На супервештакот за Ласкарци му се заканува стражарно спроведување


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, наместо да се слушне клучното вештачење на Зекирија Зекири, поради чие отсуство од здравствени причини, беа одложени веќе неколку рочишта од судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, се испитуваше вештото лице Јованка Савова, како дел од тимот што го изготви супервештачењето кое судот го нарача во декември 2021 година. …

На супервештакот за Ласкарци му се заканува стражарно спроведување Read More »

Лајка: Нема ништо поштетно од партиското препукување место решавање на проблемите


  Речиси секој ден се регистрираат нови напади од улични кучиња низ скопските улици, а само за минатата година градот Скопје исплатил 10 милиони денари како отштета на граѓани кои биле каснати. Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски за „Студио 10“ вели дека Министерството за внатрешни работи (МВР) мора да ги засили контролите, затоа што …

Лајка: Нема ништо поштетно од партиското препукување место решавање на проблемите Read More »

Синови, ќерки, снаи, сопруги ќе станат идни судии и обвинители


Синови, ќерки, снаи на судии и обвинители и на поранеши претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, се  дел од имињата на конечната ранг-листа на 57 кандидати од седмата генерација што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Согласно со законската обврска, Академијата …

Синови, ќерки, снаи, сопруги ќе станат идни судии и обвинители Read More »

Ќе останеме без бурек, бурекџиите сѐ постари и пред пензија


  Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата …

Ќе останеме без бурек, бурекџиите сѐ постари и пред пензија Read More »

Протече документ што покажува како Русија планира да ја преземе Белорусија


 Протече документ кој покажува како Русија планира да ја преземе Белорусија. Документот, напишан за претседателската администрација на Путин, предвидува целосна инкорпорација на Белорусија во „унитарна држава“ со Русија до 2030 година. Протечениот документ за внатрешна стратегија од извршната канцеларија на Владимир Путин, до кој дојде Yahoo News, прикажува детален план за тоа како Русија планира …

Протече документ што покажува како Русија планира да ја преземе Белорусија Read More »

Пригожин обвини високи руски функционери за предавство


Основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин,  изјави дека министерот за одбрана на земјата и началникот на Генералштабот ги лишуваат неговите борци од муниција, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го уништат Вагнер, пренесе Ројтерс. Некогаш угостителски претприемач кој претходно ја избегнуваше јавноста, Пригожин презеде повидлива улога од почетокот на војната во Украина …

Пригожин обвини високи руски функционери за предавство Read More »

Кина е загрижена дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола


Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина. Чин Ганг на учесниците на безбедносната конференција во Пекинг им рече дека Кина е загрижена дека војната, која трае речиси една година, може дополнително да ескалира и „да излезе од контрола“. „Пекинг е …

Кина е загрижена дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола Read More »

Навални: Рускиот пораз во Украина е неизбежен


 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, затворен повеќе од две години, оцени дека воениот пораз на Кремљ е „неизбежен“ во Украина, во пресрет на годишнината од големата руска офанзива против таа земја. „Конечниот воен пораз (во Украина) сè уште може да биде одложен по цена на животите на стотици илјади мобилизирани (руски резервисти неодамна повикани од …

Навални: Рускиот пораз во Украина е неизбежен Read More »

Бајден доби плочка на Алејата на храброста


Претседателот на САД, Џо Бајден, доби плочка во Алејата  на храброста во Киев.  Патеката на храбрите беше поставена во Киев на иницијатива на претседателот на Украина Володимир Зеленски за 31-годишнината од независноста на земјата. Местото не беше случајно избрано, бидејќи беше на плоштадот на Уставот спроти Врховната Рада. На Алејата се наоѓаат плочки на неколку …

Бајден доби плочка на Алејата на храброста Read More »

БиХ ќе го лансира првиот сателит, и Македонија ќе влезе во светската вселенска програма


   Босна и Херцеговина до крајот на првата половина од годинава треба да го лансира својот прв сателит во орбитата. Станува збор за сателит кој е подарок од Индиската вселенска агенција за Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа (SESA), која освен БиХ ги вклучува и Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Хрватска. „Тие ни го дадоа тој …

БиХ ќе го лансира првиот сателит, и Македонија ќе влезе во светската вселенска програма Read More »

