Ши барал од Медведев воздржаност и политичко решение за Украина


Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе ја задржат воздржаноста и ќе ги решат безбедносните проблеми со политички средства, му рекол кинескиот претседател Ши Џинпинг на заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев за време на состанокот во Пекинг, јави денеска кинеската агенција Синхуа. Според агенцијата, Ши му рекол на Медведев …

Ши барал од Медведев воздржаност и политичко решение за Украина Read More »

Мицкоски: Чувствувам одговорност што застанав зад Данела Арсовска


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност бидејќи застанал позади градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, се покажала како слаб менаџер. – Наместо тоа за што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, таа се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но, ќе …

Мицкоски: Чувствувам одговорност што застанав зад Данела Арсовска Read More »

Мицкоски бара седница на Советот за безбедност за заканите со бомби


Лажните дојави за бомби уште еднаш ја покажуваат нефункционалноста на системот и неспособноста на раководните лица кои што ги раководат институциите што се дел од тој систем, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повикувајќи го претседателот Стево Пендаровски да свика седница на Советот за безбедност посветена на бомбашките закани. – Пендаровски наместо да го …

Мицкоски бара седница на Советот за безбедност за заканите со бомби Read More »

Путин праќа војници во самоубиствени напади


КИEВ – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети разурнатиот град Бахмут во источна Украина – клучниот јазол во фронтот долг 1.300 километри за кој вели дека е „најжешката точка“ во војната и ја олицетворува подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги фрли своите војници во самоубиствени напади. Во доцното ноќно видео обраќање во …

Путин праќа војници во самоубиствени напади Read More »

Милановиќ: ЕУ не третира како мизерни губитници


 Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека ЕУ се однесува недозволиво кон таа држава, наведувајќи го како пример „дрското и скандалозно писмо“ на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел до хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Тој не ја откри содржината на писмото, но навести дека тоа се однесува на …

Милановиќ: ЕУ не третира како мизерни губитници Read More »

(ВИДЕО) Показна вежба во Скопје за последиците од употреба на пиротехника


 Показна вежба за последиците од употреба на пиротехника се одржа денеска на плоштадот Македонија во Скопје. Организатори беа СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. Вежбата беше во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која се презентираа ризиците од употреба на пиротехника, со цел да …

(ВИДЕО) Показна вежба во Скопје за последиците од употреба на пиротехника Read More »

Најмногу претставки на граѓаните за судиите и извршителите


 Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството. Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет …

Најмногу претставки на граѓаните за судиите и извршителите Read More »

Павле Трајанов бара реизбор на сите судии, имало над 200 монтирани случаи


Владата да подготви закон со кој во текот на една година ќе им престане мандатот на сите судии – од основните, па сè до Врховниот суд и во тој период за секој судија да се спроведе постапка за ревизија на неговата работа, имотната состојба и постапка за реизбор, предложи претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. …

Павле Трајанов бара реизбор на сите судии, имало над 200 монтирани случаи Read More »

Директорот на Трансњефт тврди дека Русија доби барања од Полска и Германија за купување нафта


Директорот на руската државна нафтена компанија Трансњефт Николај Токарев изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година. – Тие рекоа дека од 1 јануари нема да купуваат нафта од Русија, а сега добивме барања од полски компании за набавка на три милиони метрички тони следната година. И Германија …

Директорот на Трансњефт тврди дека Русија доби барања од Полска и Германија за купување нафта Read More »

Путин „очајно“ се обидува да го вовлече Лукашенко во војната


Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својата најнова анализа тврди дека белорускиот претседател Александар Лукашенко можеби успеал да ги ограничи напорите на рускиот претседател Владимир Путин да ја принуди Белорусија на дополнителни отстапки за време на вчерашната средба во Минск. Путин и Лукашенко се воздржаа од јавно да разговараат за руската инвазија на Украина, …

Путин „очајно“ се обидува да го вовлече Лукашенко во војната Read More »

