Стојков до Радев: Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест!


  Стојко Стојков од ОМО „Илинден – Пирин“ ја нарече „цинизам“ вчерашната лекција од бугарскиот претседател Румен Радев, кој освен што тврдеше дека новата македонска влада нема знаења за меѓународното право, уверуваше дека во Бугарија не се случува тепање на граѓани што декларираат друг идентитет, не се држат подалеку од позиции во јавната администрација, не …

Стојков до Радев: Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест! Read More »

Последните измени на Кривичниот законик на штета на борбата против корупција


Измените во Кривичниот законик од 2023 година штетно влијаеа врз правосудниот систем и врз исходот на кривичните постапки поврзани со случаи на висока корупција бидејќи поголем дел беа запрени поради застарување. Потребни се правни механизми за да се ублажат штетните последици од донесените законски измени со коишто се донесени ослободителни пресуди.Ова се дел од поентите …

Последните измени на Кривичниот законик на штета на борбата против корупција Read More »

МНР го смени ставот, застана зад осудата на „законот за странски агенти“ во Грузија


  Министерството за надворешни работи го смени ставот или се „разбуди“, откако ја преспа заедничката изјава во Советот за човекови права на ОН во Женава со која се осудува новиот закон за транспарентност на странско влијание во Грузија, или попознат како „закон за странски агенти“ во медиумите, невладините и други организации по примерот на тоа …

МНР го смени ставот, застана зад осудата на „законот за странски агенти“ во Грузија Read More »

Агелер: Довербата во правосудството е шокантно ниска


Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, бидејќи државата има добро изработени закони и искусни обвинители и судии, смета американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. На Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Агелер порача дека тие треба …

Агелер: Довербата во правосудството е шокантно ниска Read More »

Што содржи планот на Трамп за НАТО?


 Доналд Трамп се закани дека ќе го напушти НАТО толку пати што за многу од неговите критичарите, прашањето е кога, а не дали тој би се откажал од 75-годишниот сојуз ако биде реизбран за претседател во ноември. За волја на вистината, малку е веројатно дека Трамп целосно ќе го напушти НАТО, според интервјуата со поранешни …

Што содржи планот на Трамп за НАТО? Read More »

Зошто не успеа макронизмот?


По одлучувачкиот пораз на неговата партија од екстремно десничарското „Националниот собир“ на изборите за Европскиот парламент, францускиот претседател Емануел Макрон ги шокираше сите со распуштање на Националното собрание и распишување предвремени избори. Својата одлука ја мотивираше со изјавата дека изборите ќе ја „разјаснат“ политичката ситуација, но ваквото мислење не го делат неговите сонародници. Дури и …

Зошто не успеа макронизмот? Read More »

Бајден објаснува: За малку ќе заспиев на дебатата


  Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси во минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен. Тој им рече на новинарите дека „не бил многу паметен“ бидејќи „неколку пати патувал низ светот“ пред дебатата. Настапот на Бајден во дебатата беше оценет како катастрофален. За време на дуелот, тој даде низа некохерентни и збунувачки одговори …

Бајден објаснува: За малку ќе заспиев на дебатата Read More »

СДСМ не го плашат ќорците на „тројанскиот коњ Максим Димитриевски“


СДСМ реагираше на понудата од ЗНАМ да ги прими во партијата сите разочарани членови на нивната партија.   -Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитриевски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и …

СДСМ не го плашат ќорците на „тројанскиот коњ Максим Димитриевски“ Read More »

Радев смета дека новото македонско раководство не го знае меѓународното право


Државното раководство на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно им недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна …

Радев смета дека новото македонско раководство не го знае меѓународното право Read More »

Македонија во ОН гласала во интерес на Москва


Македонската надворешна политика го менува стратешкиот курс. Во Советот  за човекови права на ОН го напушти друштвото на демократиите и им се приклучи на државите со авторитарни тенденции кои ги поддржуваат ставовите на Москва, пишува Либертас. Македонија заедно со Унгарија, Србија и Словачка не ја поддржа Декларацијата во Советот за човекови права на ООН со …

