Премиерот ќе ја тужи Славјанка Петровска за „лаги и измислици“


Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со жалање го прочитал статусот на поранешната министерка Славјанка Петровска во кој таа упати обвинувања на негова сметка. „Не е прв пат госпоѓицата Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици и конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, …

Премиерот ќе ја тужи Славјанка Петровска за „лаги и измислици“ Read More »

Дамева не го премисли Мицкоски, не се откажува од распуштање на Судскиот совет


 Владата останува на ставот за потребата од коренити реформи во правосудството и за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Отворена е за идеи, кои доколку се подобри од владината програма би ги примениле, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. -Ние излеговме со став дека се …

Дамева не го премисли Мицкоски, не се откажува од распуштање на Судскиот совет Read More »

За одењето по невеста со службена кола нема да одговара Гаши, туку раководителот на смена на границата


Министерството за внатрешни работи извршило „интензивни проверки поврзани со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Косово изминатите три дена“, кои вклучиле  преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила, како и проверка на книгите на настани и процедури на граничниот премин. Според соопштението …

За одењето по невеста со службена кола нема да одговара Гаши, туку раководителот на смена на границата Read More »

Да беше во ОН Гаши ќе заборавеше на службено возило и ќе го платеше горивото на обезбедувањето


Три дена по скандалот со одењето по невеста, коалицијата Вреди не може да ја увери јавноста дека потегот на претседателот на парламентот Африм Гаши е всушност почитување на законската процедура, а не самоволие. Денес тие се обидоа вината да ја префрлат врз СДСМ и да стават равенство меѓу овој настан и возењето мотор од страна …

Да беше во ОН Гаши ќе заборавеше на службено возило и ќе го платеше горивото на обезбедувањето Read More »

Петровска објави дека Мицкоски се фотографира со мафијаши, ВМРО-ДПМНЕ порача дека клевети


„Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе. Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази …

Петровска објави дека Мицкоски се фотографира со мафијаши, ВМРО-ДПМНЕ порача дека клевети Read More »

Илијевски: Сценариото околу ослободувањето на Рамадани е проѕирно


Горан Илијевски, претседателот на Партијата на Македонците на Србија, за Косово онлајн оцени дека со изрекувањето куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кое го искористи за да избега, длабоко е прекршено меѓународното право на штета на Србија. Илијевски смета дека очигледно имало план тој да избега. „Длабоко кршење на меѓународното право е тоа …

Илијевски: Сценариото околу ослободувањето на Рамадани е проѕирно Read More »

Арсовска: Оставка не давам, да сакаат резултати ќе престанат да ме блокираат


По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, оцени денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска. Според она што го кажа, таа не е многу оптимист од средбата со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко перински и смета дека …

Арсовска: Оставка не давам, да сакаат резултати ќе престанат да ме блокираат Read More »

Свадбарите на Гаши си ја приватизирале и границата


СДСМ објави денес дополнителни деталји за скандалот со спикерот на парламентот Африм гаши. Освен што со службено возило бил на приватен настан во странство, со него била цела свита службени возила, но и приватни со свадбарите кои поминале на граничниот премин во колона – без да ги проверуваат. Според Богданка Кузевска, границата со Блаце била …

Свадбарите на Гаши си ја приватизирале и границата Read More »

Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со министерот за правда Игор Филков ќе оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. Како што информираат од Владата, средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет. По завршување на …

Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет Read More »

Перински сега уште позагрижен, Данела дошла без план и решенија


„Сега сме позагрижени отколку пред состанокот“. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Потоа кажа дека на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите. „Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно. Очајна е состојбата и како заклучок се донесе дека …

Перински сега уште позагрижен, Данела дошла без план и решенија Read More »

Борел: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални


Крајната одговорност за смртта на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални ја сносат рускиот претседател Владимир Путин и властите кои го уапсија, изјави денеска високиот комесар за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Во соопштение што го објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по повод одбележувањето четири години од труењето на руски …

Борел: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални Read More »

ВМРО-ДПМНЕ не го дава Гаши, прекршок ќе бил ако не одел со службено возило


Два дена по скандалот со претседателот на парламентот Африм Гаши се јави и ВМРО-ДПМНЕ тврдејкќи обратно – дека прекршок ќе било ако тој не одел со лужбено возило и  обезбедување (на државен трошок) да ја зеде невестата од Косово. „Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната …

