Обдукцијата потврди дека коњите во ЗОО Скопје биле намерно отруени


Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, соопштија денес од Зоолошктата градина во Скопје.   -Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага …

Обдукцијата потврди дека коњите во ЗОО Скопје биле намерно отруени Read More »

И ние си имаме Радев


Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него …

И ние си имаме Радев Read More »

Ќучук предупредува: Македонија ќе заостане зад Албанија


Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ). Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови. „Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за …

Ќучук предупредува: Македонија ќе заостане зад Албанија Read More »

Поскапуваат патарините во Грција


Концесионерите на главните грчки автопати најавија значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми. Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 …

Поскапуваат патарините во Грција Read More »

Хрватските навивачи ќе одговараат за тешки кривични дела


  За четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла и за криминална организација, кривично ќе се гонат уапсените 104 лица, од кои над 90 се хрватски државјани, за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим. Во кривичните дела е вклучено …

Хрватските навивачи ќе одговараат за тешки кривични дела Read More »

Прегазено куче доби инвалидска количка од „Мерцедес“


Mercedes Benz и Eddie’s Wheels, компанија која создава прилагодени инвалидски колички за кучиња, соработуваа за да направат инвалидска количка за куче кое настрадало во сообраќајна несреќа во Мексико. Animal Pad, служба за спасување кучиња, го забележала двегодишното кученце уште во април додека работела на спасувачка операција во Мексико. Тие забележале дека на кучето му недостасуваат …

Прегазено куче доби инвалидска количка од „Мерцедес“ Read More »

Бугарија ќе го сокрие во музеј Споменикот на Советската армија во Софија


Бугарската држава ќе ја преземе целата организација на преместувањето на споменикот на Советската армија, без сопственоста да биде префрлена на општина Митрополитот. Ова на Фејсбук го напиша градоначалникот на градскиот регион „Средец“ Траичо Трајков. Според него, информацијата ја потврдила Вјара Тодева – регионален гувернер на Софија. Администрацијата на регионалната администрација во Софија пред неколку дена …

Бугарија ќе го сокрие во музеј Споменикот на Советската армија во Софија Read More »

Ветингот во Албанија покренува непријатни прашања за соседството


Долго време се поставуваа прашања за потеклото на богатството на албанскиот судија Артур Малај. Но, кога тој го помина процесот на судска проверка во Албанија, надлежната комисија го потврди на функцијата. Потребна беше комисија од меѓународни експерти за да изврши притисок за да се направи ревизија не само на имотот на Малај, туку и на …

Ветингот во Албанија покренува непријатни прашања за соседството Read More »

Десничарските и евроскептични партии ќе се засилат со над 20 места во Европскиот парламент


БРИСЕЛ – Десничарските и евроскептичните партии ќе се зголемат на следните европски избори на сметка на центристичките партии, покажува ексклузивната анализа на анкетите на Одделот за истражување и анализа на Политико. Доколку изборите се одржат денеска, десничарските европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) би станале трета по големина група во Европскиот парламент — врзана со центристичката …

Десничарските и евроскептични партии ќе се засилат со над 20 места во Европскиот парламент Read More »

Русија продолжува да користи хемиско оружје во Украина


Руските сили продолжуваат да користат хемиско оружје во Украина, прекршувајќи ги меѓународните конвенции, изјави Олександр Тарнавски, командант на воениот сектор Таврија. Според Тарнавски, руските трупи истрелале два артилериски баражи со муниција што содржела хемиска супстанција, веројатно хлоропикрин, на 6 август. Изложеноста на пареата на хлоропирин предизвикува силна иритација на кожата, очите и, доколку се вдишат, …

Русија продолжува да користи хемиско оружје во Украина Read More »

Австриската министерка и партнерка за танц на Путин се преселила во Русија


  Поранешната австриски министерка за надворешни работи и танцувачки партнер на Путин, Карин Кнајсл, се пресели во Русија, пишуваат руски медиуми. Кнајсл, на чија свадба танцуваше Владимир Путин, се населила во селото Петрушово во Рјазанската област. Кнајсл беше шеф на австриската дипломатија од декември 2017 до јуни 2019. Таа, меѓу другото, е позната и по …

