Меџити не се повлекува, ќе биде и министер и кандидат за градоначалник


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.   -Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите …

Меџити не се повлекува, ќе биде и министер и кандидат за градоначалник Read More »

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали Алказар има одобрение за градба или не?


ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба. Според СДСМ, на овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор и дека се случуваат договорања зад затворени врати за лични, приватни интереси на поединци од врвот на власта. „Денес, јавноста не знае ништо за …

Зошто ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали Алказар има одобрение за градба или не? Read More »

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, можат да дејствуваат и на пожарите


 Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици. -Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората …

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, можат да дејствуваат и на пожарите Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе го комплетира списокот на градоначалници до крај на август


 При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите …

ВМРО-ДПМНЕ ќе го комплетира списокот на градоначалници до крај на август Read More »

Мицкоски не го забележал скандирањето во Куманово, но го осуди!


Премиерот Христијан Мицкоски денес остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки. -Во текот на вчерашниот ден кошаркарската федерација и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во …

Мицкоски не го забележал скандирањето во Куманово, но го осуди! Read More »

За ВМРО-ДПМНЕ Таравари станал симбол за политичко понижување


Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице: човек кој  до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. „Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, …

За ВМРО-ДПМНЕ Таравари станал симбол за политичко понижување Read More »

Американскиот специјален пратеник Виткоф ќе ја посети Москва следната недела


Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф ќе ја посети Русија следната недела, објави АФП. Трамп, исто така, рече дека двете нуклеарни подморници што ги распореди по онлајн спорот со поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев сега се „во регионот“. Републиканецот не прецизираше дали мисли на нуклеарни подморници или на нуклеарно вооружени подморници. …

Американскиот специјален пратеник Виткоф ќе ја посети Москва следната недела Read More »

Поранешниот премиер Иво Санадер излезе од затвор


Иво Санадер,  поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната и денес мора да се јави во полициската станица и во канцеларијата за условна казна. Санадер беше осуден на 18 години затвор. …

Поранешниот премиер Иво Санадер излезе од затвор Read More »

Пожарите ја пустошат Јужна Европа, изгореа двојно повеќе шуми од лани


Во март, Кипар се пофали дека е подобро подготвен од кога било да се справи со жестоките пожари што сега беснеат низ јужна Европа со алармантна фреквенција. Владата имаше 11 авиони подготвени да тргнат, а противпожарниот корпус беше зголемен за 27 проценти. Имаше исто така 25 нови противпожарни возила на располагање. Но и тоа не беше доволно. …

Пожарите ја пустошат Јужна Европа, изгореа двојно повеќе шуми од лани Read More »

И израелските заложници на Хамас гладуваат


Палестинската терористичка организација Хамас вети помош за заложниците во Појасот Газа, која треба да биде организирана преку Црвениот крст. Исламистите за тоа поставуваат свои услови. Исламистичката организација Хамас според сопствени наводи е подготвена да му дозволи на Црвениот крст да ги снабди со храна и лекови израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, но …

И израелските заложници на Хамас гладуваат Read More »

Обвинителството во Куманово отвори постапка за срамното скандирање на кошаркарскиот натпревар


Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово за истражување на елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица. Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.   Од …

Обвинителството во Куманово отвори постапка за срамното скандирање на кошаркарскиот натпревар Read More »

Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја


Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА. Анкетата, спроведена од германскиот институт Форса, покажува дека 16 посто од испитаниците „дефинитивно“ би се бореле, додека други 22 отсто рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа. Јасно мнозинство од 59 …

Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја Read More »

Атинскиот градоначалник до израелскиот амбасадор: Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили


Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили, напиша на Икс атинскиот градоначалник Харис Дукас, реагирајќи на интервјуто за „Катимерини“ на амбасадорот на Израел во Грција, Ноам Кац, кој рече дека градоначалникот не прави доволно за да ги заштити посетителите од одредени групи и не го чисти градот од графити поради кои израелските …

Атинскиот градоначалник до израелскиот амбасадор: Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили Read More »

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица


Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да …

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица Read More »

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД почнува со собирање потписи за регистрација на партија


ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за основање партија. За таа цел ги повика граѓаните што сакаат да ги поддржат да се приклучат на процесот. Тие се прва партија од волонтери што ќе учествува на избори бидејќи сегашниот систем ги форсира големите партии и им го отежнува учеството во политиките.   …

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД почнува со собирање потписи за регистрација на партија Read More »

Муцунски се надева на уште помали тарифи од САД


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33 на 15 проценти.  Како што истакна во објавата, „овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал …

Муцунски се надева на уште помали тарифи од САД Read More »

Сиљановска ги дала на мислење законите за полицијата и за МВР


Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа.  Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’. -Од воведните излагања и …

Сиљановска ги дала на мислење законите за полицијата и за МВР Read More »

Реакција: Функцијата Народен правобранител е неспоива со членство во политичка партија


Мрежата за заштита од дискриминација со вознемиреност и огорченост реагира на начинот на кој се води процесот за избор на нов Народен правобранител, наведено е во соопштението на Мрежата. „Наместо оваа можност да се искористи за воспоставување доверлив и инклузивен изборен процес, сведочиме на продолжување на затворени и политички мотивирани практики. Дополнително загрижува фактот што …

Реакција: Функцијата Народен правобранител е неспоива со членство во политичка партија Read More »

Жерновски ќе го тужи Муцунски за клеветите околу амбасадорувањето во Романија


Амбасадорот Андреј Жерновски побара извинување од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски поради клеветите околу причините за неговото враќање во земјата. Откако романското МНР испрати информација до „Независен“ дека Жерновски не успеал да ги предаде акредитивите на претседателот поради тоа што процесот се совпаднал со изборите, а не поради инцидент или неприфатливо однесување, Жерновски го повика …

Жерновски ќе го тужи Муцунски за клеветите околу амбасадорувањето во Романија Read More »