„Конкурентна плата“ – водич за поголема конкурентност и продуктивност на компаниите


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) го изготви водичот „Конкурентна плата“ – прв продукт од истражувањето на плати, додатоци и надоместоци што ги отсликува спецификите на домашниот пазар.Според претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска, задоволството на вработените директно влијае врз продуктивноста на компанијата. -Преку „Конкурента плата“ компаниите можат да ги искористат информациите и податоците како основа …

„Конкурентна плата“ – водич за поголема конкурентност и продуктивност на компаниите Read More »

ЕУ расправа за укинување на едногласноста за проширувањето


Чешкото претседателство со ЕУ ја отвори темата за укинување на едногласно одлучување во одредени области од надворешната политика, при што проширувањето на Унијата иако не е висок приоритет, сепак е дел од дебатите, јави дописничката на МИА од Брисел. Министерот за европски работи на Чешка, Микулаш Бек, на прес-конференцијата денеска по Советот за општи работи …

ЕУ расправа за укинување на едногласноста за проширувањето Read More »

Зоран Димитровски: Владата останува стабилна и по оставката на Милевски


Владата останува стабилна и по оставката на Горан Милевски, оцени заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски. „Се работи за министер со кој имавме дневна комуникација и добра соработка и започнавме доста проекти. Министерот зад себе ќе остави доста започнати проекти. Која е причината за негова оставка, тој самиот кажа. Иако е факт дека имаше внатрепартиски …

Зоран Димитровски: Владата останува стабилна и по оставката на Милевски Read More »

Руска компанија избрана за надзор на изградбата на автопатите


Јавното претпријатие за државни патишта го откажа тендерот на кој беше избрана фирма од Хрватска за надзор на изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридор 10. Постапката е откажана, а договорот сега е неважечки бидејќи победникот на тендерот не обезбедил банкарска гаранција во износ од 2,6 милиони евра. Истовремено,  откриено е дека хрватската компанија …

Руска компанија избрана за надзор на изградбата на автопатите Read More »

Тренчевска најави нов општ договор за јавниот сектор


  Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во вечерашното гостување на Топ Тема на ТВ Телма рече дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и тој продолжува. Во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците. „Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната …

Тренчевска најави нов општ договор за јавниот сектор Read More »

Таравари предлага онлајн-настава или два месеца зимски распуст


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на денешната седница на Советот за развој на Полошкиот Плански Регион предложи учениците зимава или да посетуваат онлајн-настава или да се продолжи зимскиот распуст на два месеца, за да нема високи трошоци за затоплување на училниците и просториите. Повеќе други градоначалници го поддржаа предлогот на Таравари. „Бидејќи сметките за електрична …

Таравари предлага онлајн-настава или два месеца зимски распуст Read More »

Заврши најдолгиот пат на Елизабета Втора


  Во капелата „Свети Џорџ“ во Виндзор попладнево заврши последната јавна богослужба за кралицата Елизабета Втора со која светот се прости со еден од најдолговечните монарси. „Се собравме да ја довериме во Божјите раце душата на неговиот слуга кралицата Елизабета. Овде, во капелата на Свети Џорџ, каде што таа толку често се поклонуваше. Ја паметиме …

Заврши најдолгиот пат на Елизабета Втора Read More »

Место нов СССР, Путин го повторува хаосот на советскиот колапс


ЕРЕВАН, Ерменија – Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата инвазија на Украина, тој се надеваше дека ќе ги врати славните денови на Советскиот Сојуз во 1950-тите, кога беше на врвот на својата моќ. Наместо тоа, тој воведе хаос од размери што не се видени од распадот на СССР во 1991 година. Низ разбиените …

Место нов СССР, Путин го повторува хаосот на советскиот колапс Read More »

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ


Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала изјави дека поранешниот претседател и премиер Сали Бериша набрзо ќе биде прогласен за непожелна личност во Европска Унија. Бала рече дека е поднесена иницијатива во Европскиот парламент со која се бара „лицата кои САД ги прогласија за ’персона нон грата‘ да ја имаат …

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ Read More »

