Ковачев разочаран што власта и опозицијата се обединија околу бугарските здруженија


 Европската комисија и Европскиот парламент уште еднаш ја поддржаа европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Бугарските европратеници, пак, со остри критики кон властите во Северна Македонија. Андреј Ковачев изрази разочарување по обединувањето на власта и опозицијата во Северна Македонија околу носењето на законот за здруженија на граѓани, а Ангел Џамбаски зборуваше за „омраза“ со …

Ковачев разочаран што власта и опозицијата се обединија околу бугарските здруженија Read More »

Демант: Министерството за локална самоуправа не потрошило туку заштедило 43 отсто струја


Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата, дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци, тврдат од ова Министерство. -Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација …

Демант: Министерството за локална самоуправа не потрошило туку заштедило 43 отсто струја Read More »

Арсовска му го зела „копчето“ на Трајко Славески, тој ѝ го зеде микрофонот


  На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците.  „Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора …

Арсовска му го зела „копчето“ на Трајко Славески, тој ѝ го зеде микрофонот Read More »

Пензионирани американски генерали работат тајно за странски влади


Стотици високи пензионирани американски воени лица работат за други земји за големи суми пари, а многу од нив ги прекршуваат човековите права. Ова го пишува „Вашингтон пост“ во својата статија врз основа на податоците од сопствената истрага. Излегува дека американската влада ги декласифицира информациите за работата на пензионираните американски генерали во странство. Американците кои работат …

Пензионирани американски генерали работат тајно за странски влади Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е неспособна, со толку долгови троши пари за анкети


Советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, , Луке Галески , ја нарече неспособна администрацијата на Данела Арсовска, целата вина ја префрли на нејзе и на СДСМ иако тие ја избраа и праша – зошто градоначалничката троши огромна сума пари за пи-ар кога должи  пари на јавни претпријатија. Во тој стил беше целата седница …

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е неспособна, со толку долгови троши пари за анкети Read More »

Чапутова во ЕП: Ако не ја браниме демократијата, таа ќе исчезне


 Словачката претседателка Зузана Чапутова од говорницата на Европскиот парламент повика на одбрана на демократијата и европските вредности и на солидарност на ЕУ во повеќекратните кризи низ кои минува, јави дописникот на МИА од Стразбур. Потсетувајќи се на неодамнешните хомофобични убиства во Братислава, словачката претседателка Зузана Чапутова рече дека злосторствата од омраза не се насочени само …

Чапутова во ЕП: Ако не ја браниме демократијата, таа ќе исчезне Read More »

Европски синдикати: Профитите растат додека платите паѓаат


Конфедерацијата на европски синдикати објави детаљна анализа за состојбата на платите и профитите на компаниите, алармира за состојбата на работниците во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Студијата на Европската синдикална конфедерација, каде членуваат сите големи синдикати на земјите членки на ЕУ, покажа дека во профитите на корпорациите во 13 земји на ЕУ се …

Европски синдикати: Профитите растат додека платите паѓаат Read More »

Георгиевска: Го блокираат Уставниот суд, па тврдат дека сум постапила противуставно


 Иницијативата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателка на Комисијата за прашањето на изборите и именувањата, не е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави денеска пратеничката Марија Георгиевска. Пратеничката на СДСМ истакна дека таа во својство на …

Георгиевска: Го блокираат Уставниот суд, па тврдат дека сум постапила противуставно Read More »

Амбасадорот во Брисел приоритетен за Македонија, не и за Милошоски


Шефот на дипломатијата Бујар Османи го повика денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски до петок да закаже седница, каде би се презентирале тезите за упатување на амбасадорот во ЕУ.   „Упатувањето на амбасадор при Европската унија е приоритет за земјата, особено во услови кога после 17 години ги започнавме преговорите. …

Амбасадорот во Брисел приоритетен за Македонија, не и за Милошоски Read More »

