Белград одговори со репресија за протестите, ќе им ги намалува платите на учесниците


Министерството за образование на Србија испрати известување до директорите на основните и средните училишта, според кое при пресметувањето на јануарската плата треба да им се намали на вработените кои учествуваа во штрајкот, јави ТВ Н1. Дописот е испратен до училиштата „поради многубројните и чести обраќања на наставници, просветни работници, директори на училишта и родители на …

Белград одговори со репресија за протестите, ќе им ги намалува платите на учесниците Read More »

На Мерко денес му се суди за четири предмети


Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните четири судења денес против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две за директори на училишта и за набавката на „аудито“. Првото рочиште денеска се однесува за незаконско поставување на директори на училишта и се наоѓа во доказна постапка, продолжува со сослушување на екс …

На Мерко денес му се суди за четири предмети Read More »

Рокас: Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот


Како делегација на ЕУ ќе се фокусираме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да ги имплементира реформите за членство во Унијата, но постои и голем моментум и во процесот на проширување, кој треба да се искористи. Ова денеска при неговата посета во Куманово го рече евроамбасадорот Михалис Рокас, одговарајќи на прашањето дали по изборот на …

Рокас: Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот Read More »

Почина тримесечно бебе во Шуто Оризари


Вчера во 9.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари лекар констатирал смрт кај тримесечно машко бебе. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје

Трамп го направи легално подмитувањето политичари во САД


Покрај останатите извршни наредби што ги потпиша деновиве, претседателот Доналд Трамп го смени и правилото што ја спречуваше моќта на лобистите во Вашингтон. Извршната наредба на Бајден , насловена како „Етички обврски на персоналот на извршната власт“, ​​бараше сите што работат во извршната власт да потпишат етичко ветување  дека нема да добиваат подароци од лобисти …

Трамп го направи легално подмитувањето политичари во САД Read More »

Владата сака нов авион зошто СДСМ била „неодговорна“ со стариот


Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и, не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, порача денес портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање каков е ставот на Владата за набавка …

Владата сака нов авион зошто СДСМ била „неодговорна“ со стариот Read More »

Петрушевски: Мицкоски во САД оствари државен успех


Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму папагалски повторуваат дека премиериот Христијан Мицкоски бил единствен лидер од регионот  што бил на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, па и дека бил единствениот политичар, како да не читаат вести и не знаат дека таму беше и Кирил Петков. Така, на денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски продолжи …

Петрушевски: Мицкоски во САД оствари државен успех Read More »

Али Ахмети: Ако тие што зборуваат бугарски одат во Бугарија, а Албанците во Албанија, кому ќе ја оставиме Македонија?


Македонците им кажуваат на тие што зборуваат албански да одат во Албанија. „Ако постапиме вака, ако некој оди во Бугарија, а друг во Албанија, на кого ќе ја оставиме оваа земја? Ова го изјавил Али Ахмети, лидер на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), како што пренесува БГНЕС. Според нивното толкување Ахмети навестил дека Македонците …

Али Ахмети: Ако тие што зборуваат бугарски одат во Бугарија, а Албанците во Албанија, кому ќе ја оставиме Македонија? Read More »

Срамота е владата да нема нов авион, а не е – граѓаните да немаат јавен превоз!


  Во ВМРО-ДПМНЕ уште не можат да разберат дека она што функционираше додека беа опозиција, не дава ист резултат сега – кога се на власт. Па, така, пораката дека било „брука“ што СДСМ не ги поддржува да купат нов авион за да одат на инаугурации и слични екскурзии во странство, ставена во контекст на македонската …

Срамота е владата да нема нов авион, а не е – граѓаните да немаат јавен превоз! Read More »

Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станале владини советници


Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски – Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски, пишува денес „Фактор“. За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски …

Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станале владини советници Read More »

Вељаноски, Ристоски и Јанакиески ослободени за 27 април, судијата им порача „да се засрамат“


  Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април, од денеска се ослободени од кривично гонење. Судот донесе решение со кое амнестијата важи и а нив. „Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени …

Вељаноски, Ристоски и Јанакиески ослободени за 27 април, судијата им порача „да се засрамат“ Read More »

Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено


  Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање. Ова, претставува провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето што е решено, како што е познато, дефинитивно и неотповикливо, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изјавата …

Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено Read More »

Маск истури студена вода на проектот „Stargate“ на Трамп


Маск истури студена вода врз проектот за вештачка интелигенција „Stargate“ поддржан од претседателот на САД, Донал Трамп. Милијардерот вели дека компаниите кои стојат зад проектот немаат доволно пари за да ги исполнат своите ветувања.Трамп и техничките директори најавија инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција од 500 милијарди долари. Претседателот Трамп застана заедно со истакнати технолошки …

Маск истури студена вода на проектот „Stargate“ на Трамп Read More »

Трамп ги распушти службите за поттикнување на различностите


 Американскиот претседател Доналд Трамп нареди сите вработени во федералните агенции кои промовираат различност, еднаквост и инклузивност да бидат ставени на платено отсуство од денеска. Администрацијата на Трамп, исто така, им нареди на владините агенции да развијат планови за отпуштање вработени во Агенцијата за зајакнување на различноста, правичност и инклузија (DEI), објави Ен-Би-Си. Новата американска администрација …

Трамп ги распушти службите за поттикнување на различностите Read More »

Истражување: Граѓаните најчесто гласаат по етничка линија, секој седми е член на политичка партија


 Во Северна Македонија најчесто се гласа по етничка линија. Висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, покажува Компаративното истражување на изборните системи …

Истражување: Граѓаните најчесто гласаат по етничка линија, секој седми е член на политичка партија Read More »

Кос: Ако Украина „напредува“ како Македонија, ќе стане членка на ЕУ во 2045


Проширувањето на Европската унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос na дискусијата „Enlarge to Prosper: Will Europe Grow?“ на Светскиот економски форум во Давос. „Знаете, понекогаш слушам, земјите од Западен Балкан, тие чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. …

Кос: Ако Украина „напредува“ како Македонија, ќе стане членка на ЕУ во 2045 Read More »

ЕУ нема да го моли Трамп, ќе бара друга опција


  ЕУ не е расположена да моли за поволен третман наспроти агендата на американскиот претседател Доналд Трамп „Америка на прво место“. Наместо тоа, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен  ја нацрта оптимистичката визија за ЕУ ​​како економски тешкаш што ги победува САД во многу клучни аспекти и е отворена за бизнис со земји …

ЕУ нема да го моли Трамп, ќе бара друга опција Read More »

Трамп ја нападна дивјачки свештеничката која побара „милост“ за малцинствата


Американскиот претседател Доналд Трамп удри во средата по свештеничката која директно го повика да покаже милост кон имигрантите и ЛГБТК+ луѓето. За време на инаугуративната молитвена служба во вторникот во националната катедрала во Вашингтон на која присуствуваа Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и нивните семејства, свештеничката Маријан Буд одржа проповед во која апелираше до Трамп …

Трамп ја нападна дивјачки свештеничката која побара „милост“ за малцинствата Read More »

Левица го повика Таравари да почне да работи


Левица тврди дека и со оваа влада продолжува уништувањето на Клиниката за онкологија и дека приоритет е луксузирањето место потребите на граѓаните.   „По скандалите со кражбата на лекови од Клиниката за онкологија, кои завршуваа на црниот пазар, новата администрација го достигнува врвот на неспособноста – веќе неколку недели пациентите немаат пристап до животоспасувачки цитостатици! Јавното …

Левица го повика Таравари да почне да работи Read More »

Трамп може да зажали за помилувањето на насилниците од Капитол Хил


И покрај тоа што претседателот Доналд Трамп вети дека ќе им даде помилување на оние кои учествуваа во опсадата на Капитол на 6 јануари 2021 година, неговото масовно помилување за околу 1.500 луѓе беше зачудувачко. Меѓу примателите на неверојатната великодушност на Трамп беа Енрике Тарио, некогашен водач на Гордите момчиња кој беше осуден за бунт …

Трамп може да зажали за помилувањето на насилниците од Капитол Хил Read More »