И по 140 часа пронајдени живи луѓе под урнатините од земјотресот


 

Турските медиуми јавуваат за уште едно чудо на седмиот ден од потрагата по преживеани во Турција. По 149 часа под урнатините, извлечен е маж со епилепсија. Откако бил извлечен на безбедно, бил пренесен во болница. Спасувачките тимови потоа прославиле спасување на уште еден живот гушкајќи се еден со друг.

Медиумите потсетуваат дека седумесечно бебе беше спасено во турската провинција Хатај, 140 часа по силниот земјотрес што ги погоди таа земја и Сирија. Како што јавува „Anadolu Agency“, една бремена жена и нејзиниот брат биле спасени во провинцијата Хатај, откако биле заробени во урнатините цели 140 часа. Во провинцијата Кахраманмарас, 26-годишен маж е спасен од урнатините на единаесеткатна зграда.

Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и Сирија, додека десетици илјади луѓе беа повредени.