Навални страда од непозната болест, се сомневаат дека е отруен во затворот


Најпознатиот руски дисидент и опозициски лидер, Алексеј Навални, боледува од непозната болест,  чии симптоми можно е да ги стекнал со бавно труење, бидејќи само во последниве две недели изгубил осум килограми од својата тежина, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш, пренесуваат британските медиуми. „Не ја исклучуваме можноста Алексеј Навални да бил отруен и полека да умре за …

Навални страда од непозната болест, се сомневаат дека е отруен во затворот Read More »

Ковачевски: Наскоро ќе бидат познати имињата на експертите за уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави и имињата на експертите од академската фела од работната група за уставни измени.    -Во однос на комисијата таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда, кое ги објави експертите од политичките партии. Во текот на наредниот период …

Ковачевски: Наскоро ќе бидат познати имињата на експертите за уставните измени Read More »

Ле Пен: Ако победи Русија ќе биде катастрофа, ако победи Украина уште поголема


Лидерката на француското Народно движење, Марин Ле Пен во интервју за група медиуми, меѓу кои и шпанскиот весник „Ел Паис“, изјави дека кога една држава напаѓа друга не постои можност за дистанцирање и оти мора да се заземе став. Според неа на Русија треба да ѝ се воведат санкции, но не во енергетскиот сектор. –  Ако …

Ле Пен: Ако победи Русија ќе биде катастрофа, ако победи Украина уште поголема Read More »

Абазовиќ најавува кривично гонење на Мило Ѓукановиќ


  Се помести раката на правдата во Црна, а само прашање е на нејзината брзина, кривично се гонети луѓе од судската врхушка, полицијата, најверојатно ќе се гонат и луѓе од политичката сфера, изјави црногорскиот премиер со технички мандат, Дритан Абазовиќ. Абазовиќ во интервју за телевизијата БиХ кажа дека ќе се види дали раката на правдата …

Абазовиќ најавува кривично гонење на Мило Ѓукановиќ Read More »

Почнува крајот на ерата на фосилните горива


Оваа 2023 година ќе го означи почетокот на крајот на ерата на фосилните горива, по врвот на глобалните емисии на електрична енергија во 2022 година, според новиот извештај објавен во  од енергетскиот тинк-тенк Ember. „Ова е одлучувачка деценија за климата, ова е почеток на крајот на фосилното доба. Влегуваме во ерата на чиста енергија“, рече …

Почнува крајот на ерата на фосилните горива Read More »

Петнаесет земји членки на ЕУ ја тужат Унгарија


Европските медиуми го нарекоа револуционерен потегот со кој 15 земји-членки на Европската унија преземаат правни мерки против владата на Виктор Орбан. Овој историски потег го истакнува не само јазот меѓу Брисел и Будимпешта, туку нагласува и дека бројни други европски престолнини ги здружија силите во спротивставување на политиките на унгарската влада. Контроверзниот унгарски закон за …

Петнаесет земји членки на ЕУ ја тужат Унгарија Read More »

Првите три месеци годинава со најмногу настрадани мигранти од 2017 година


Првите три месеци од 2023 година беа најсмртоносните од 2017 година за мигрантите кои се обидоа да го преминат Медитеранот, според податоците објавени во средата од Меѓународната организација за миграција. Проектот за исчезнати мигранти на Агенцијата за миграција на ОН документираше 441 смртен случај  во Централниот Медитеран во периодот од јануари до март. Во меѓувреме, граничната …

Првите три месеци годинава со најмногу настрадани мигранти од 2017 година Read More »

Османи во Ереван бара решение за конфликтот на Ерменија со Азербејџан


 Актуелната состојба и односите помеѓу Ерменија и Азербејџан беа главна тема на денешната средба на претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.  – ОБСЕ ги поддржува иницијативите за постигнување на мировен договор. Од огромно значење е конечно да се решат долгогодишните прашања и да се нормализираат …

Османи во Ереван бара решение за конфликтот на Ерменија со Азербејџан Read More »