ВМРО-ДПМНЕ не го дава Гаши, прекршок ќе бил ако не одел со службено возило Read More »

Радев одби Стојанов да биде министер за внатрешни работи, Грнчаровска одби да го смени


 Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Горица Гранчарова денеска му го претстави составот на својот технички кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изрази голема резерва во врска со назначувањето на Калин Стојанов за министер за внатрешни работи и даде рок до Гранчарова да предложи друг кандидат. Радев изјавил дека би било невозможно да се …

Радев одби Стојанов да биде министер за внатрешни работи, Грнчаровска одби да го смени Read More »

Хисеини: ДУИ се фатени на дело со Иџет Мемети


  Повиците на ДУИ за ветинг се само манипулација за да создадат илузија на транспарентност, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Коалицијата „Влен“, Фари Хисени.  -Кога ДУИ зборува за пријавување на криминалите во обвинителството, секогаш се потпира на своите луѓе инсталирани во системот. ДУИ и нејзините сателити, како партија со луѓе на американската црна листа, …

Хисеини: ДУИ се фатени на дело со Иџет Мемети Read More »

Вреди: Гаши е политичар со принципи и морал, наш обичај е да се оди по невеста


Фари Хисени, портпарол на Коалицијата Вреди за користењето службено возило од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши за да оди на свадба во Косово на поворка, смета дека е според законските прописи и стандарди, но се доживува како скандал – бидејќи биле големи очекувањата по падот на ДУИ.  -Јасно ни е на сите дека …

Вреди: Гаши е политичар со принципи и морал, наш обичај е да се оди по невеста Read More »

Кривичниот суд ја префрли одговорноста за Рамадани на МВР


Кривичниот суд ја нарече предимензионирана медиумската покриеност на екстрадиционата постапка на Блерим Рамадани кому му беше определена мерка куќен притвор, по што побегна во Косово. Од судот, детално се осврнаа на случајот, велејќи дека со бројните политички коментари и преписки дополнително се поткопува довербата на јавноста, но и бројните експертски коментари кои дадоа свое лично …

Кривичниот суд ја префрли одговорноста за Рамадани на МВР Read More »

Во Хаг продолжува судењето на четворица поранешни лидери на ОВК


По едномесечна летна пауза пред специјалниот суд во Хаг денеска ќе продолжи судењето на четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.  На седницата, која ќе биде отворена за јавноста, предвиден е исказ на сведок …

Во Хаг продолжува судењето на четворица поранешни лидери на ОВК Read More »

Демократите се собираат во Чикаго за да ја номинираат Камала Харис: Што да очекуваме?


Демократската национална конвенција на САД започнува денеска во Чикаго, Илиноис, со делегати и партиски лидери кои се собраа во Обединетиот центар, овековечен од кошаркарската легенда Мајкл Џордан, по напорните неколку недели во кои партијата го смени својот претседателски кандидат, јавува Асошиетед прес . Џо Бајден реши да се повлече од кампањата, а на негово место …

Демократите се собираат во Чикаго за да ја номинираат Камала Харис: Што да очекуваме? Read More »

Маск негира дека на чеченскиот воен лидер му подарил сајбер камион Тесла


Илон Маск  негира дека на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му подарил сајбер камион. „Дали сте сериозно толку ретардирани што мислите дека донирав Cybertruck на руски генерал?“- Маск напиша на својата платформа за социјалните мрежи, X. „Уште еден пример за тоа колку лажат медиумите“, додаде тој. Кадиров во саботата објави видео на Телеграма на кое …

Маск негира дека на чеченскиот воен лидер му подарил сајбер камион Тесла Read More »

Вучиќ го освои Западот со ветувања за „бело злато“ – но го изгуби народот


БЕЛГРАД – Обидот на српскиот претседател Александар Вучиќ да стане омилен балкански лидер на Брисел има контраефект. Вучиќ успеа да го склучи договорот за снабдување на Европската унија со литиум што и е потребен за напојување на нејзината флота на електрични возила во иднина, но повторно разбуди масовно движење против големиот рударски проект кој беше …

Вучиќ го освои Западот со ветувања за „бело злато“ – но го изгуби народот Read More »