Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа


Израелските воздухопловни сили викендов нападнаа повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение на израелската армија објавено на Телеграм. Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа „ликвидирани“ како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во соопштението. Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку …

Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека  во понеделник, по повод Христијанскиот празник Бадник ,на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса …

Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки Read More »

Град Скопје обвинува: Има 15 институции одговорни за загадувањето, реагираме само ние


Град Скопје се пожали денес дека во Скопје има 15 институции кои се одговорни за загадувањето, но освен тие, не реагира никој друг. -Во услови на зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување …

Град Скопје обвинува: Има 15 институции одговорни за загадувањето, реагираме само ние Read More »

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални


Во синоќешното гостување на Алфа телевизија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски говореше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ. „Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на …

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални Read More »

Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле


Синоќа во 23:30 часот изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле, соопштија од ТППЕ Струмица. Според информацијата од пожарникарите, во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно против пожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото на пожарот веќе бил во разгорена фаза. Во информацијата се додава дека пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, …

Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле Read More »

И пи-арот има граници: Мицкоски си присвои три клучки, три моста, 13 вијадукти и 25 километри


Вкупно 25 километри пат, три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини се дел од експресниот пат од Страцин до Крива Паланка – и за сето тоа ВМРО-ДПМНЕ тврди дека го изградила сама бидејќи кога биле на власт СДСМ не направиле ниту еден метар асфалт.  Од Владата посочија дека сега патувањето на релација Страцин-Крива …

И пи-арот има граници: Мицкоски си присвои три клучки, три моста, 13 вијадукти и 25 километри Read More »

Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го номинираше Стенли Вудворд, адвокат кој бранеше неколку негови врвни соработници, како и лица обвинети за упад во Капитол на 6 јануари 2021 година, да му се придружи на неговиот правен тим во Белата куќа. Тимот на Трамп синоќа соопшти дека Вудворд ќе биде помошник и и постар советник на …

Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник Read More »

Гостиварец осомничен за силување девојче


За кривично дело – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Основното јавно обвинителство Гостивар, како што се наведува, повело истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно …

Гостиварец осомничен за силување девојче Read More »

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка


Австрискиот канцелар Карл Нехамер и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) синоќа изјави дека во наредните денови ќе поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на ОВП, откако по вторпат пропаднаа преговорите за формирање нова влада.  „Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки. …

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка Read More »

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње


  Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње, во јужна Црна Гора.  Владата на Србија одлуката за Денот на жалост ја донесе на вчерашната седница на предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Седницата почна со едноминутно молчење за жртвите од масовното …

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње Read More »

(ВИДЕО) Бајден им даде медали на Хилари Клинтон, Дензел Вашингтон, Боно, Сорос, Мајкл Фокс…


Американскиот претседател Џо Бајден им го врачи престижниот „Претседателски медал на слободата“ на голем број познати личности. На церемонијата во Белата куќа, американскиот претседател ја додели највисоката цивилна награда на пејачот и активист Боно, кошаркарската легенда Меџик Џонсон, модната кралица Ана Винтур, актерите Дензел Вашингтон и Мајкл Џеј Фокс и модниот дизајнер Ралф Лорен. Исто …

(ВИДЕО) Бајден им даде медали на Хилари Клинтон, Дензел Вашингтон, Боно, Сорос, Мајкл Фокс… Read More »

Тони Михајловски: Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца?


„Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца и дали нивните деца дишат некој друг воздух“, прашува актерот Михајловски на социјалните мрежи Актерот Михајловски со вознемиреност и разочараност сподели фејсбук статус во кој го опишува ужасниот мирис на загаден воздух во скопската населба Козле, за време на една од редовните прошетки со кучињата. …

Тони Михајловски: Дали тие што одобриле горење на нечиј отпад имаат деца? Read More »

Мелони дочекана како ѕвезда од Трамп


Италијанската премиерка Мелони вчера отпатува за Флорида за да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во обид да ги зајакне врските со него пред неговата инаугурација на 20 јануари. Вработените во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп и дадоа овации на Мелони откако новоизбраниот претседател ја претстави, според видеата споделени на социјалните мрежи.  Нејзиното патување …

Мелони дочекана како ѕвезда од Трамп Read More »

Скопје, Куманово и Кичево утрово најзагадени


Скопје, Куманово и Кичево утрово се најзагадени според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.  Тие се средно загадени, а другите градови се ниско или многу ниско загадени. Во вечерните часови аерозагадувањето се засилува. Скопје утрово на листата на air visual e 30-ти најзагаден град во светот, е претходните денови во вечерните часови …

Скопје, Куманово и Кичево утрово најзагадени Read More »

Студени утра и сончеви денови


Денес времето во Македонија ќе биде студено наутро, со услови за магла во некои котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, утринските часови ќе бидат студени, додека преку денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време …

Студени утра и сончеви денови Read More »

Сертификатите за НАТО ги издава АНБ во која директорува Бојан Христовски


  Проверките за издавање на НАТО сертификат се прават во земјата членка на Алијансата, односно ја прават домашните безбедносните институции, објаснува за „Слободен печат“ универзитетскиот професор и експерт за безбедност, Методи Хаџи Јанев откако беше објавено дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, добил позитивно мислење и НАТО сертификат – иако се спореше …

Сертификатите за НАТО ги издава АНБ во која директорува Бојан Христовски Read More »

Кинески амбасадор во Русија: Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било


Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било, имајќи ја предвид силата на Пекинг да ја постигне таа цел, изјави кинескиот амбасадор во Русија Жанг Ханхуи за РИА Новости. „Кина е поблиску од кога било претходно во историјата до постигнување на големиот препород на кинеската нација, полна е со самодоверба и има …

Кинески амбасадор во Русија: Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било Read More »

Германците масовно поддржуваат забрана на приватни огномети


Повеќе од четвртина милион Германци потпишаа онлајн петиција со која се бара целосна забрана на огномети за приватна употреба ширум земјата по уште една новогодишна ноќ, обележана со смртни случаи и повредени во Германија, јави ДПА. До денес на пладне, околу 270.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која беше покрената од берлинскиот огранок на полицискиот синдикат …

Германците масовно поддржуваат забрана на приватни огномети Read More »

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта


 Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Како што информираат денеска од Судот, електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” …

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта Read More »

Комунално претпријатие во Липково вработува по етнички клуч, доби преставка


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од селото Липково.Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време. Според огласот, …

Комунално претпријатие во Липково вработува по етнички клуч, доби преставка Read More »