ССНМ: Да не се прифати барањето на Жан Митрев да се забрани истражувањето на ИРЛ


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), јавно инсистира Судот да не го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“. Во спротивно ИРЛ директно, но и целата медиумска индустрија посредно ќе бидат изложени на брутална …

ССНМ: Да не се прифати барањето на Жан Митрев да се забрани истражувањето на ИРЛ Read More »

Пропадна и вториот обид, Бугарија не може да избере ни претседател на Парламент


Ситуацијата без преседан го остави новото Народно собрание на Бугарија без спикер. Без успех беше и вториот обид за избор на нејзин претседател, јавува дописникот на МИА од Софија. До ваква состојба дојде откако кандидатот на ГЕРБ, Росен Жељазков, и Никола Минчев од „Промените продолжуваат“ не успеаја да ја соберат поддршката на повеќе од половината …

Пропадна и вториот обид, Бугарија не може да избере ни претседател на Парламент Read More »

МНР се извини за гафот со словачкото знаме при посетата на Фајон


Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите. Според МНР, состанокот, како и целата посета на Министерката Фајон поминале во исклучително …

МНР се извини за гафот со словачкото знаме при посетата на Фајон Read More »

Додека другите штедат, Арачиново троши повеќе струја од лани


 Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши, презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка, од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема …

Додека другите штедат, Арачиново троши повеќе струја од лани Read More »

Државните институции во септември заштедиле 20 отсто струја


 Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани. Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и …

Државните институции во септември заштедиле 20 отсто струја Read More »

Првиот обид за избор на претседател на новиот бугарски парламент беше неуспешен


Првиот обид за избор на претседател на Националното собрание на Бугарија беше неуспешен. Ниту еден од четворицата кандидати не успеа да собере поддршка од потребните најмалку 121 пратеник, јави дописникот на МИА од Софија. Најблиску до овој резултат се најде кандидатот на ГЕРБ Росен Желјазков. За него гласаа 103 пратеници од Герб и Движењето за …

Првиот обид за избор на претседател на новиот бугарски парламент беше неуспешен Read More »

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација заради изборот на уставните судии


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе барање за интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, затоа што „ неделовнички и неуставно на сеуште незавршена точка на дневен ред и незавршена комисија поднесе парцијален извештај до деспотот во Собранието, Талат Џафери за уставни судии“. -Тие уставни судии што им одговараат, …

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација заради изборот на уставните судии Read More »

Приштина верува дека Вучиќ подготвува воена агресија на Балканот како руската


Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, пред Советот за безбедност  на ОН изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ подготвува воена агресија на Балканот како онаа на Владимир Путин во Украина. Гервала учествуваше во дебатата  за 6-месечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за состојбата на Косово. Според неа, Србија ќе предизвика …

Приштина верува дека Вучиќ подготвува воена агресија на Балканот како руската Read More »

Гир: Реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени


Реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Според него, процесот за интеграција во ЕУ, што сега добива моментум по отворањето на преговорите и носи дополнителни барања што се поврзани со заштитата на човекови права и основни слободи, треба да се искористи тие да се придвижат  бидејќи на тој …

Гир: Реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се далеку од завршени Read More »

Многу Американци се песимисти за американската демократија


Многу Американци остануваат песимисти за состојбата на американската демократија и за начинот на кој се избираат функционерите – речиси две години по претседателските избори по кои имаше лажни наводи за широко распространета измама и насилен напад на Капитол, пишува Асошиетед прес. Само околу половина од Американците имаат голема доверба дека гласовите на претстојните среднорочни избори …

Многу Американци се песимисти за американската демократија Read More »

Украинско разузнување: Војната завршува идното лето, некои региони ќе се отцепат од Русија


Шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирило Буданов, изјави дека до летото руската војна против Украина треба да заврши и до крајот на годината ќе има позначајни победи на вооружените сили на Украина. „До крајот на годината ќе направиме значителен напредок, тоа ќе бидат значајни победи, тоа ќе го видите наскоро“, изјави Буданов во …

Украинско разузнување: Војната завршува идното лето, некои региони ќе се отцепат од Русија Read More »