На ВМРО-ДПМНЕ сега му пречи и кадарот на Мијалков во АНБ


Новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски,кој бил именуван на висока позиција во УБК од страна на ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власта во Македонија, денес стана предмет на критики од страна на оваа партија која, покрај другото, го нарече „кадар на СДСМ“ која пак спроведувала со неговото унапредување – партизација. -Кадарот на Ковачевски и Зечевиќ за …

На ВМРО-ДПМНЕ сега му пречи и кадарот на Мијалков во АНБ Read More »

СДСМ најавува: До крајот на мандатот ќе има нови капацитети за струја колку половина РЕК Битола


СДСМ најавува дека до крајот на мандатот на оваа влада во Македонија ќе има над 300 мегавати нов енергетски капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола. -Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата.По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска …

СДСМ најавува: До крајот на мандатот ќе има нови капацитети за струја колку половина РЕК Битола Read More »

Албанија ќе гради центар за цивилна заштита од 30 милиони евра


 Албанската Влада донесе одлука за воспоставување систем за цивилна заштита, за што ќе потроши 30 милиони евра, кредит обезбеден од Италија. Министерот за одбрана Нико Пелеши информираше дека е предвидено да се изгради центар за цивилна одбрана, од кој дел ќе бидат оперативни сали поврзани со центарот, изградба на објекти за пребарување и спасување, набавка …

Албанија ќе гради центар за цивилна заштита од 30 милиони евра Read More »

Грција отвори нов музеј во центарот на македонската цивилизација во Вергина


Грција го отвори новиот музеј Аигаи во градот Вергина во кој е вклучен целиот археолошки локалитет од центарот на античката македонска култура. Новиот музеј ги обединува Палатата на Филип, кралските гробници и Музејот на кралските гробници.Премиерот Киријакос Мицотакис, кој го отвори музејот,  истакна дека тој е „важен придонес за развојот на глобалното културно наследство“ што …

Грција отвори нов музеј во центарот на македонската цивилизација во Вергина Read More »

Почна постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк


Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН). Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците …

Почна постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк Read More »

Комитетот на американскиот Конгрес денеска треба да даде препорака за кривичен прогон на Трамп


Комитетот на американскиот Конгрес за истражување на насилството од 6 јануари 2021 година со упадот во Капитолот во Вашингтон денеска ќе го  одржи својот последен состанок, со очекување да даде препорака Министерството за правда да разгледа можност за покренување кривична постапка против поранешниот протседател Доналд Трамп.   Специјалниот комитет на Претставничкиот дом го сочинуваат седум …

Комитетот на американскиот Конгрес денеска треба да даде препорака за кривичен прогон на Трамп Read More »

Ќе се формира оперативен тим за справување со хибридни закани


Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава. На состанокот е донесена одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани. -Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација …

Ќе се формира оперативен тим за справување со хибридни закани Read More »

Виктор Димовски нема да реферира за Онишченко и не се откажува од амбасадорската функција


  Досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска не сакаше да ја коментира најавата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, дека тој, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски деновиве ќе носат политичка одлука дали треба да замине како амбасадор во Франција, откако процедурата е речиси завршена и тој има добиено одобрување …

Виктор Димовски нема да реферира за Онишченко и не се откажува од амбасадорската функција Read More »

САД: Мијалков останува на црната листа без оглед на судските одлуки во Македонија


Амбасадата на САД ги следи одлуките на Апелацискиот суд за предметите „Таргет – Тврдина“ и  „Трезор“ и, без оглед на исходот, најавува дека главнообвинетиот Сашо Мијалков останува на нивната црна листа. „Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет – Тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат во сила“, велат …

САД: Мијалков останува на црната листа без оглед на судските одлуки во Македонија Read More »

Апелација се правда, пресудата за „Таргет -Тврдина“ била нејасна и неразбирлива


  Советот на Апелацискиот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на …

Апелација се правда, пресудата за „Таргет -Тврдина“ била нејасна и неразбирлива Read More »