Елизабета Дуковска предложена за уставна судијка


 Судскиот совет на  Македонија на денешната 431 седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го усвои предлогот до Собранието за судија на Уставниот суд од редот на судиите да биде предложена судијката од Апелационен суд Скопје Елизабета Дуковска. Дуковска се предлага на местото на судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат истече. Судијката од Апелационен суд …

Елизабета Дуковска предложена за уставна судијка Read More »

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилните отсуства


Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре, откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. „Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на …

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилните отсуства Read More »

Грција подготвува законски пречки за ревизиите на ЕУ


Во грчкиот Парламент во моментов се расправа за нацрт-закон со кој се поставуваат пречки за потенцијални ревизии од страна на европскиот обвинител  околу  дел од фондовите на ЕУ што се карактеризираат како „доверливи“ активности. Ваквата најава предизвика силни реакции во брисел, при што портпаролот на Европската комисија изјави за Еурактив дека „нема тајни средства“ кои …

Грција подготвува законски пречки за ревизиите на ЕУ Read More »

„Мебел-Ви“ се оградува од „Лазаров подкаст”, обвинителството го разгледува случајот


  Компанијата „Мебел-Ви“ известува дека во врска со објавеното интервју на Стефан Лазаров на неговиот подкаст на Јутјуб, се оградува од ставовите и содржината искажани во емисијата.   „Како компанија сме соработувале со огромен број медиуми и емисии и сме поддржувале многу млади луѓе кои работат и творат во Македонија, но ниту сме имале, ниту …

„Мебел-Ви“ се оградува од „Лазаров подкаст”, обвинителството го разгледува случајот Read More »

Бајден дојде во ненајавена посета на Киев (ВИДЕО)


  Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во ненајавена посета на Киев, а таму го пречека украинскиот претседател Володомир Зеленски. Посетата се случува пред годишнината на воената инвазија на Русија врз Украина. Центарот на Киев е блокиран, а социјалните мрежи се преполни со снимки од невообичаено долга колона возила. За време на посетата Бајден најави нов …

Бајден дојде во ненајавена посета на Киев (ВИДЕО) Read More »

Проработи системот „Мое осигурување” на ФЗО


  Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот. -До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени …

Проработи системот „Мое осигурување” на ФЗО Read More »

ВМРО-ДПМНЕ влезе во конфликт со Груби, го обвинува за злоупотреби


ВМРО-ДПМНЕ му објави „војна“ на Артан Груби, а преку него сака да го урне рејтингот и на ДУИ, помагајќи им на „огнените“ да ја растурат партијата. На секој саат од оваа партија излегува обвинение за наводното богатење на семејството на Груби, при што се споменува дуќан на улицата „Македонија“  и бизнис со баждарење бензиски пумпи.  …

ВМРО-ДПМНЕ влезе во конфликт со Груби, го обвинува за злоупотреби Read More »

Русија ја внесува нафтата во ЕУ преку Бугарија, но не за долго


Софија — Можноста на Русија да ја продава сурова нафта стана многу  потешка откако беше договорена забрана да го транспортира своето црно злато со бродови до ЕУ и откако стапи на сила ограничувањето на ЕУ за цената на извозот на руската нафта од 60 долари за барел. Податоците сугерираат дека овие мерки имаат влијание. Извозот на …

Русија ја внесува нафтата во ЕУ преку Бугарија, но не за долго Read More »

Фамозното писмо на Алтернатива се уште се пишува


Пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, кој мината година ја напушти Алтернатива и делува како независен пратеник, на денешната прес-конференција во Собранието информира дека пред три дена се сретнал со премиерот Димитар Ковачевски, со кого разговарале за испраќање на писмо до Европската унија во врска со судските случаи за кои постои сомнеж дека имало политичко влијание. Тој истакна …

Фамозното писмо на Алтернатива се уште се пишува Read More »

Мега расправата за разрешување на министрите продолжува во понеделник


Пратениците денеска почнаа расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, откако доцна синоќа заврши расправата за предлогот од Владата за разрешување на неговиот сопартиец Беким Сали. Гласањето по таа точка од дневниот ред ќе биде дополнително, бидејќи немаше доволен број пратеници во собраниската сала. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во …

Мега расправата за разрешување на министрите продолжува во понеделник Read More »