Унгарските парламентарци не знаат кога и дали ќе се ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО


Унгарските парламентарци, кои се во посета на Финска и Шведска, денеска не можеа да потврдат кога унгарскиот парламент ќе го ратификува приемот на овие скандинавски земји во НАТО. Шефот на унгарската парламентарна делегација Чаба Хенде истакна дека почетокот на ратификацијата е ветувачки, но дека не сугерира кога и каква одлука ќе биде донесена. Заменик-претседателот на …

Унгарските парламентарци не знаат кога и дали ќе се ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО Read More »

Турска делегација ќе ја посети Русија следната недела


Турска делегација ќе ја посети руската престолнина следната недела поради технички разговори пред планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Иран и Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе Анадолија. – Од Русите стаса понуда да се одржи состанок на техничко ниво како подготовка за евентуален состанок на …

Турска делегација ќе ја посети Русија следната недела Read More »

Лога: Без поддршка од ЕУ и САД, ветинг не може да има


 Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој во интервју за „Програма 200“ во Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. …

Лога: Без поддршка од ЕУ и САД, ветинг не може да има Read More »

Новиот министер за здравство најави смена на директори на клиники


Сообраќајниот хаос на Клинички центар, ажурирањето на позитивната листа на лекови и зголемување на платите на здравствените работници, се меѓу главните приоритети на министерот за здравство Фатмир Меџити што ги најави на денешниот прв брифинг со новинарите. На брифингот, министерот најави и нов Ургентен тријажен центар на интерни клиники. Тој потсети дека и самиот доаѓа …

Новиот министер за здравство најави смена на директори на клиники Read More »

Агелер: Зајакнување на правосудството е главен приоритет за САД


  Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде Амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и …

Агелер: Зајакнување на правосудството е главен приоритет за САД Read More »

Место да обучуваат, увезуваат здравствени работници на штета на посиромашните држави


Во април 2020 година, за време на првата фаза од пандемијата, Романија се соочи со најголем број на инфекции со корона и смртни случаи во цела Европа. Не само поради сомнежот за вакцината – едноставно немаше доволно медицински персонал да се грижи за пациентите. Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии  ниту една друга европска …

Место да обучуваат, увезуваат здравствени работници на штета на посиромашните држави Read More »

 НАТО ќе помогне да изградиме отпорност кон хибридните закани


Делегација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, имаше состамок на експертско ниво  на кој домаќин беше секретарот на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница Даниела Илиоска. На состанокот се говорело за  за хибридните закани и напади со кои се соочуваме како земја изминатиов период.  -Граѓаните се безбедни …

 НАТО ќе помогне да изградиме отпорност кон хибридните закани Read More »

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа


   Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на 107. седница информира дека Зоран Димитровски поднел оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа. Џафери потенцира дека Димитровски не сакал да го користи правото да ги образложи причините за оставка и со ова му престанува функцијата. Оставката на Димитровски следува по излегувањето на неговата партија Демократски …

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа Read More »

Америка сака да ги отргне африканските суровини од контролата на Кина


  Најголемата африканска конференција за рударство, Рударската Индаба, е сон на секој антрополог. На неа доаѓаат корпоративни извршни директори, алфа мажи подготвени да склучат големи зделки за големи пари. Има инженери во светли корпоративни костуми кои личат на тим за турнир на пикадо, како и шарени африкански делегации, облечени во шарени крпи или конгоанки со …

Америка сака да ги отргне африканските суровини од контролата на Кина Read More »

Зеленски: Со заземањето на Бахмут Москва би имала „слободен пат“ кон источна Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека во случај на заземање на Бахмут, за кој со месеци се водат борби, руската армија ќе има „слободен пат“ да ги окупира градовите во источна Украина. – Разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму, би можеле да одат во Краматорск, во Словјанск, патот би бил слободен за …

Зеленски: Со заземањето на Бахмут Москва би имала „слободен пат“ кон источна Украина Read More »

Груби ги нарече хистерични реакциите за играњето фудбал во неговиот кабинет


Не гледам ништо неморално и неетично во тоа што игравме фудбал во мојата канцеларија, коментарите  се недолични, порача вицепремиерот Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, на кои се гледа како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата. Груби посочи дека пораката …

Груби ги нарече хистерични реакциите за играњето фудбал во неговиот кабинет Read More »

СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад некои од дојавите за бомби


ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата, тврди Миле Талески, пратеник на СДСМ. Според него, во јавните настапи на претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како на пример на Весна Јаневска која повика на непочитување на новите протоколи, директно се поткопува  дејствувањето на надлежните институции во …

СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад некои од дојавите за бомби Read More »

Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити?


Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити? – е дилемата што се јавува откако лидерот на најголемата политичка партија на Албанците го именуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи како координатор за политички процеси во чаирскиот огранок на ДУИ – финкција непозната досега во охранокот. Иако Османи молчи, одлуката ја потврди вицепремиерот Артан Груби кој …

Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити? Read More »

Алијансата за Албанците го скрои списокот за директори


Алијанса за Албанците го направи изборот на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. За директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје Бујаре Абази. Со Фондот за пензиско предложен е да раководи Арсим Хасани, додека на директорската позиција во Тетовската болница доаѓа …

Алијансата за Албанците го скрои списокот за директори Read More »

Прекината расправата за избор на судии поради кавга за процедура


Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата која требаше да продолжи попладнево е прекината, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска од СДСМ и заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова почнаа да се препираат. На дневен ред на седницата е точката за утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд …

Прекината расправата за избор на судии поради кавга за процедура Read More »

Бугарско бескрајно изборно пропаѓање


  На почетокот на април во Бугарија ќе се одржат петти парламентарни избори за помалку од две години. Ниту Израел, со ист број на избори но за четири години, или Шпанија со четири избори во четири години, не се блиску до фреквенцијата со која Бугарите се повикуваат на гласање. Најблискиот европски преседан се случи пред повеќе …

Бугарско бескрајно изборно пропаѓање Read More »

Наскоро сметки ќе се плаќаат и во супермаркети


Штедилници, но и продавници, ќе може да даваат платежни услуги. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој беше претставен од страна на Народната банка. Во Законот е наведено дека платежна институција и институција за електронски пари може да биде трговско друштво основано во Република Северна Македонија, кое добило дозвола од …

Наскоро сметки ќе се плаќаат и во супермаркети Read More »

Мицотакис го држел две години во фиока договорот за нова сигнализација на железницата


Европското јавно обвинителство  започнало истрага за договорот за надградба на сигналниот систем на грчките возови. Доколку системот беше функционален, оваа опрема можеше да ја спречи железничката несреќа на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 50 луѓе. „Можам да потврдам дека навистина има тековна истрага, гледајќи исклучиво на можни штети врз финансиските интереси во ЕУ“, …

Мицотакис го држел две години во фиока договорот за нова сигнализација на железницата Read More »

Семејството на умреното деветмесечно бебе живеело во добри услови


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот …

Семејството на умреното деветмесечно бебе живеело во добри услови Read More »

Израел врие, сите против судските реформи на Нетанјаху


Сите поранешни команданти на израелските воздухопловни сили (ИАФ) денеска, во писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ја изразија својата загриженост за напорите на владата радикално да ја ограничи моќта на судството во време на протести на пилотите и авионскиот персонал. „Со длабока загриженост ги следиме процесите што се случуваат …

Израел врие, сите против судските реформи на Нетанјаху Read More »