Можете да читате Твитер и Фејсбук цела ноќ и да немате поим што се случува во светот


Натпреварот помеѓу лажните и вистинските вести не е фер затоа што лагата може да се измисли во секунда, а вистинската вест бара време за да се потврди. Ова го изјави за БГНЕС Томас Кент, специјалист за дезинформации и новинарска етика, претседател и извршен директор на Радио Слободна Европа до 2018 година, професор на Универзитетот Колумбија …

Можете да читате Твитер и Фејсбук цела ноќ и да немате поим што се случува во светот Read More »

Петар Колев: Во 21 век само Русија и Македонија ретроактивно забрануваат невладини организации


„Само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со ретроактивни закони – тоа се Руската Федерација и Република Северна Македонија“, рече Петар Колев, претседател на Граѓанско демократскиот сојуз во РСМ, во интервју за бугарската програма „Брисел 1“. „Индикативно е начинот на кој со уставно мнозинство беше одлучено законодавството (против клубовите на македонските Бугари) да …

Петар Колев: Во 21 век само Русија и Македонија ретроактивно забрануваат невладини организации Read More »

ОН бара од Маск да ​​обезбеди почитување на човековите права на Твитер


  Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во отворено писмо го повика новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, да обезбеди почитување на човековите права на социјалната мрежа. „Како и сите компании, Твитер мора да ја разбере штетата поврзана со неговата платформа и да преземе чекори за да ја елиминира. Почитувањето на нашите …

ОН бара од Маск да ​​обезбеди почитување на човековите права на Твитер Read More »

Што е „на коцка“ околу климатските разговори во Египет?


  По една година разорни природни катастрофи, 27-та Конференција на страните (COP27) за климатски промени ќе се обиде да го исполни својот слоган – Заедно за имплементација – и да ги унапреди претходните обврски за ограничување на глобалното затоплување. „Работата што претстои е огромна. Толку огромна колку и климатските влијанија што ги гледаме низ светот“, …

Што е „на коцка“ околу климатските разговори во Египет? Read More »

Ако мора, бугарските здруженија ќе ги сменат имињата


  Бугарските здруженија во земјава ќе постапуваат според закон, кој предвидува во рок од три месеци да си ги променат имињата, вели финансиерот Милен Врабевски.  Бугарските здруженија ќе направат сè што е потребно да продолжат да постојат во согласност со сите закони во Северна Македонија, велат од Фондација „Бугарско сеќавање“ на бугарскиот бизнисмен и филантроп …

Ако мора, бугарските здруженија ќе ги сменат имињата Read More »

Мицкоски: Власта нѐ враќа во 1949-та


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола го коментираше случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи во кој, како што напиша самиот актер, критикувал но споменал продолжен кабел што, според министерката, го вознемирило нејзиното семејство. …

Мицкоски: Власта нѐ враќа во 1949-та Read More »

Таравари оди на лидерската средба, Мицкоски тактизира


Алијанса за Албанците (АА) ќе учествува на лидерската средба што за в понеделник ја свика премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните партии, а која треба да се одржи во Собранието. Одлуката денеска ја соопшти в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари, а со оглед дека партијата нема избрано ново раководство по оставката на Зијадин Села. …

Таравари оди на лидерската средба, Мицкоски тактизира Read More »

Мицкоски тврди дека со кредитот на ЕБРД Македонија ќе доживее „енергетска анексија“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ христијан Мицковски ја брани одлуката да се блокира кредитот од 100 милиони евра за справување со енергетската криза што требаше да ни го даде ЕБРД со тврдењето дека со него ќе се случела „енергетска агресија“ врз Македонија. Услов за користење на кредитот, според него, е да се затворат ТЕЦ „Осломеј“ и РЕК …

Мицкоски тврди дека со кредитот на ЕБРД Македонија ќе доживее „енергетска анексија“ Read More »

Јовески сака да биде избран антикорупциски јавен обвинител со визија


 Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески упати порака до јавните обвинители во врска со гласањето за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство. – На 7 ноември се спроведува гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на …

Јовески сака да биде избран антикорупциски јавен обвинител со визија Read More »

Јотова во посета на клубот „Ванчо Михајлов“ на денот на ослободувањето на Битола


Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска ќе ја посети Битола, токму на 4 ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско-германска окупација. Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот. -Ако Јотова оди во Евла нека се искачи до соседното село Болно, Ресенско, да каже каде се …

Јотова во посета на клубот „Ванчо Михајлов“ на денот на ослободувањето на Битола Read More »

ЕБРД ги повлекла парите за Македонија за справување со енергетската криза


  ЕБРД го сопрела кредитот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра бидејќи законот за негово одобрување предолго е блокиран во pарламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ ,а тие не сакаат да им стојат „мртви“ средствата. Ваквата информација ја соопшти новиот министер за локална самоуправа Ристо …

