Француската полиција го уапси Павел Дуров, основачот на Телеграм


Главниот извршен директор и основач на Телеграм, Павел Дуров, е уапсен од француската полиција на аеродром северно од Париз, пренесоа светските медиуми. Дуров беше приведен откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Ле Бурже, објавија француските медиуми. Според официјални лица, 39-годишниот милијардер бил уапсен по налог за прекршоци поврзани со популарната апликација Телеграм, при што …

Француската полиција го уапси Павел Дуров, основачот на Телеграм Read More »

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година


Во четврток и петок (29 и 30 август 2024) е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 …

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година Read More »

Четири лица повредени во нов напад со нож во Сиднеј


 Четири лица се повредени утринава, меѓу кои и еден полицаец, во најновиот во низата напади со нож во Сиднеј, соопшти полицијата. „Напаѓачот кој побегнал од местото на нападот бил брзо фатен. Во моментов нема закана за луѓето во Сиднеј“, изјави министерот за полиција на државата Нов Јужен Велс, Џесмин Катли. Полицијата соопшти дека никој смртно …

Четири лица повредени во нов напад со нож во Сиднеј Read More »

Ќе ги добијат ли граѓаните парите од Мој ДДВ?


Август е месецот кога Управата за јавни приходи треба на граѓаните да им ги исплати парите од скенираните фискални сметки преку „Мој ДДВ“.Но месец август влегува во последната недела, а на граѓаните се уште не им се исплатени парите.  Од УЈП се правдаа дека го чекаат ребалансот на Буџетот, но тој иако се изгласа на …

Ќе ги добијат ли граѓаните парите од Мој ДДВ? Read More »

Предупредување за туристите: Има ризик од легионерска болест во Италија


Европскиот центар за контрола и превенција на болести издаде предупредување до туристите кои патуваат во Италија за ризикот од легионерска болест (инфекција на белите дробови), од која починаа четири лица во Ломбардија. Во соопштението од Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува дека 12 лица се во болница, а до пред неколку дена …

Предупредување за туристите: Има ризик од легионерска болест во Италија Read More »

Една година по смртта на Пригожин Кремљ е повторно понижен


Пред една година, авионот на  Евгениј Пригожин експлодираше во воздух, при што загинаа сите во него. Кобната грешка на командантот на платениците Вагнер се случи два месеци порано, кога тој им нареди на своите луѓе да маршираат кон Кремљ и мислеше дека може да се извлече со тоа. Иако пучот не успеа, Русите беа сведоци …

Една година по смртта на Пригожин Кремљ е повторно понижен Read More »

Грузија по патот на Северна Кореја, ќе забрани опозиција


Грузиската владејачка партија вети дека ќе ги стави надвор од законот практично сите нејзини политички противници доколку победи на парламентарните избори подоцна оваа година. Забраната, најверојатно, ќе ја уништи веќе замрзнатата кандидатура на Грузија за пристап во ЕУ, по неодамнешните судири меѓу Тбилиси и Брисел за човековите права и владеењето на правото. Во петокот, премиерот …

Грузија по патот на Северна Кореја, ќе забрани опозиција Read More »

Уапсен Сириец кој призна дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген


Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети. Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф. Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска …

Уапсен Сириец кој призна дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген Read More »

Хезболах истрела 320 ракети, Израел нападна со 100 авиони


Хезболах лансираше стотици ракети и беспилотни летала кон Израел како одмазда за атентатот врз нивниот командант во Бејрут минатиот месец, соопшти движењето поддржано од Иран. Израелски авиони нападнаа цели во Либан непосредно пред нападот бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад. „Околу 100 израелски воени авиони погодија илјадници ракетни фрлачи на Хезболах …

Хезболах истрела 320 ракети, Израел нападна со 100 авиони Read More »

Денес сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има …

Денес сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата Read More »

