Вархеи очекувал заедничко чествување на 4 февруари


  Eвропскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеи, денеска пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата. – Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу …

Вархеи очекувал заедничко чествување на 4 февруари Read More »

ДОМ ќе ја услови поддршката за реконстрилцијата на Владата


На денешната седница на Централниот одбор зелената партија ДОМ донесе одлука да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ: 1. Да започне процесот на ветинг и да се …

ДОМ ќе ја услови поддршката за реконстрилцијата на Владата Read More »

Претепаното и премрзнато дете во Велес не се сеќава на ништо


 Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ. – Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден му …

Претепаното и премрзнато дете во Велес не се сеќава на ништо Read More »

Меџити: Ќе има повеќе заминувања од власта


   Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници. -Изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници е наменета да се …

Меџити: Ќе има повеќе заминувања од власта Read More »

Кучињата херои во Турција


Мексико во понеделникот му оддаде почит на военото куче за спасување кое загина додека трагаше по преживеани  под урнатините од земјотресот во Турција. Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал ја објави смртта на германскиот овчар  Протео на дневната прес-конференција на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. „Ја исполни твојата мисија… ти благодариме за твојата херојска работа“, објави …

Кучињата херои во Турција Read More »

На Даравелски повторно ќе му се суди


  Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека одново ќе му се суди на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој неодамна им се предаде на македонските власти после долгогодишно бегство. „Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, оформи предмет и изврши …

На Даравелски повторно ќе му се суди Read More »

Демнење стана кривично дело, затвор за напаѓачите на новинари, лекари и адвокати


Напади и закани врз адвокати, здравствени и медиумски работници од сега ќе се третираат како напади врз службени лица, се предвидува во измените на Кривичниот законик за кој по две години во собраниските фиоки, пратениците вчера го изгласаа. Ова значи дека за закани по живот кон оваа група на луѓе ќе се одговара со парична …

Демнење стана кривично дело, затвор за напаѓачите на новинари, лекари и адвокати Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа,Таравари си отиде на самит во Дубаи


Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари си отишол на самит во Дубаи додека во Собранието фрчат навреди од страна на ВМРО-ДПМНЕ за неговата одлука да влезѐво Владата.   -Ми претставува задоволство да учествувам на Светскиот владин самит во Дубаи, сега веќе традиционален глобален дигитален состанок, чија цел е унапредување на стабилноста и просперитетот во …

ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа,Таравари си отиде на самит во Дубаи Read More »

Службени возила во Министерството за животна средина се користеле спротивно на правилникот


Службени возила во Министерството за животна средина и просторно планирање не се употребувале согласно со Правилникот за користење службени возила, утврдила Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). ДКСК  по пријава од познат подносител од МЖСПП, во врска со „недомаќинско работење“ при користењето на службените возила, побарале од министерството да  изготви внатрешна ревизија, при што …

Службени возила во Министерството за животна средина се користеле спротивно на правилникот Read More »

Првиот претседавач на Собранието Никола Стојановски наполни 100 години


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска беше домаќин на првиот претседавач на првото повеќепартиски Парламент, Никола Стојаноски, кој како најстар избран пратеник на 8 јануари 1991 година  ја отвори конститутивната седница на тој пратенички состав. На приемот, покрај Џафери, беа присутни и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на партеничките групи на СДСМ и …

Првиот претседавач на Собранието Никола Стојановски наполни 100 години Read More »

Излегувањето на Павле Трајанов нема да го урне владиното мнозинство, вели Ковачевски


Одлуката која што ја донесе Демократскиот сојуз на Павле Трајанов не претставува уривање на владиното мнозинство, рече премиерот Димитар Ковачевски, додека закројуваше лозје во Ресава, Кавадарци. Според Ковачевски, новото парламентарно мнозинство е силно и стабилно и процени дека новиот владин тим во Собранието ќе биде изгласан со најмалку 64 гласови.  Ковачевски се надева дека ДС …

Излегувањето на Павле Трајанов нема да го урне владиното мнозинство, вели Ковачевски Read More »

Ердоган ги намалил стандардите за градење, сега апси градежници


За време на политичката кампања во 2019 година, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го пофали законодавството што неговата политичка партија го протурка, дозволувајќи им на сопствениците на имот да им се простат прекршоците на градежните компании без да ги усогласат нивните згради. Потегот беше ризичен во Турција, земја полна со дефекти и  подложна на земјотреси, …

Ердоган ги намалил стандардите за градење, сега апси градежници Read More »

Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали


Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд упати критики  кон лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, велејќи дека не може да се дозволи само заради Министерството за здравствои Беким сали да „изгори“ цела партија. Зејд, кој по напуштањето на Алтернатива во јуни минатата година дејствува како независен во парламентот, синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 …

Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека математиката на власта не се остварува


Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека математиката на власта околу засилување на новото парламентарно мнозинство не се остварува и дека на ред да излезат се пратениците на „огнената група“.  „Ништо драстично нема да се смени, суштината на двоецот ДУИ – СДС беше да го зголемат собраниското мнозинство и да си обезбедат комодитет во носењето …

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека математиката на власта не се остварува Read More »

Николоски истури куп навреди и обвинувања за довчерашниот сојузник Таравари


  Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за реконструкција на владата изнесе куп навреди на сметка на довчерашниот политички партнер  во опозицијата, Алијансата за Албанците, и за нејзиниот лидер Арбен Таравари кој дури го обвини и за корупција. Пред сѐ, тој тврдеше дека Таравари на претходните избори го избојкотирал Зијадин Села за да доживее …

Николоски истури куп навреди и обвинувања за довчерашниот сојузник Таравари Read More »

Алтернатива до Ковачевски: Ве спасивме кога бевте во клиничка смрт


Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива на расправата во Собранието околу новата влада изрази жалење што како партија соработувале со  СДСМ бидејќи ги прекршила  договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката рече дека покажале големи резултати. „Имавме политички и кадровски договор. Сите точки од тој …

Алтернатива до Ковачевски: Ве спасивме кога бевте во клиничка смрт Read More »

Почина затвореник во Скопје


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н.(54) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. -Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна лекар констатирал смрт, информира МВР. По наредба на Јавен обвинител, …

Почина затвореник во Скопје Read More »

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање на Владата


Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денеска во изјава за медиумите од Собранието тврдеше дека има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата. -Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските …

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање на Владата Read More »

Киев: Радев не предлага мир, туку да клекнеме на колена


Бугарскиот претседател Румен Радев предложи Украина „да клекне на колена“ и да продолжи да дозволува „да ги убиваат нашите деца“. Ова го изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, во врска со изјавите на шефот на бугарската држава за време на неговото учество на состанокот на лидерите на ЕУ минатата недела. …

Киев: Радев не предлага мир, туку да клекнеме на колена Read More »

Закажано судењето против Жан Митрев


Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението против Жан Митрев и неговата приватна болница  и  го закажа првото судско рочиште на 28 февруари.   -Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. …

Закажано судењето против Жан Митрев Read More »