Дејствијата на Израел во Газа „многу личат“ на геноцид, вели висок функционер на ЕУ


БРИСЕЛ — Во една од најсилните осуди на Брисел кон Израел од почетокот на војната, висок функционер на Европската унија рече дека гладувањето, раселувањето и убивањето во Газа „многу личат“ на геноцид. Во коментарите за Politiko извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза Рибера, изјави: „Она што го гледаме е конкретно население кое е цел на …

Дејствијата на Израел во Газа „многу личат“ на геноцид, вели висок функционер на ЕУ Read More »

Убиен палестинскиот „Пеле“ додека чекал ред за храна


 Сулејман Ал-Обеид, еден од најпознатите фудбалери во историјата на палестинскиот спорт, трагично го загуби животот во израелски напад во појасот Газа. Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Палестина, опишувајќи го нападот како „брутален“.   Популарниот Ал-Обеид, познат и по прекарот „Пеле“ поради својата голгетерска умешност, имаше 41 година и беше убиен додека чекал хуманитарна помош во …

Убиен палестинскиот „Пеле“ додека чекал ред за храна Read More »

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот


Министерството за здравство денеска го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот. Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, модулот е изработен од страна на Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот. …

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот Read More »

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа


Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ повика на итно затворање на Хуманитарната фондација за Газа, која ја поддржуваат САД и Израел и која работи во Појасот Газа, наведувајќи дека нејзините пунктови за дистрибуција на храна станале места на „организирано убивање и дехуманизација“. Во објава на социјалните медиуми, организацијата денеска наведе дека во своето речиси 54-годишно …

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа Read More »

СДСМ: Дојранското Езеро пресушува –хидросистемот Ѓавато не функционира


Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место, е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ , изјави на прес-конференцијата Љупчо Стојановски од СДСМ. Според него состојбата е алармантната бидејќи хидросистемот Ѓавато речиси четири месеци не работи и водата не тече низ …

СДСМ: Дојранското Езеро пресушува –хидросистемот Ѓавато не функционира Read More »

Apple се враќа дома, ќе инвестира 100 милијарди во САД


  Американскиот технолошки гигант Apple планира нова инвестициска инјекција од 100 милијарди долари во домашното производство во САД, со што вкупната вредност на најавените вложувања достигнува импресивни 600 милијарди долари. Според извор од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп треба официјално да ја објави оваа вест во текот на денот, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Уште во февруари …

Apple се враќа дома, ќе инвестира 100 милијарди во САД Read More »

Штекли се брани со шизофренија, неговиот доктор бара лечење место затвор


  Судијата Илија Трпков повторно го одложи судењето против Раде Трајковски, со прекар  Штекли,откако двајца психијатри дале различна дијагноза за обвинетиот. Имено вештакот ангажиран од одбраната заклучил дека Трајковски не може да се застапува на суд и треба да оди на лечење на Клиниката за психијатрија. “Од пред три години Трајковски има свој имагинарен учител …

Штекли се брани со шизофренија, неговиот доктор бара лечење место затвор Read More »

Кремљ: Путин прифати средба со Трамп


Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми. -На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во наредните денови, поточно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, рече Ушаков. …

Кремљ: Путин прифати средба со Трамп Read More »

Молдавија очекува да ги почне преговорите за членство во ЕУ од септември


Вицепремиерката и министерка за европски интеграции на Молдавија, Кристина Герасимов, изјави за телевизијата Молдавија 1 дека земјата е подготвена да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ во септември. Според неа, Кишињев го исполни главниот технички услов – скринингот, кој вклучува споредба на националниот и европскиот правен систем. -На крајот сме од процесот на скрининг… …

Молдавија очекува да ги почне преговорите за членство во ЕУ од септември Read More »

