Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови во Македонија


Поддршка од Унгарија за справување со пожарите: Пристигнуваат теренски возила и воздухоплови, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил. – Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е …

Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови во Македонија Read More »

Славјанка Петровска: Срам да ви е за неспособноста


  Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска објави критики кон актуелната власт за начинот и брзината со која се справува со пожарите кои дивеат низ Македонија како никоаш досега. „Срам да ви е на неспособноста навремено да го активирате НАТО механизмот и да побарате поддршка за гаснењето на пожарите. Срам да ви е на неспособноста …

Славјанка Петровска: Срам да ви е за неспособноста Read More »

По три дена локализиран e пожарот кај Пехчево


Локализиран e големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.  Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината …

По три дена локализиран e пожарот кај Пехчево Read More »

СДСМ призна: Направивме превид со именувањата во МЕПСО


СДСМ се корегираше и призна дека направила превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО. -Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на управниот одбор односно надзорниот одбор …

СДСМ призна: Направивме превид со именувањата во МЕПСО Read More »

И новата власт ќе носи нов Кривичен закон


Министерот за правда, Игор Филков, Министерот Филков, ќе бара начин оние чиишто случаи пропаднаа поради измените на Кривичниот законик, меѓу кои и на Игор Јанушев кој е актуелен генерален секретар на Владата – да одговараат за сторените кривични дела кои им застареа. Дали ќе се најде решение за тоа, не се знае, но наводно ќе …

И новата власт ќе носи нов Кривичен закон Read More »

Филков го брани незаконското именување на Пандов за в.д. директор


Министерот за правда Игор Филков го бранеше денес незаконското именување на Александар Пандов за в. д. директор на Управата за извршување на санкции. Иако во практиката „врие“ од такви незаконски именувања за да се најдат партиски членови на одредена функција, Филков тврдеше дека одлуката има легална основа во Законот за влада и во Законот за …

Филков го брани незаконското именување на Пандов за в.д. директор Read More »

По шест години Филков повторно бара екстрадиција за осудените за „Монструм“, за Груевски ќе почека


Министерот за правда, Игор Филков, потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор. Тој напомена дека за нив првпат од Косово е побарана екстрадиција на 15 март …

По шест години Филков повторно бара екстрадиција за осудените за „Монструм“, за Груевски ќе почека Read More »

СДСМ: Синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен ќе прават контрола на МЕПСО


СДСМ обвини денес за груба партизација на администрацијата, а повод е именувањето на синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и  сопругата на Бетмен за членови на, како што тврдат, надзорниот одбор на МЕПСО. „Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но …

СДСМ: Синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен ќе прават контрола на МЕПСО Read More »

Бугарија разочарана за Коридорот 8, а нема ни готови проекти за изградба


  Скопје ја прогласи пругата кон Софија за „најскапата железница во Европа“ и средствата за неа ќе ги искористи за модернизација на железничката линија до Белград. Недостига ли политичка волја за поврзување на двете соседни земји со воз? – прашува Дојче веле на бугарски јазик. Според медиумот, Бугарија одамна требала да биде подготвена со својот …

Бугарија разочарана за Коридорот 8, а нема ни готови проекти за изградба Read More »

ЗНАМ: Да не беа Глигоров и Црвенковски денес ќе бевме Јужна бановина!


Спомнувањето на имињата на претседателите Киро Глигоров и Бранко Црвенковски во негативен контекст на македонската историја е во најмала рака непримерно. Тие се политичари што воспоставија политички вредносни критериуми во Македонија и без нивната улога, Македонија денеска ќе беше Јужна бановина во склоп на некоја друга држава. Вака политичката партија ЗНАМ реагира на соопштението на …

ЗНАМ: Да не беа Глигоров и Црвенковски денес ќе бевме Јужна бановина! Read More »

МВР и одговори на Венецуела: Појавувањето на македонски IP адреси не значи дека мора да потекнуваат од Македонија


Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите  се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси,  Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани, но досега …

МВР и одговори на Венецуела: Појавувањето на македонски IP адреси не значи дека мора да потекнуваат од Македонија Read More »

Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар добија функции


Владата денеска на седница донела нови кадровски решенија, дознава ТВ21 од свои извори. Па така, досегашниот заменик-генерален секретар на Владата, Тахир Хани, е разрешен од должноста, но и понатаму ќе зема плата односно, денеска на владина седница му е утврдено правото на плата по престанување на функцијата до стекнување на право на старосна пензија. На …

Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар добија функции Read More »

Левица најавува интерпелација за Милошоски, гледа реприза на признавањето на Тајван


    Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието. Како што истакна на прес конференцијата пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, интерпелацијата е за негово учество на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интересите …

Левица најавува интерпелација за Милошоски, гледа реприза на признавањето на Тајван Read More »

Муртезани: Земаме кредити, а пропаѓаат ИПА фондовите од ЕУ


Новиот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезани, порача денес дека е недозволиво да губиме милиони евра доделени од фондот ИПА на ЕУ секоја година, а да земаме кредити надвор. Според него, процентот на искористеност на помошта на ЕУ е поразителен и од расположливи 302,4 милиони евра, до крајот на 2023 година се склучени само 58 договори …

Муртезани: Земаме кредити, а пропаѓаат ИПА фондовите од ЕУ Read More »

Муртезани не знае дали има вработени Албанци во МАНУ, но перцепцијата била дека нема


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на коалицијата „Вреди“ да се формира Албанска академија на науки и уметности, рече дека станува збор за изборно ветување на коалицијата на последните парламентарни избори. – Станува збор за изборно ветување, истото е напишано и ветено пред граѓаните. На овој проект не треба …

Муртезани не знае дали има вработени Албанци во МАНУ, но перцепцијата била дека нема Read More »

Владата направила промени во Реформската агенда, сега чека одговор од Брисел за парите


Новата влада направила измени на Реформската агенда што ја бара Брисел, а која е услов за да ни даде 750 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан. За какви промени станува збор и дали внатре се ставени намерите на ВМРО-ДПМНЕ да го распушти Судскиот совет иако ЕУ се спротивстави на тоа, министерот за …

Владата направила промени во Реформската агенда, сега чека одговор од Брисел за парите Read More »

СДСМ: Дојде власт која ќе се вози во бизнис класа, а народот ќе врзува крај со крај


ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата, е реакцијата на СДСМ откако во Парламентот не беше изгласан нивниот амандман за зголемување на платите согласно колективните договори. -Политиките кои ги најавува Мицкоски, не само што нема …

СДСМ: Дојде власт која ќе се вози во бизнис класа, а народот ќе врзува крај со крај Read More »

Гори Источна Македонија, дванаесет села во земјава зафатени од пожари. Има и една жртва (Видео)


Гори Источна Македонија. Дванесет села се зафатени во пожарите кои од попладнево беснеат во земјава, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој во моментов е во Светиниколскиот регион, каде што огнот влезе во три села и опожарени се стари куќи, но и куќи во кои живее месно население во селата …

Гори Источна Македонија, дванаесет села во земјава зафатени од пожари. Има и една жртва (Видео) Read More »

Како да се спречи подем на американски тиранин?


Доналд Трамп ги откри слабостите во американскиот систем на владеење што сега може да ги искористи корумпиран лидер со контрола на Белата куќа. Во оваа серија, уредничкиот одбор на Глоуб ги прикажува итните реформи потребни за да се спречи подемот на американски тиранин – и да се заштити американската демократија за потомството. Пред денот кога …

Како да се спречи подем на американски тиранин? Read More »

Мицкоски: Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани кои имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните. „Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од …

Мицкоски: Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ Read More »