеделник, соопшти Челзи. Американскиот …

Челзи официјално во сопственост на американски конзорциум Read More »

УЕФА ги раздвои украинските и белоруските екипи


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе делува во насока да спречи екипите од Украина и Белорусија при жрепките да бидат извлечени да играат меѓусебно во кое било натпреварување во иднина, објави Извршниот комитет на УЕФА. Одлуката донесена синоќа е одговор на поддршката на официјален Минск на руската инвазија врз Украина. УЕФА во март одлучи белоруските репрезентации …

УЕФА ги раздвои украинските и белоруските екипи Read More »

Украинската криза не ја наруши стабилноста на девизниот курс


Oсновно сидро кое овозможува надминување на многуте предизвици во минатото, но и сега, е цврстата определба на Народната банка за примена на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот, како клучен столб на стабилноста на македонската економија. За ефикасното спроведување и функционирање на монетарната политика, особено во неизвесни периоди, важен придонес имаат финансиските пазари …

Украинската криза не ја наруши стабилноста на девизниот курс Read More »

Поплава во рудникот Суводол, ископот на јаглен отежнат


Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола. Невремето кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот …

Поплава во рудникот Суводол, ископот на јаглен отежнат Read More »

Ангел Димитров го спори легитимитетот на Кирил Петков да одлучува за Македонија


„Проблемот со европската интеграција на РСМ не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки од надворешнополитички аспект. Во оваа состојба, при доста спорната легитимност на сите во власта, од гледна точка на таквото преставување меѓу  Бугарите, редно е да се запрашам дали во ваков момент можат да се носат решенија …

Ангел Димитров го спори легитимитетот на Кирил Петков да одлучува за Македонија Read More »

Тошко Јорданов: Неколку земји на ЕУ притискаат за Македонија


Претседателот на пратеничката група на партијата Има таков народ во Бугарија , Тошко Јорданов, и по одржувањето на  коалицискиот совет не е сигурен дека нема да има изненадување околу ветото за Македонија.  „Следејќи го коалицискиот совет за Северна Македонија, со ваков тип на коалициски партнери, не можеме да бидеме сигурни дека нема да има никакво …

Тошко Јорданов: Неколку земји на ЕУ притискаат за Македонија Read More »

Украинската православна црква прогласи независност, и сврте грб на руската


Украинската православна црква на Московската патријаршија денес прогласи „целосна автономија и независност“ од Москва, објаснувајќи дека не се согласува со ставовите на московскиот патријарх Кирил кон конфликтот.Украинската црква соопшти дека ја осудува војната и ги повика Украина и Русија да го продолжат процесот на преговори и да престанат со крвопролевањето. Кирил, поглавар на Руската православна …

Украинската православна црква прогласи независност, и сврте грб на руската Read More »

Се навивало со албански знамиња на натпреварот меѓу Шкупи и Пандев


Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенција за млади и спорт, а против ФК Шкупи и ФФМ. Од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на  17 мај, беа истакнати знамиња на соседна  Албанија, а не беше истакнато знамето на  Македонија, …

Се навивало со албански знамиња на натпреварот меѓу Шкупи и Пандев Read More »

Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост се поврзуваат Кичево и Дебар со албанската граница


Премиерот Димитар Ковачевски  при посетата на Мавровскиот регион направи увид на делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри. Со овој пат ќе се овозможи целосно подобрување во врските меѓу Кичево, Дебар и албанската граница што значи побрзо и непречено одвивање на сообраќајот во југозападниот плански регион, при што ќе се скрати времето …

Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост се поврзуваат Кичево и Дебар со албанската граница Read More »