Србите на Косово масовно ги смениле возачките дозволи со косовски


Косовскиот премиер, Албин Курти ја оцени промената на возачките дозволи издадени за косовски граѓани од српски органи во официјални на Република Косово, како важен чекор кон интеграцијата на Србите во државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на неговата страница на Фејсбук оцени дека периодот одреден за промена на српските со косовски …

Србите на Косово масовно ги смениле возачките дозволи со косовски Read More »

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна …

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце Read More »

Демократско движење го одбележа првиот роденден


Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето. Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст. -Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за …

Демократско движење го одбележа првиот роденден Read More »

Мицкоски: Криминалот ќе стане неисплатлива професија


Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на Катастар, зборуваше за криминалот во земјава. Тој кажа дека битката против криминалот трае, и дека секој криминалец ќе биде изведен онаму каде што му е местото. „Мора сериозно да се занимаваме со битката против кирминалот и да го направиме криминалот неисплатлива професија. Секој криминалец кој мисли дека може …

Мицкоски: Криминалот ќе стане неисплатлива професија Read More »

Мицкоски за тврдењата на СДСМ за Рамадани: Тоа е ноторна лага!


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага. – Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште …

Мицкоски за тврдењата на СДСМ за Рамадани: Тоа е ноторна лага! Read More »

Кокаин, Џефри Епштајн и мртов слон: Кралските семејства прават проблеми на лидерите


Сите семејства имаат проблеми – и кралските семејства не се исклучок. Тоа беше пораката на норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе минатата недела, запрашан за скандалот што го обви синот на норвешката престолонаследничка, Мариус Борг Хоиби, кој призна дека ја нападнал својата девојка под влијание на кокаин. „Тоа [норвешкото кралско семејство] е семејство со јасни предизвици, …

Кокаин, Џефри Епштајн и мртов слон: Кралските семејства прават проблеми на лидерите Read More »

Политиката на Запад за смирување со Русија пропаѓа


Дали упадот во Курск беше непромислено коцкање или мајсторски удар? Додека Украина го слави денот на својата независност овој викенд, обидот да се одговори на ова прашање е исто толку залуден колку што прашањето е погрешно. Она што е јасно е дека за прв пат, по повеќе од една деценија, некој друг освен Москва сега …

Политиката на Запад за смирување со Русија пропаѓа Read More »

Живко Митревски „воскресна“, си ја бара фотелјата во ССМ


Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија според вкусот на ВМРО-ДПМНЕ, Живко Митревски, денеска на прес-конференција го нарече замајување барањето на работничката организација да се зголемат платите тврдејќи дека со ССМ се прави невиден скандал. На прес конференцијата на Митрески упадна аклуелниот претседател Слободан Трендафилов. -Насилнички доаѓате и сметате дека насилинички треба да останете. …

Живко Митревски „воскресна“, си ја бара фотелјата во ССМ Read More »

Весна Јаневска – прва од новата влада што го употреби името „Северна Македонија“


Министерката за образование и наука Весна Јаневска е првата министерка од оваа партија која во својата изјава го изговори официјалното име на државата, говорејќи за потребата од развој на стратегија за подобрување на образованието на сите нова, употреби – „во Република Македонија“, но веднаш потоа, оддалечувајќи се од микорфоните, направи пауза во изјавата, па продолжи …

Весна Јаневска – прва од новата влада што го употреби името „Северна Македонија“ Read More »

Вреди му поднесе тужба на Богојески, тој ќе им возврати со контратужба


Коалицијата „Вреди“ денеска поднесе кривична пријава за ширење говор на омраза преку  социјалната мрежа Фејсбук против петар Богојески, лидер на Македонски концепт. Кривичната ја поднесе правниот претставник на Коалицијата адвокатот Абидин Абдуљи. „Денеска поднесовме кривична пријава против лицето Петар Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, со тоа што тој со …

Вреди му поднесе тужба на Богојески, тој ќе им возврати со контратужба Read More »