Македонија во ОН гласала во интерес на Москва Read More »

ЗНАМ ги отвора вратите за сите разочарани членови на СДСМ


Движење ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција. Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател …

ЗНАМ ги отвора вратите за сите разочарани членови на СДСМ Read More »

Дрво падна врз жена во Скопје


Силен ветер откорна дрвја во центарот на Скопје. Eдно дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21. Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците. Паднати голем …

Дрво падна врз жена во Скопје Read More »

Деспотовски бара одговор за 11.000 члена на СДСМ што не можеле да гласаат


Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, по изборниот пораз од Венко Филипче смета дека е рано да каже дали ќе повторно ќе влезе во трката за партиски претседател во март, со забелешка дека „мора да се види крајот на актуелниот изборен процес“. Тој се согласува со констатацијата дека пред изборот морало да има отчетен …

Деспотовски бара одговор за 11.000 члена на СДСМ што не можеле да гласаат Read More »

Се разбудија грчките јастреби, бараат нови вета за Македонија


Двајцата поранешни грчки премиери и претседатели на Нова Демократија, Костас Караманлис и Антонис Самарас искористија настан во Воениот музеј во Атина за да упатат остри и сеопфатни критики против актуелната власт и владата на премиерот Кирјакос Мицотакис.Екс грчкиот премиер Самарас беше пожесток кон владата во споредба со Костас Караманлис, ама сепак, не остана незабележано дека …

Се разбудија грчките јастреби, бараат нови вета за Македонија Read More »

Обвинет во “Делчевски ниви” стана нов директор на ЕВН Хоме


  Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров – Сокол Митровски и претходно „отпишан“ како вовлечен во аферата „Делчевски ниви“ без обвинителска разрешница, е назначен за нов директор на универзалниот снабдувач и наплатувач на електрична енергија за домаќинствата на регулираниот пазар ЕВН Хоме, пренесува „Фактор“. Вчера доцна попладне Централниот регистар објави промена дека …

Обвинет во “Делчевски ниви” стана нов директор на ЕВН Хоме Read More »

Левица бара владата на Македонија да го оспори пописот во Албанија


Левица бара македонската влада да го оспори пописот во Албанија и да побара од Тирана нашето малцинство да добие ресипроцитетен третман, како албанското малцинство во нашата држава. „Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на  Софиската и Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно. …

Левица бара владата на Македонија да го оспори пописот во Албанија Read More »

Максим Димитриевски се закани со излегување од владата


Градоначалникот на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски упати предупредување дека неговиот политички субјект ќе ја напушти владеачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела, кога албанско знаме осамна во Владата на координацијата на првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити со министрите од коалицијата ВЛЕН. -Ќе реагирам исто како …

Максим Димитриевски се закани со излегување од владата Read More »

Орбан во изненадувачка посета на Киев


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изненадувачки пристигна во Киев на разговори за украинско-унгарските односи со неговиот домаќин, претседателот Володимир Зеленски. Посетата на Орбан, кој е отворен критичар на западната воена помош за Украина, доаѓа по еден ден од унгарското преземање на ротирачкото претседателството со Европсклата Унија (ЕУ). „Најважна тема на разговорите ќе биде прилика за создавање …

Орбан во изненадувачка посета на Киев Read More »

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија


Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, одливот на таленти е алармантен  и, според сите светски организации, Македонија е …

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија Read More »

Петровска тврди дека членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласале на изборите во СДСМ


Во интервју за Телевизија 24 пратеничката Славјанка Петровска кажа дека секогаш гласно ќе зборува за проблемите во СДСМ, но и дека нема да прифати никаква функција во раководството на партија. „Нема да прифатам никаква функција. Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама ако преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи …

Петровска тврди дека членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласале на изборите во СДСМ Read More »