Индонезија ќе лекува повредени Палестинци од Газа


Индонезија ќе го претвори медицинскиот центар на моментално ненаселениот остров Галанг во болница за нега на околу 2.000 ранети жители на Газа, кои по опоравувањето ќе се вратат во својата земја, соопшти денеска Хасан Насби, портпарол на индонезискиот претседател. „Индонезија ќе им обезбеди медицинска помош на околу 2.000 жители на Газа кои станаа жртви на војната, …

Индонезија ќе лекува повредени Палестинци од Газа Read More »

Кандидатот за градоначалник на Карпош сака да прави „кафеана“ и од Кејот на Вардар


Kандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, отворањето  локали (ноќни клубови, ресторани или дискотеки) на кејот на Вардар го стави на листата на своите изборни ветувања. Идејата е, како што рече во емисија на Канал 5, да го „разигра“ овој простор, бидејќи  дозволуваат законските услови за бучава.  „Се стремиме, размислуваме …

Кандидатот за градоначалник на Карпош сака да прави „кафеана“ и од Кејот на Вардар Read More »

Синдикатот на новинарите бара повисока минимална плата – заради слобода на медиумите


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во време на општата дебата за висината на минималната плата смета дека е неопходно да го соопшти својот став кој недвосмилено е за зголемување на минималната плата. Ставот на ССНМ кореспондира со актуелните барања на дел од синдикатите и вели дека покачувањето е повеќе од ургентно. Корекцијата …

Синдикатот на новинарите бара повисока минимална плата – заради слобода на медиумите Read More »

Мали грчки острови размислуваат за можноста да воведат туристичка такса за еднодневните посети


Малите грчки острови Пакси и Итака во Јонското море, размислуваат за можноста да побараат воведување специјална такса за еднодневни посети на туристите поради прекумерниот туризам, следејќи го примерот на островот Сими, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Сими, малиот остров во непосредна близина на Родос и на турското крајбрежје, …

Мали грчки острови размислуваат за можноста да воведат туристичка такса за еднодневните посети Read More »

Гаши ќе ги распише изборите во петок или сабота


Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември. – Изборите ќе бидат распишани на …

Гаши ќе ги распише изборите во петок или сабота Read More »

Се апси по вторпат за „Илирида“, МВР и Обвинителството во акција


Секторот за внатрешни работи – Скопје во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје постапуваат по вчерашните националистичките скандирања на натпреварот Шкендија-Карабах на Националната арена „Тодор Проески“. Од преносот на натпреварот може да се слушне дека се извикува „Илирида“, додека дел од медиумите јавуваат дека се скандирало и „Голема Албанија“. За помалку упатените, Илирида е …

Се апси по вторпат за „Илирида“, МВР и Обвинителството во акција Read More »

11-годишно девојче прегазено на скопски булевар од млад возач


Млад возач со „ауди“ прегази малолетничка на скопски булевар.  – На 5.8.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани …

11-годишно девојче прегазено на скопски булевар од млад возач Read More »

Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад?


Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд, пишува порталот „Фактор“. Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање министер советник. Салим Сулејмани …

Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад? Read More »

Хелсиншки бара од МВР да постапи околу националистичките скандирања на натпреварот на Шкендија


Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, соопштија денеска оттаму. „И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините …

Хелсиншки бара од МВР да постапи околу националистичките скандирања на натпреварот на Шкендија Read More »

Вјоса Османи добила писмо од Трамп, и се заблагодарил за одлуката да примат 50 мигранти протерани од САД


Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност и пријателство“ кон САД и изразува желба за продлабочување на соработката во наредните години, објави косовското претседателство. Трамп напишал во писмото, според соопштението, дека одлуката на Косово да прифати граѓани од други земји ја покажува …

Вјоса Османи добила писмо од Трамп, и се заблагодарил за одлуката да примат 50 мигранти протерани од САД Read More »

И Гаши не ги слушнал скандирањата за „Голема Албанија“, навивачите биле „достоинствени“


  Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање,  настапија со националистичките извикувања. И овојпат натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието …

И Гаши не ги слушнал скандирањата за „Голема Албанија“, навивачите биле „достоинствени“ Read More »