Австриската министерка и партнерка за танц на Путин се преселила во Русија Read More »

Огромна експлозија во воена фабрика близу Москва (ВИДЕО)


Огромна експлозија се случи во фабриката за оптичко-механички погон „Загорск“ во близина на Москва. Фабриката имала договори со руското Министерство за одбрана и е дел од „Швабе Холдинг“, кој произведува термички слики, ласери за далечина. пиротехнички сретства и други слични производи. „Швабе холдинг“, пак, е дел од руската државна корпорација „Ростек“ која опфаќа околу 800 …

Огромна експлозија во воена фабрика близу Москва (ВИДЕО) Read More »

Богоев: Струја во ВМРО-ДПМНЕ го тегне Мицкоски „за уши“


  Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за ТВ21 повтори дека на лидерската средба бил постигнат договор во однос на уставните измени. „Мицкоски излезе и кажа, договоривме техничка влада, барам да биде без ДУИ, но после изгледа го искараа. Има една структура внатре во ВМРО–ДПМНЕ, порадикална, која што, условно кажано, го влече за уши …

Богоев: Струја во ВМРО-ДПМНЕ го тегне Мицкоски „за уши“ Read More »

Османи си прави „ДУИ тим“ во ОБСЕ


  Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денес е во посета на Узбекистан каде што во својство на претседавач со ОБСЕ ќе има средби со највисоките функционери на државата, претседателот, министерот за надворешни работи и претседателката на Сенатот. Според фотографиите што ги објави од првата средба се гледа дека во неговата делегација е и поранешниот министер …

Османи си прави „ДУИ тим“ во ОБСЕ Read More »

Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа


  Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција, по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител. Уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата што ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија во Атина, вчера …

Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа Read More »

Банките во Хрватска не можат веќе да наплатуваат провизија за предвремено отплатени кредити


Уставниот суд на Хрватска пресуди дека т.н излезни такси за предвремена отплата на банкарски кредити се незаконски. Имено, банките во договорот за заем имаат одредба дека заемопримачот може целосно или делумно да го отплати кредитот пред крајниот рок и дека е должен да плати провизија за предвремена отплата на кредитот. Висината на надоместокот беше утврдена …

Банките во Хрватска не можат веќе да наплатуваат провизија за предвремено отплатени кредити Read More »

Хакери со месеци незабележено пристапувале до податоците на британската Изборна комисија


 Хакери цели 15 месеци, во 2021 и минатата година, незабележано пристапувале до избирачките списоци во Велика Британија, соопшти денеска Изборната комисија, додавајќи дека станува збор за „комплексен кибер напад“.  „Непријателските актери“ можеа да пристапат до деталите за името и адресата на секој во Обединетото Кралство што се пријавил за гласање во периодот од 2014 до …

Хакери со месеци незабележено пристапувале до податоците на британската Изборна комисија Read More »

Вардарскиот регион шампион во користењето на ИПА парите


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.   Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е …

Вардарскиот регион шампион во користењето на ИПА парите Read More »

Дрвјата околу палатите во Посдам преживеале 600 години, сега се сушат од климатските промени


Климатските промени предизвикуваат сериозни штети на вековните дрвја во Сансуси – раскошната летна палата изградена во 18 век како пруски одговор на Версај. Обемните терени со уредени градини во Потсдам, југозападно од Берлин, се опкружени со парк исполнет со високи повеќевековни џинови кои сега ги доживуваат негативните ефектите од продолжената суша. Шумскиот менаџер Свен Ханеман …

Дрвјата околу палатите во Посдам преживеале 600 години, сега се сушат од климатските промени Read More »

Црвениот крст на РСМ со донација за настраданото население во Словенија


Црвениот крст на РСМ  издвои средства во висина од 5.000 евра за помош за справување со последиците од катастрофалните поплави и силното невреме што ја зафтија Словенија.  Како што информираат од Црвениот крст, понудени се волонтери и тимови за соодветна интервенција кои во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција. Сите заинтересирани правни …

Црвениот крст на РСМ со донација за настраданото население во Словенија Read More »