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите


Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи  и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на …

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите Read More »

„Политико“: Киев огорчен поради протечените информации на американските разузнавачи


  Официјални лица во Киев се огорчени од протечените американски разузнавачки информации кои ја поткопуваат способноста на Украина да ја врати територијата заземена од Русија оваа пролет, пишува порталот „Политико“. Медиумот посочува дека високи украински функционери се особено бесни поради протекувањето на „строго доверлива“ проценка од февруари, што сугерира дека Украина ќе оствари само „скромни …

„Политико“: Киев огорчен поради протечените информации на американските разузнавачи Read More »

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за …

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници Read More »

Борисов: Влада на ГЕРБ-СДС и Продолжуваме со промените е врвен приоритет на Бугарија


Влада составена од ГЕРБ-СДС и коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ е врвен приоритет, изјави утринава пред новинарите во бугарскиот Парламент лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Борисов денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, и по неа тој кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и социјалната политика. Тој …

Борисов: Влада на ГЕРБ-СДС и Продолжуваме со промените е врвен приоритет на Бугарија Read More »

Судењето на Зеќири вратено на почеток


Поради истек на време и промена на членови на Судечкиот совет, судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна од почеток. Овој процес беше подолг период во прекин, откако Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека …

Судењето на Зеќири вратено на почеток Read More »

Потопло време дури од мај


  За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави.   Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со …

Потопло време дури од мај Read More »

Тренчевска: Одредбата за 60-часовна работна недела би била неуставна доколку се однесува на сите работници


  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека со измените и дополнувањата на Законот за работни односи, поврзани со коридорите 8 и 10д и 60-часовната недела се предвидува ангажирање на работници за прекувремена работа со нивна согласност. Тренчевска рече дека понекогаш процесите за изградба на инфраструктура бараат итност, а некои не …

Тренчевска: Одредбата за 60-часовна работна недела би била неуставна доколку се однесува на сите работници Read More »

Обвинителството на терен во Пинтија, испитуваат како се случила трагедијата


  Јавното обвинителство соопшти дека извршило увид на местото каде осумгодишно дете беше нападнато и почина, по напад од куче на сосед во скопската населба Пинтија. Од Обвинителството потврдија дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. – Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија …

Обвинителството на терен во Пинтија, испитуваат како се случила трагедијата Read More »

Радев тврди дека повеќепати го канел Пендаровски


Во последните години најмалку десет пати го поканував претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев на маргините од конститутивната седница на новоизбраниот состав на Народното собрание, коментирајќи ја синоќешната изјава на шефот на македонската држава дека во последните две години немал ниту еден конструктивен разговор …

Радев тврди дека повеќепати го канел Пендаровски Read More »

Маричиќ: Не правиме уставни измени „на мускули“, не сакаме да губиме време


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска изјави дека работната група за уставни измени по празниците ќе се состане и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.    -Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и …

Маричиќ: Не правиме уставни измени „на мускули“, не сакаме да губиме време Read More »

Ковачевски до Мицкоски: Ти нема да гласаш, не си релевантен за уставните измени!


За премиерот Димитар Ковачевски, ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се нерелевантни бидејќи тој не е пратеник, а  процесот ќе се одвива во Собранието каде што ќе гласаат пратениците. Тој верува дека Собранието има демократски капацитет и дека ќе ги усвои измените.   -Претседателот на опозицијата не е пратеник, па така тој е нерелевантен …

Ковачевски до Мицкоски: Ти нема да гласаш, не си релевантен за уставните измени! Read More »

Ковачевски ги повика САД и Турција да кажат дали некој барал мито за коридорите


Премиерот Димитар Ковачевски возврати денес дека тоа што обвинува Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ за договорот со „Бехтел и Енка“ е лага и дека во договорот од 400 страници се дефинирани сите услови за изградба на автопатот и дека денес ќе бидат презентирани сите детали. -Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека …

Ковачевски ги повика САД и Турција да кажат дали некој барал мито за коридорите Read More »