Австрија издавала визи на руски пратеници под санкции


Австрија се најде на удар на критики бидејќи издала визи на руски парламентарци кои се под санкции, а по повод нивното учество на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена. Москва планира да испрати делегати на состанокот на Парламентарното собрание на ОБСЕ на 23 и 24 февруари, вклучително и 15 …

Австрија издавала визи на руски пратеници под санкции Read More »

Три камиони со помош од Охрид и регионот заминаа за Турција и Сирија


Охриѓани и жителите од поширокиот охридско-струшки регион масовно се одзваа на повикот на градската филијала на Младинското волонтерско здружение на Турците „ТГА“, за собирање помош за настераданите подраќја во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. За само неколку дена се собрани три шлепери помош во храна, вода, облека, средства за хигиена, ќебиња, покривачи, пелени…Камионите со …

Три камиони со помош од Охрид и регионот заминаа за Турција и Сирија Read More »

Русија трпи најголеми загуби од првата недела на инвазијата


  – Најновите разузнавачки информации од Министерството за одбрана на Велика Британија велат дека во текот на изминатите две недели, Русија веројатно претрпела највисока стапка на жртви од првата недела од инвазијата на Украина. „Иако одбранбеното разузнавање не може да ја потврди методологијата на Украина, трендовите што ги покажуваат податоците се веројатно точни. Во просек, …

Русија трпи најголеми загуби од првата недела на инвазијата Read More »

МВР ги одбило генераторите за струја што ги најави Бугарија


На македонскиот граничен премин „Деве Баир“ одбиле да ги земат подарените генератори за струја што ги најави  министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, откако стотина граѓани од Бугарија поради прекин на системот на границата не успеаја да влезат во нашата држава. Според БГНЕС, на граничниот  премин …

МВР ги одбило генераторите за струја што ги најави Бугарија Read More »

Бугарски навивачи на протест во Пловдив за  Пендиков


Стотици навивачи на фудбалски екипи од Бугарија се собрале еден час пред споменикот на Обединувањето во Пловдив за да му изразат поддршка на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, како и да побараат адекватна реакција од бугарските власти, јавуваат бугарските медиуми.Нивното незадоволство било и, како што велат, против политиката на Северна Македонија кон бугарските граѓани. На протестот …

Бугарски навивачи на протест во Пловдив за  Пендиков Read More »

Некои од пандемските мерки беа глупост, вели германскиот министер за здравство


Некои од пандемиските мерки на германските власти беа претерани, призна министерот за здравство Карл Лаутербах. „Некои ограничувања на отворено беа глупост, ако смеам така слободно да се изразам“, кажа Лаутербах во интервју за телевизијата ЦДФ. Според него, во таквите мерки спаѓа забраната за џогинг без маска која што некое време беше во сила. „Секако, јасно е …

Некои од пандемските мерки беа глупост, вели германскиот министер за здравство Read More »

Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари во турската амбасада во САД


Анонимен маж во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста на Твитер.Шариф објави дека донаторот е Пакистанец. „Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од …

Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари во турската амбасада во САД Read More »

Брисел: Обвинувањата дека ЕУ не обезбедува помош за Сирија се „целосно неправедни


  Специјалниот пратеник на ЕУ за Сирија Ден Стоенеску оцени дека е целосно неправедно да се обвинува Унијата дека не обезбедува доволно помош за Сиријците по разорниот земјотрес што погоди делови од Сирија и Турција претходно оваа недела. „Целосно е неправедно да нè обвинуваат дека не даваме помош кога повеќе од една деценија го правиме …

Брисел: Обвинувањата дека ЕУ не обезбедува помош за Сирија се „целосно неправедни Read More »

Се запалила викендица на семејството на Зечевиќ во Маврово


Се запалила викендица во село Леуново каде викендов бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Викендицата била во сопственост на мајката на Зечсвиќ, а пожарот го пријавил токму тој. Од МВР за Фокус официјално потврдиle дека рано утрово бил пријавен пожар. -Денеска наутро околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал …

Се запалила викендица на семејството на Зечевиќ во Маврово Read More »

И по 140 часа пронајдени живи луѓе под урнатините од земјотресот


  Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо на седмиот ден од потрагата по преживеани во Турција. По 149 часа под урнатините, извлечен е маж со епилепсија. Откако бил извлечен на безбедно, бил пренесен во болница. Спасувачките тимови потоа прославиле спасување на уште еден живот гушкајќи се еден со друг. Медиумите потсетуваат дека седумесечно бебе беше …

