Бежоска очекува нашето барање за членство во СЕПА да биде одобрено наскоро


Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт …

Бежоска очекува нашето барање за членство во СЕПА да биде одобрено наскоро Read More »

Со што и се заканува Трамп на Европа?


  Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците – дека е „дојдено време за наплата“. Тој тврди дека  ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските технолошки компании и со суфицитот во меѓусебната …

Со што и се заканува Трамп на Европа? Read More »

Летовите на десетици илјади Авганистанци со специјални визи за САД блокирани од Трамп


Одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош доведе до откажување на летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на адвокат и американски официјален претставник. „Повеќето од блокираните …

Летовите на десетици илјади Авганистанци со специјални визи за САД блокирани од Трамп Read More »

Дел од летовите откажани или пренасочени на скопскиот аеродром


Поради магла е отежнат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром. Според информацијата на сајтот на Меѓународниот аеродром Скопје,  дел од летовите се одложени или пренасочени. Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен. Како што е објавено на веб страницата, одложено е и полетувањето кон Фридрихсхафен и кон …

Дел од летовите откажани или пренасочени на скопскиот аеродром Read More »

САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена. Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината. Украина се потпира на САД за 40 отсто од …

САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски Read More »

Израелката со македонско потекло ослободена од Хамас


   По 477 денови во заробеништво, Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и се врати дома во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички ослободени вчера, во исклучително емотивен момент кој предизвика големо олеснување кај нејзиното семејство и пошироката јавност. Леви беше киднапирана на 7 октомври 2023 година, при упадот …

Израелката со македонско потекло ослободена од Хамас Read More »

Денес претседателски избори во Белорусија, над 80 отсто ќе гласаат за Лукашенко


Во Белорусија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се кандидираше и актуелниот претседател Александар Лукашенко. Централната изборна комисија (ЦИК) покрај Лукашенко регистрираше уште четворица претседателски кандидати: претседателот на Републиканската партија на трудот и правдата Александар Хижњак, претседателот на Либерално-демократската партија на Белорусија Олег Гајдукевич, претприемачката Ана Канапатска и првиот секретар на Централниот комитет на …

Денес претседателски избори во Белорусија, над 80 отсто ќе гласаат за Лукашенко Read More »

Трамп сака да ја исчисти Газа од Палестинците


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа …

Трамп сака да ја исчисти Газа од Палестинците Read More »

Железничката несреќа кај Темпи и натаму ја тресе Грција, објавени нови докази


Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство ќе се одржат протести поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на …

Железничката несреќа кај Темпи и натаму ја тресе Грција, објавени нови докази Read More »

И денес магла и облачност, од среда дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Претежно долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен до југоисточен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје …

И денес магла и облачност, од среда дожд Read More »

СДСМ ја нарече скандалозна одлуката за 27 април


По скандалозната одлука на судот очигледно е дека заканите на Христијан  Мицкоски кон судството и обвинителството, како и неговата спрега со ДУИ даваат резултат, оценија денес СДСМ по одлуката вчера да им се прифати барањето за амнестија на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. -На 27 април 2017 година, македонската демократија беше нападната на …

СДСМ ја нарече скандалозна одлуката за 27 април Read More »

Стоилковиќ открил нова злоупотреба, нашол службен БМВ како „искубана кокошка“


Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ открил нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот. -Најновата злоупотреба што е откриена …

Стоилковиќ открил нова злоупотреба, нашол службен БМВ како „искубана кокошка“ Read More »

Косово пред избори: „Бугаризација“, „католизација“ и фабрикувани скандали


Косово треба да ги одржи своите парламентарни избори на 9 февруари, деветти од прогласувањето независност на 17 февруари 2008 година. Ова ќе бидат први регуларни избори од 2010 година, бидејќи политичката нестабилност доведе до неколку предвремени избори во последниве години. На изборите учествуваат 28 политички субјекти со 1.280 кандидати, од кои шест ја претставуваат српската …

Косово пред избори: „Бугаризација“, „католизација“ и фабрикувани скандали Read More »

Рокас: Нашите демократии се под напад


Нашите демократии се под напад, а поддршката за медиумите е инвестиција во демократијата и најдобриот начин да се одбраниме себе си и да согледаме кои се предизвиците со кои денес во светот колективно сме соочени, порача амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас на денешниот завршен настан насловен „Дезинформации: како да се препознаат и …

Рокас: Нашите демократии се под напад Read More »

Кремљ не верува дека може да биде поразен со цената на нафтата


 Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот во Украина може да заврши со намалување на глобалната цена на нафтата. Говорејќи онлајн од Белата куќа на годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, Трамп синоќа рече дека ОПЕК + ја дели одговорноста за речиси тригодишниот конфликт во Украина со тоа што …

Кремљ не верува дека може да биде поразен со цената на нафтата Read More »

Нема крај на пуфките околу Преспанскиот договор


  Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека не се исполнат главните и стратешки цели, појасни денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со реакцијата на официјална Атина по неговата изјава од САД, кога на средбата со дијаспората рече дека „сѐ уште трае борбата за македонското прашање“. Како што кажа …

Нема крај на пуфките околу Преспанскиот договор Read More »

Веледрогеријата „Пановски“ најави правни дејства за клеветите на ВМРО-ДПМНЕ


  Веледрогеријата „Пановски“ реагираше на грубите обвинувања што во континуитет ВМРО-ДПМНЕ ги упатува кон нив, правдајќи се себеси на тој начин за кризата со билошка терапија на Клиниката за онкологија. Од веледрогеријата порачуваат дека тие не се политичка партија па да се препукуваат со нив на прес-конференции, дека постојат 30 години, дека се меѓународен конзорциум …

Веледрогеријата „Пановски“ најави правни дејства за клеветите на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

„Политико“: Урнебесни телефонски искуства на британските премиери со Трамп


Бриселскиот портал Политико објави искуства на британските премиери и функционери од телефонските разговори со американскиот претседател Доналд Трамп. – Повиците беа извонредни … брилијантни. Сите плачеа од смеење бидејќи разговорите беа урнебесни, се сеќава еден поранешен функционер на Даунинг стрит, кој инсистираше на анонимност. Актуелниот британски премиер Кир Стармер, наводно, сè уште чека на ред …

„Политико“: Урнебесни телефонски искуства на британските премиери со Трамп Read More »

Упасени четири лица за тероризам


Во рамките на активностите за  превенција и сузбивање на заканите од тероризам, во текот на вчерашниот ден под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални …

Упасени четири лица за тероризам Read More »

СДСМ: РЕК „Битола“ пред целосен колапс, директорите си наплаќаат прекувремена работа


  Дали РЕК „Битола“ е пред целосен колапс? – прашува СДСМ денес тврдејќи дека главниот багер за ископ на јаглен во рудникот Суводол, КУ 300, е надвор од функција заради дефект на моторот, а главниот транспортен систем не работи заради хаварија во која се исцепило парче лента во должина од 4 километри. Нема маст за …

СДСМ: РЕК „Битола“ пред целосен колапс, директорите си наплаќаат прекувремена работа Read More »