ЕБРД ги повлекла парите за Македонија за справување со енергетската криза Read More »

Зеленски: Русија спроведува „енергетски тероризам“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Кремљ дека прибегнува кон „енергетски тероризам“ откако руските трупи имаат се помалку придобивки на бојното поле.Зеленски рече дека 4,5 милиони луѓе останале без струја по руските напади врз нејзината енергетска мрежа Нападите доаѓаат откако официјални лица изјавија дека руските трупи најверојатно ќе се повлечат од клучниот јужен град Херсон …

Зеленски: Русија спроведува „енергетски тероризам“ Read More »

СДСМ го нарече „срамно и ниско“ кочењето на помошта за ранливите граѓани од ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ во време на криза срамно и ниско кочи законски решенија кои обезбедуваат мерки за финансиска помош за ранливи категории како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители, обвини утрово преку соопштение владеечката партија.  -Веќе трета недела претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, не закажува …

СДСМ го нарече „срамно и ниско“ кочењето на помошта за ранливите граѓани од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Софија драматизира, без „Ванчо Михајлов“ ќе се загрозеле правата на Бугарите во Македонија


Бугарското Министерство за надворешни работи  изрази „силна загриженост“ за измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии изгласани на 2 -ри ноември од македонскиот парламент.    „Постојат сериозни загрижености дека законските измени се насочени кон дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за кое повод е едностраната …

Софија драматизира, без „Ванчо Михајлов“ ќе се загрозеле правата на Бугарите во Македонија Read More »

Рама го нарече „лудо“ резонирањето на официјален Лондон за албанските мигранти


Кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, реагираше по острата реторика и обвинувања на албанскиот премиер Еди Рама на изјавата на британската министерка за внатрешни работи,Суела Браверман, која Албанците кои илегално влегуваат во Велика Британија ги опишала како криминалци, велејќи дека ја окупираат земјата. Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер, кое го пренесуваат албанските …

Рама го нарече „лудо“ резонирањето на официјален Лондон за албанските мигранти Read More »

Стопанската комора го поздрави донесувањето на ПЕМ конвенцијата за извоз во ЦЕФТА


Стопанската комора на Северна Македонија попладнево го поздрави усвојувањето на ревидираната ПЕМ конвенција за извоз на пазарите на ЦЕФТА од страна на македонското Собрание. – Како Стопанска комора ги поздравуваме заложбите на законодавниот дом и на пратениците од позицијата и од опозицијата кои ја препознаа важноста на овој меѓународен документ за компаниите и денеска истиот …

Стопанската комора го поздрави донесувањето на ПЕМ конвенцијата за извоз во ЦЕФТА Read More »

Западен експерт за одбрана предвидува повлекување на Русија од Херсон


Руските сили се подготвуваат да го напуштат окупираниот јужен украински град Херсон, смета висок западен експерт за одбрана, пренесе ДПА. Русите одлучија дека „градот не вреди за битка“, рекол изворот. Тој предупреди дека руското воено раководство може да ја смени одлуката, дури и ако сите сегашни индикации укажуваат на повлекување. Експертот изрази мала загриженост за можна употреба …

Западен експерт за одбрана предвидува повлекување на Русија од Херсон Read More »

Бербок: Г7 нема да дозволи Русија да ги „изгладнува“ Украинците


 Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) е решена да ја спречи Русија да ги „изгладнува“ и „со студ да ги убива“ . – Нема да дозволиме оваа сурова војна да доведе до масовни смртни случаи на постари и деца, млади луѓе и семејства во зимските месеци што претстојат, изјави денеска германската министерка за надворешни работи …

Бербок: Г7 нема да дозволи Русија да ги „изгладнува“ Украинците Read More »

Берлинскиот процес се сели во Отворениот Балкан


  Берлинскиот процес идната година ќе се пресели во Западниот Балкан. Ова е најавата од самитот организиран од германскиот канцелар Олаф Шолц со лидерите на Западен Балкан на кој присуствуваа и други европски лидери, покрај претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тие на прес-конференцијата изразија задоволство …

Берлинскиот процес се сели во Отворениот Балкан Read More »

Меѓународната заедница ги осуди спорните измени на законот за претседател на Црна Гора


Европската унија и САД изразија загриженост поради усвојувањето на законот за претседател на Црна Гора, со кој парламентарното мнозинство има намера да ги ограничи уставните овластувања на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ и да ги пренесе на црногорското собрание, објавија денеска подгоричките медиуми. ЕУ ги покани политичките актери на дијалог за излез од „актуелниот политички …

Меѓународната заедница ги осуди спорните измени на законот за претседател на Црна Гора Read More »