И по 140 часа пронајдени живи луѓе под урнатините од земјотресот Read More »

Бројот на загинатите во Турција и Сирија надмина 28.000, ОН стравуваат дека ќе биде двапати поголем


  Во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 28.000 луѓе, а официјален претставник на Обединетите нации (ОН) рече дека конечниот биланс на катастрофата може да биде двојно поголем. Шефот на агенцијата на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, вчера престојуваше во турскиот град Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 …

Бројот на загинатите во Турција и Сирија надмина 28.000, ОН стравуваат дека ќе биде двапати поголем Read More »

САД и Канада соборија ново неидентификувано летало


  Уште еден неидентификуван објект е соборен, потврди канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој рече дека најновиот објект „го нарушил канадскиот воздушен простор“ и бил соборен над Јукон во северозападна Канада.   Канадските и американските воени авиони биле во заедничка акција за да го пронајдат и срушат објектот.Трудо потврди дека ја дал наредбата за уривање и …

САД и Канада соборија ново неидентификувано летало Read More »

Германија на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија ќе им понуди брзи визи


  Граѓаните на Турција погодени од земјотресот ќе имаат можност привремено да ги посетат своите роднини во Германија, чии службеници се подготвуваат да го забрзаат издавањето визи и да ја намалат потребната бирократија, јави ДПА. Берлин сака да обезбеди помош откако бројот на загинати во Турција и Сирија вчера надмина 25.000, само неколку дена откако …

Германија на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија ќе им понуди брзи визи Read More »

Уапсени околу 100 лица за грабежи и измами во разурнатите подрачја во Турција


Турските безбедносни сили уапсија најмалку 98 лица во саботата за наводно ограбување оштетени згради и грабеж или измама на жртвите од разорниот земјотрес минатата недела, објави турската државна новинска агенција Анадолу. Најмалку 42 осомничени се под истрага во јужната турска провинција Хатај за наводно ограбување оштетени згради. Уапсени се најмалку 40 осомничени, а безбедносните сили …

Уапсени околу 100 лица за грабежи и измами во разурнатите подрачја во Турција Read More »

Градоначалникот на Дојран пет месеци ќе донира половина плата за Турција и Сирија


Во знак на солидарност и поддршка, градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов во следните пет месеци ќе донира 50 отсто од неговата месечна плата за помош на настраданите во Турција и Сирија.Покрај тоа, на последната седница на Советот на Општина Дојран едногласно е донесена одлука еднократно да се исплатат средства во висина од 300.000 денари …

Градоначалникот на Дојран пет месеци ќе донира половина плата за Турција и Сирија Read More »

Прво го каменуваа, сега го забранија македонскиот културен клуб во Благоевград


На македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ му била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение, информираат од клубот. Во пораката испратена до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев се вели дека ваквата одлука ќе биде обжалена пред суд. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ …

Прво го каменуваа, сега го забранија македонскиот културен клуб во Благоевград Read More »

Задоцнета поштенска испорака на сметки „фактурира“ камати и процедури


  Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што …

Задоцнета поштенска испорака на сметки „фактурира“ камати и процедури Read More »

Град Скопје го нарече дегутантно и срамно тврдењето дека им пречи хуманитарниот камп


  „Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција и уплати парични средства за помош на Сирија …

Град Скопје го нарече дегутантно и срамно тврдењето дека им пречи хуманитарниот камп Read More »

Собранието едвај функционира, а пратеници наплатиле 360.000 евра за патни трошоци


Седумдесет и три пратеници за 11 месеци минатата година инкасирале 360 000 евра за да ги покријат своите патни трошоци. Од пресметката е одземен август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи. Како што објави телевизија „Сител“ врз основа на податоците добиени преку барање за информации од јавен карактер, најмногу патни трошоци …

Собранието едвај функционира, а пратеници наплатиле 360.000 евра за патни трошоци Read More »

СДСМ за новата влада: Обезбедивме мнозинство за реформи и за стабилност


СДСМ  соопшти дека со проширувањето на Владата со учество на Алијансата за Албанците обезбедила мнозинство за реформи и политичка стабилност на државата.  „Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и …

СДСМ за новата влада: Обезбедивме мнозинство за реформи и за стабилност Read More »