Мицкоски: Идентификувавме 20 осомничени за пожарите


Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце. – Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на …

Мицкоски: Идентификувавме 20 осомничени за пожарите Read More »

Кос го впери прстот во балканските лидерите


Раководствата на земјите кандидати за членство во ЕУ ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес, изјави денеска во Брисел еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-ЕУ. – Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока, изјави Кос. Според неа, …

Кос го впери прстот во балканските лидерите Read More »

Русија месецов истрелала над 3.500 дрона и речиси 190 ракети кон Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалните мрежи соопшти дека во текот на месецов Русија истрелала повеќе од 3 500 беспилотни летала и речиси 190 ракети кон Украина. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски / Фото: Принтскрин (Архива) „Исто така, имаше провокации и против нашите партнери“, напиша тој на платформата Икс осврнувајќи се на неодамнешните руски …

Русија месецов истрелала над 3.500 дрона и речиси 190 ракети кон Украина Read More »

Србија подготвува задолжителна воена служба


Српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена, неодамна потврди началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ. – Започнавме со набавка на одредени материјални средства како што се униформи, како што се оружје, пресметки, трошоци, муниција за таа активност – изјавил началникот, додавајќи дека …

Србија подготвува задолжителна воена служба Read More »

Одложен новиот пакет европски санкции за Русија


Европската комисија денеска го одложи презентирањето на последниот пакет санкции против Русија бидејќи се бара одговор на барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Унијата да го забрза откажувањето од руската нафта и гас, соопштија во претставници на ЕУ. Комисијата утре требаше да им го претстави 19-тиот пакет санкции на амбасадорите на 27-те земји-членки …

Одложен новиот пакет европски санкции за Русија Read More »

Обвинувања од Нови Сад: Полицијата користела забранет боен отров?


Студенти од Природно-математичкиот факултет во Нови Сад тврдат дека полицијата, при интервенција во студентскиот кампус на 5 септември, употребила опасен CN гас — супстанца класифицирана како боен отров. Министерството за внатрешни работи на Србија остро ги демантираше овие тврдења, нагласувајќи дека не поседуваат такви средства. Од друга страна, воениот аналитичар Александар Радиќ смета дека фактот што биле …

Обвинувања од Нови Сад: Полицијата користела забранет боен отров? Read More »

СДСМ бара Мицкоски да одговара за ширење страв и паника


  СДСМ преку соопштение побара премиерот Христијан Мицкоски да одговара за ширење страв и паника оценувајжи дека за да си го спаси рејтингот, како ниету еден премиер досега, ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба . „Министериот Панче Тошковски во интервју за ‘360 сетепени’ призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се …

СДСМ бара Мицкоски да одговара за ширење страв и паника Read More »

Комисија на ОН: Израел врши геноцид


  Независна истражна комисија на ОН соопшти дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа. Во новиот извештај се вели дека постојат причини да се заклучи дека четири од петте дела на геноцид дефинирани со меѓународното право се извршени од почетокот на војната со Хамас во 2023 година: убивање членови на група, предизвикување големо физичко …

Комисија на ОН: Израел врши геноцид Read More »

Келог му рекол на Трамп дека Русија ја губи војната во Украина


Специјалниот претседателски пратеник Кит Келог изјави дека тој и претседателот на Здружениот генералштаб Дан Кејн неодамна го советувале претседателот Доналд Трамп дека Русија ја губи војната во Украина — бидејќи Москва има повеќе од 1 милион жртви, а зазела помалку од 1% од украинската територија од ноември 2022 година. „Ако Путин мисли дека Русија победува, …

Келог му рекол на Трамп дека Русија ја губи војната во Украина Read More »

Мицкоски зборува, Тошковски демантира


  Не може да се докаже поврзаност или организација меѓу пожарите во последниот период, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ. Сепак, останува сомнежот, како што вели Тошковски, поради тоа што пожарите се случија во краток временски период. „Засега не можеме да докажеме поврзаност или организација помеѓу настанатите …

Мицкоски зборува, Тошковски демантира Read More »