Бучковски: Зад референдумот за поништување на Договорот со Бугарија стои Русија


Владо Бучковски, поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, за „БГНЕС“ изјави дека зад протестите и предлогот за референдум за поништување на Договорот со Бугарија – стои Русија. Зад антибугарската хистерија во Република Македонија – протестите и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија – стои …

Бучковски: Зад референдумот за поништување на Договорот со Бугарија стои Русија Read More »

Стевчо Јакимовски бара Бадинтерово мнозинство за Македонците


Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,  бара за прашањата што ги засегаат Македонците, како што е францускиот предлог за преговори со ЕУ, да се примени принципот на Бадинтерово мнозинство. Според него,  ваквите одлуки треба да се изгласуваат со две третини гласови од пратениците од македонско етничко потекло, а не како досега, …

Стевчо Јакимовски бара Бадинтерово мнозинство за Македонците Read More »

Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција


Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција. „По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијата“, констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека …

Хакерите почнаа да објавуваат тајни документи на албанската полиција Read More »

Како беше понижен Путин од неговите диктатори?


Резултатите од состанокот во Самарканд покажаа дека Путин нема шанси да го обнови СССР, како што вети на почетокот на војната против Украина. Деновиве ја следев „средбата на диктаторите“ во Самарканд  и се присетив.Пред некое време, откако живеев во соодветните места доволно долго за да ги разберам, напишав книга за диктатурите во Узбекистан, Белорусија и Русија. …

Како беше понижен Путин од неговите диктатори? Read More »

Прв состанок на Европската политичка заедница, Македонија ќе биде поканета


 Северна Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница што треба да се одржи на почетокот на октомври во Чешка. Турција и Обединетото Кралство исто така „треба да бидат поканети“ на состанокот, којшто треба да ги собере лидерите на 27-те и оние на земјите кандидати за членство или соседните земји во Прага …

Прв состанок на Европската политичка заедница, Македонија ќе биде поканета Read More »

Кој беше на погребот на кралицата – а кој не?


Кралеви и кралици, претседатели, премиери, познати личности и пријатели од целиот свет беа меѓу 2.000 гости на погребната служба на кралицата во Вестминстерската опатија. Актуелната премиерка Лиз Трас и нејзиниот сопруг Хју О’Лири беа таму, видени одзади десно, заедно со сите преживеани премиери на Обединетото Кралство, кои седеа во просторот на опатијата. Во средниот ред …

Кој беше на погребот на кралицата – а кој не? Read More »

Оставката на Милевски може да отвори пат за реконструкција на владата


Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, пишува  „Плусинфо“. Наводно, можна е смената на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим …

Оставката на Милевски може да отвори пат за реконструкција на владата Read More »

Левица тврди: Владата го зголеми прагот на задолжување до 75 отсто


Владата го озакони должничкото ропство со новиот Закон за буџети, тврди политичката партија Левица. Според неа, со овој потег прагот на задолжување ќе стигне до критични 75% од номиналниот проектиран БДП -Деновиве владата на СДС и ДУИ го усвои новиот Закон за буџети, со кој државата дополнително се втурнува во должничко ропство. Со усвоените фискални правила, …

Левица тврди: Владата го зголеми прагот на задолжување до 75 отсто Read More »

Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов АКМИС систем


Норвешка, заедно со други донатори е подготвена да инвестира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија. Ова е истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет. Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, …

Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов АКМИС систем Read More »

Скринингот продолжува во Брисел, се најавува стратегија за реформа на јавната администрација


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во своето воведно излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација, истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот Темели. – Во периодот пред нас …

Скринингот продолжува во Брисел, се најавува стратегија за реформа на јавната администрација Read More »

Обвинение за кандидат за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ


Од Обвинителството предмалку објавија дека е поднесено обвинение за поранешен обвинител од Охрид поради застарување на 14 предмети. „Фокус“ неофицијално дознава дека станува збор за екс обвинителот Воислав Димоски, кој беше кандидат за уставен судија предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не доби поддршка од останатите пратеници.   -Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година …

Обвинение за кандидат за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ Read More »