Мицкоски: Спречивме многу сценарија на центрите на моќ


Палењето на отпадите во Скопско, коишто се случуваат изминатиот период, се само дел од сценаријата на центрите на моќ внатре и надвор од државата кои имаат за цел да внесат немир, страв и паника кај граѓаните и да ѝ нанесат штета на Владата, изјави премиерот Хриситјан Мицкоски во интервју за ТВ Сител. „Ние како Влада …

Мицкоски: Спречивме многу сценарија на центрите на моќ Read More »

Рубио: САД се непоколеблива поддршка на израелските цели во Појасот Газа


  Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ерусалим вети „непоколеблива поддршка“ од Вашингтон за Израел во постигнувањето на неговите цели во Појасот Газа. – Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа иднина може да почне кога ќе биде елиминиран Хамас, истакна Рубио на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Рубио наведе дека …

Рубио: САД се непоколеблива поддршка на израелските цели во Појасот Газа Read More »

Шведскиот премиер го обвини Орбан за ширење на „одвратни лаги“


Шведскиот премиер Улф Кристершон го обвини унгарскиот колега Виктор Орбан за ширење на „одвратни лаги“ дека Шведска е пред колапс поради раст на организираниот криминал. – Тоа се одвратни лаги. Не е изненадувачки со оглед на тоа што доаѓаат од човек кој го демонтира владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните …

Шведскиот премиер го обвини Орбан за ширење на „одвратни лаги“ Read More »

ЗНАМ ги поднесе листите со кандидати за градоначалник и советници


ЗНАМ денес ги поднесе листите со кандидати за градоначалник и советници. Максим Димитриевски е кандидатот за градоначалник, а Ивана Ѓорѓиевска е носителка на листата на советници. Шеф на Општинскиот изборен штаб е Даниел Стојчевски, претседател на општинската организација. „По одлука на органите и телата на паријата едногласно е одлучено на престојните локални избори наш кандидат …

ЗНАМ ги поднесе листите со кандидати за градоначалник и советници Read More »

СДСМ нема кандидати во општини во кои нема шанси да победи


СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга и во тие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, …

СДСМ нема кандидати во општини во кои нема шанси да победи Read More »

Данела до Орце: Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач


По повиците каде е Данела Арсовска и зошто молчи додека се случува екоцид таа се јави на Фејсбук  си нои напади. „Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира …

Данела до Орце: Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници во Град Скопје


 ВМРО-ДПМНЕ излезе денес со листа на советници за Град Скиопје, тврдејќи дека кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во својот домен. Кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советотво Градот се:  Даме Димитровски Луке Галески Жаклина Шопова Мартин Стојановски Дејан Шишковски Весна Маркоска Сашо Кукески Василка Китановиќ Анета Марковска – Илиевска Мирдита Салиу Александар Николовски Славчо …

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници во Град Скопје Read More »

Шукова тврди дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците


 Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден …

Шукова тврди дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците Read More »

И таму ќе се делат: Во Тирана регистрирано здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“


Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ денеска го доби решението за регистрација во судот во Тирана, кое на претседателката Елена Симонофски и беше врачено од Албан Дурај, од адвокатското студио „Duraj Law Firm“ – Тирана. Веста ја објави Дурај кој на Симонофски и посакал успех во мисијата на оваа организација, која, како што наведува  се фокусира на заштита …

И таму ќе се делат: Во Тирана регистрирано здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ Read More »

Место Мицкоски повторно претседателката ќе оди на Генералното собрание на ОН


Претседателката Гордана Давкова Сиљановска и годинава ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации иако според практиката ротираат претседателот на државата и премиерот, така што овојпат во Њујорк требаше да отпатува Христијан Мицкоски. Според неофицијалните информации, премиерот Мицкоски се откажал од учество на Генералното собрание поради презафатеност со локалните избори. Претседателката Сиљановска-Давкова за „Слободен печат“ …

Место Мицкоски повторно претседателката ќе оди на Генералното собрание на ОН Read More »